Зависи што сакаш да направиш. Ако сакаш да пуштиш интернет на лаптопот преку ЛАН и преку рутерот, тогаш ќе ти требаат двата кабли - еден за од модем до рутер и другиот за од рутер до лаптоп.
А ако ќе се поврзуваш на интернет преку wifi, тогаш и не ти треба вториот кабел за од рутер во лаптоп. Доволен ти е само еден кабел за од модем во рутер.
Уобичаено рутерот пушта интернет на wifi/лан без подесување...
Ако пак немаш интернет, кога ќе се поврзеш со рутерот преку лаптопот (дали преку wifi или преку лан, небитно), треба да го конфигурираш рутерот. Куцаш 192.168.0.1 во урл барот од броузерот (ова мислам беше за тплинк ако добро се сеќавам), и таму ги подесуваш опциите за интернетот (mac clone, wireless name/password итн).