Споредба на искуство со еден автомобил и друг автомобил. Клиото е купено ново, а не половно и е платено поскапо од Гољфот. Провери ги цените од 2006-та на Клио 1.6 бензин аутоматик со највисоко ниво на опрема и на Гољф 7 1.6TDI аутоматик од 2013 со средно ниво на опрема.
И споредбата е сосема валидна. Со што сакаш да го споредам Клиото, со мојата Фиеста од 2004-та, која помина повеќе km и која немаше ни 5% од проблемите на кантата од сестра ми. Со Фиестата проблем имав со рачките и сајлите за кревање на седишта кои два пати ги сменив, а не беа ефтини (по 100 евра еден сет) и сменив сет потисна плоча со ламела на 60000. Друго ништо немам чепнато.
Инаку Фиестата, кога ја продадов купив Мазда 6, сега сопственост на наш член. Од Маздата бев позадоволен отколку од Фиестата од други причини, а не поради доверливост. Беше поудобна, помоќна, поубава и поелегантна и имаше поубава вожња. За споредба на пример Шевролет Круз 2012 2.0CRDI(120kw) е подеднакво срање во однос на Маздата од 2005, колку што Клиото беше големо срање во однос на Фиестата. За една година и 40000km извозени на Крузот му се десија 15 дефекти на мотор (скинато црево на интеркулер, рикната турбина, рикнат комон рејл, рикната дизна, скинато друго црево од интеркулер, скршено казанче за антифриз, скинато црево за довод на гориво до комон рејл). На Маздата освен држач на мотор по 8 години експлоатација и кабли за свеќици (поради плинот) ништо друго не e променeто(освен тоа што редовно се менува на одредена километража).