Автор Тема: CARclub Тест: BMW 1 Series 118d Sport  (Прочитано 5652 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
CARclub Тест: BMW 1 Series 118d Sport
« на: 06 Октомври 2015, 11:13:37 am »






Мерак за возење, прекрасна шасија, седишта што би требало мандатно да се вградуваат во секоја кола. Тесничко позади, ама не ми е гајле.

А да, и значително е пролепшан. Генерално убаво изгледа, ама не е тоа што беше првиот Кец Купе.

http://www.carclub.mk/2015/10/06/test-bmw-1-series-118d-sport-dobredojdovte-vo-bavarija/

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: BMW 1 Series 118d Sport
« Одговори #1 на: 06 Октомври 2015, 11:20:23 am »
Навистина одлични седишта и седечка позиција. Треба да се воведе регулатива сите да се вакви. Од безбедносни причини - или како сакаат нека ги крстат.

А и омекнет куплунгот од порано што е огромен прогрес. Само рачката од менувачот треба да се замени со алуминиумско топче со барем 300 грама тежина. Од надвор не го коментирам воопшто.

Си ги вреди 19.000 евра колава.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: CARclub Тест: BMW 1 Series 118d Sport
« Одговори #2 на: 06 Октомври 2015, 11:46:38 am »
БМВ-во е супер Голф, со мерак би го имал за низ град и низ Македонијава :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: CARclub Тест: BMW 1 Series 118d Sport
« Одговори #3 на: 06 Октомври 2015, 11:48:41 am »
фино фино, за 19 ги даваат овие седишта?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг:
« Одговори #4 на: 06 Октомври 2015, 11:54:41 am »
За 34.000 ги даваат. Колку што и бараат евра за колава.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: CARclub Тест: BMW 1 Series 118d Sport
« Одговори #5 на: 06 Октомври 2015, 13:11:19 pm »
Ниската позиција на седиштето не е нешто ново. Или тешкиот волан. Или тешкиот куплуг. Или ориентираноста на сите инструменти кон возачот. Или идеално балансираната шасија. Или кусиот од на самиот менувач.....  ;D ;D ;D ;D

Не за џабе е ultimate driving machine.  8)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: BMW 1 Series 118d Sport
« Одговори #6 на: 06 Октомври 2015, 13:14:09 pm »
Овој пат куплунгот НЕ е тежок. :) Прогрес покажува ултимативната возачка машина. Добро е. :)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: CARclub Тест: BMW 1 Series 118d Sport
« Одговори #7 на: 06 Октомври 2015, 13:18:31 pm »
Овој пат куплунгот НЕ е тежок. :) Прогрес покажува ултимативната возачка машина. Добро е. :)

Споредено со други коли, или споредено со други БМВ-а?
Сите досега што ги имам возено, имаат релативно потежок куплунг од другите коли. На некои е бил потежок, полесен, но во секој случај потежок од на другите марки (ова е од лично искуство и чувство). За воланот, менувачот, педалот за гас, самото чувство е тврдо и стегнато.

Најмногу се осеќа кога се качам на друга кола. Сѐ се осеќа лесно, леко, меко и лабаво.  :)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: BMW 1 Series 118d Sport
« Одговори #8 на: 06 Октомври 2015, 13:21:19 pm »
Споредено со протходни варијанти е многу полесен и подобар за контрола. Слично како на VAG е сега, на пример. Само со поголем од, отколку кај VAG.

Категории подобро од порано.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: CARclub Тест: BMW 1 Series 118d Sport
« Одговори #9 на: 06 Октомври 2015, 13:56:06 pm »
Дефинитивно си вреди колава.... ама 34 бона ?!?!

Дени секоја чест, одлични фотографии.
Класен, за крај на годината едно списание CARclub со собрани сите тестови ???

ЕДИТ: Можда е подобро накај Мај/Јуни некаде, таман за на плажа, ама во стил на TOP SPEED, квалитетна штампа, да дојдат до израз фотографиите на Дени.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: BMW 1 Series 118d Sport
« Одговори #10 на: 06 Октомври 2015, 14:14:06 pm »
Хм....
Хмммм.....

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: CARclub Тест: BMW 1 Series 118d Sport
« Одговори #11 на: 06 Октомври 2015, 15:32:52 pm »
Дефинитивно си вреди колава.... ама 34 бона ?!?!

Дени секоја чест, одлични фотографии.
Класен, за крај на годината едно списание CARclub со собрани сите тестови ???

ЕДИТ: Можда е подобро накај Мај/Јуни некаде, таман за на плажа, ама во стил на TOP SPEED, квалитетна штампа, да дојдат до израз фотографиите на Дени.


ЛАЈК! ГОЛЕМ ЛАЈК!


Иначе ептен ми е мило што го сменаа изгледот на количево. Mk2 беше гној (естетски зборам).

Мене ми изгледа топ.

Good job BMW!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: CARclub Тест: BMW 1 Series 118d Sport
« Одговори #12 на: 06 Октомври 2015, 15:35:05 pm »
Држи во кривини ко лудо, одлично осветлување на патот, супер изолирано од надворешноста и прекрасни, апсолутно прекрасни седишта. Веројатно седнав во совозачкото седиште одма после Дени (кој го мести баш за дремка) и ептен убаво и пријатно беше возењето.

Ми смета што е ружно, дури и навечер. Ми сметаат глупите пазарски Sport знакчиња. Ми смета што во таа Sport варијанта е дигнато ко џипче и има 16ки бандажи. Ама седиштата мислам дека ги неутрализираат овие фалинки.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: BMW 1 Series 118d Sport
« Одговори #13 на: 06 Октомври 2015, 15:55:06 pm »
Супер е количево особено ако бараш возило со многу добри возни карактеристики. Ама бандажите... не дека се 16-ки ама ептен се грди, барем вака на слика.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: CARclub Тест: BMW 1 Series 118d Sport
« Одговори #14 на: 06 Октомври 2015, 17:00:37 pm »
Седиштата се излезени од големите порти на рајот, да го просветлат и прегрнат секој што ќе се смести напред. Прекрасно ниско седење и совршена странична потпора. Ентериерот е типичен BMW - со одличен квалитет и конзервативен дизајн. Без М-Пакет покултурно изгледа кога е во потемна боја, додека со него може во било која.