Автор Тема: Проблем со интернет конекција  (Прочитано 11593 пати)

Отсутен dezopp

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 50
Проблем со интернет конекција
« на: 13 Октомври 2015, 10:38:36 am »
Имам рутер од BOOM и претходно на истата WI FI мрежа ми беа конектирани сите телефони, лаптоп и десктоп компјутер . Но го ресетирав рутерот и сега при конфигурација на мрежата сите уреди се конектираат на WI FI но немаат интернет. Рутерот е TP- LINK. Што може да е проблемот?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Проблем со интернет конекција
« Одговори #1 на: 13 Октомври 2015, 10:42:24 am »
Веројатно ти се ресетирал со некои дифолт сетинзи за безбедност.

Претпоставувам дека треба да влезеш во админ делот на рутерот и да ги подесиш сетинзите одново.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен dezopp

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 50
Одг: Проблем со интернет конекција
« Одговори #2 на: 13 Октомври 2015, 10:44:05 am »
Влегувам во админ делот и ги местам сетинзите повторно со username и password кои тие ми ги дадоа и според упатството
http://www.one.mk/files/Documents/internet/Manuels/Manuel-TP-LINK.pdf
но и покрај тоа уредите се конетираат но немаат интернет

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Проблем со интернет конекција
« Одговори #3 на: 13 Октомври 2015, 10:47:27 am »
Значи компјутерот врзан на рутерот ти има нет, а ви-фито не работи, односно врзува уреди, ама како „мртва“ конекција...

Што знам, да расчепкаш поубаво во секјурити сетингс, некако ми смрди дека има некоја мака таму... Ако не, ваљда ќе види некој од поискусниве хаЌеришча па ќе понуди некој иљач.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен dezopp

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 50
Одг: Проблем со интернет конекција
« Одговори #4 на: 13 Октомври 2015, 10:55:28 am »
Токму така , десктопот врзан за рутерот има интернет, а уредите врзани преку wi fi се конектираат а немаат интернет.

Отсутен dezopp

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 50
Одг: Проблем со интернет конекција
« Одговори #5 на: 13 Октомври 2015, 11:14:17 am »
Дали може проблемот да е во VPI   VCI .  Тие вредности не ги наместив да бидат VPI=1 и VCI=32. Туку ги оставив default како што ми ги даде со ресетирањето на рутерот   

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Проблем со интернет конекција
« Одговори #6 на: 13 Октомври 2015, 12:56:30 pm »
И мене ме дупчеше истиот проблем. Ми го замениа стариот рутер од Телеком со друг и сега на десктопот немам интернАт.  Мислам дека го решив проблемот. 

Dezopp пошто си конектиран на вифи дали мрежата ти ја дава како Public или Home Network. Ако е Public промени ја во Home. Кај мене така успеа. Еве ти линк ако е до тоа.
http://www.sevenforums.com/tutorials/71408-unidentified-networks-set-private-public.html
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен dezopp

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 50
Одг: Проблем со интернет конекција
« Одговори #7 на: 13 Октомври 2015, 13:22:35 pm »
Пробав и со Home и со Private , и така и така е исто , нема интернет.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Проблем со интернет конекција
« Одговори #8 на: 24 Октомври 2015, 11:32:48 am »
Да не отварам нова тема, овде ќе си ја кажам маката  :)
Значи вака, со овој модем поврзан директно на лаптоп има интернет ама нема wifi, пробав секако со рутер да го поврзам ама нејќе. Погрешно поврзувам нешто или?  :-X

(поврзан со лаптоп)

(црниот кабел од рутерот неможам никако да го приклучам во модемот)


Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Проблем со интернет конекција
« Одговори #9 на: 24 Октомври 2015, 11:37:28 am »
Кабелот што искача од модемот треба да ти иде во плавата порта на рутерот.
Не знам зошто на првата слика ти е различно поврзано од другите слики...

Овие ствари не ги држи на парно, никако, поготово рутерот. Тој тплинк рутер џубре е невидено, со парното ќе го докрајчиш одма (иако ќе се поквари самото од себе после 3-4 години...)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Проблем со интернет конекција
« Одговори #10 на: 24 Октомври 2015, 11:45:19 am »
На првата слика, модемот е поврзан со лаптоп.
Погледни ја поубаво втората слика ке видиш дека белиот кабел од модемот е поврзан со плавата порта на рутерот.
Инаку само тој кабел треба да се поврзе така, не ми треба втор кабел?
Црниот или белиот (исти се) од модем во плава порта на рутер и тоа е тоа?  :)

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Проблем со интернет конекција
« Одговори #11 на: 24 Октомври 2015, 11:58:40 am »
Зависи што сакаш да направиш. Ако сакаш да пуштиш интернет на лаптопот преку ЛАН и преку рутерот, тогаш ќе ти требаат двата кабли - еден за од модем до рутер и другиот за од рутер до лаптоп.

А ако ќе се поврзуваш на интернет преку wifi, тогаш и не ти треба вториот кабел за од рутер во лаптоп. Доволен ти е само еден кабел за од модем во рутер.

Уобичаено рутерот пушта интернет на wifi/лан без подесување...
Ако пак немаш интернет, кога ќе се поврзеш со рутерот преку лаптопот (дали преку wifi или преку лан, небитно), треба да го конфигурираш рутерот. Куцаш 192.168.0.1 во урл барот од броузерот (ова мислам беше за тплинк ако добро се сеќавам), и таму ги подесуваш опциите за интернетот (mac clone, wireless name/password итн).

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Проблем со интернет конекција
« Одговори #12 на: 24 Октомври 2015, 14:26:07 pm »
Целта ми е да користам интернет преку wifi. Значи ми треба само еден кабел од модем до рутер. Чудно ми падна дека пробав секако и несака. Дали е цркнат рутерот оти свети само една сијаличка за напојување ваљда.  :)
Ај ќе пробам пак да видам што ќе направам. Фала многу  :)

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Проблем со интернет конекција
« Одговори #13 на: 24 Октомври 2015, 17:52:53 pm »
1. Провери дали имаш исправен рутер,
2. Рутерот треба да биде подесен на dhcp.
3. Можно е конекцијата да ти е лимитирана на една Mac адреса, таа на лаптопот.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Проблем со интернет конекција
« Одговори #14 на: 25 Октомври 2015, 08:21:08 am »
1. Провери дали имаш исправен рутер,
2. Рутерот треба да биде подесен на dhcp.
3. Можно е конекцијата да ти е лимитирана на една Mac адреса, таа на лаптопот.
ако е под број 3,тогаш ако имаш опција на рутерот Clone MAC address или нешто слично,направи така и би требало да е во ред.