Здраво дечки, форумот е ТОП и има многу корисни работи.
Иначе, сакам да земам BMW 520i Е60 (најверојатно од Германија, ама има по некое и тука) со мануелен менувач. Ме интересира конкретно за овој мотор: предности, недостатоци, што да се провери на лице место (лично ќе одам), колку е захтевен за одржавање, реална потрошувачка итн. Тие што ги гледав на mobile.de се од 10/2003 до кај 03/2005 со цени од 6500 до 9000 евра. Дали оваа цена е во граници на нормала или не?
Секаква информација би ми била од корист.
Поздрав