јас го имав, и сеуште татко ми го вози, само во компакт верзија.
сосема солидно количе, моќноста не му баш најдобра, компактот го носи добро пошто е полесен,
ама во седан или караван, мое мислење дека е баш слаб за таа каросерија.
потрошувачката е тука некаде како што рече Даре, што е сепак многу малку,
дефекти....хммм.....ништо поразлично од другите, ако е добро одржавана тоа моторче може многу да истера.
не е скап за одржавање, но сепак нека обрати внимание прво на надворешен изглед нели,
друго, како пали и ладен и топол, може да се јават проблеми на потопната пумпа за гориво(најлесно ќе примети кога има малку гориво или на резерва)
и на бош пумпата, истотака и водната пумпа ако не е сменета со поновите со метална перка може голем проблем да направи.
другото е мање више исто како кај сите половни аута, предница и задница добра проверка.
сума сумарум сосема е солиден, без големи очекувања во перформанси, ама ќе те истера секаде без проблем.
единствениот проблем е што на караванот и седанот се повеќе малтретирани за сметка на слабиот мотор и голема тежина.