Значи вака сега после некое време поминато во читање на теми од овај тип на форумот и после читање на теми од возила на членови, еве и јас отворам тема за мене за она што ќе ми треба.Значи подобро е да си прашам совреме за што како да соберам корисни информации за да не имам после главоболки.Ако може да се каже така сепак се работи за половно возило.
Еве дел од критериуми кој треба да ги исполнува:
-моќност до 66kw, ќе треба и брат ми да го вози кој е возач почетник.
-гориво БЕНЗИН СТРИКНО.Не сакам да платам повисока стартна цена, како и трошоци повисоки за одржавање и плус од Битола сум па тука знае да се заборави зимата па да му ја мислам дали ќе запали или не.Не фала, дизел не сакам.
-портошувачка под 10 литри да биде реални во градски услови.Сепак претежно ќе се вози низ град колата и чат-пат до Скопје поради обврски.
Опрема убаво е да има клима која ќе функционира, серво, централно, електрика на прозори, воздушни перници, абс и есп.
35 врати не е многу битно.Важно да не е караван.
Основен сервис течности,плочки, филтри да не биде преку 150евра.
Горе - долу тоа би било.
Буџет:3000 евра, што во превод би значело кола од 2000-2500 и кусуро за тоа што следи: сервис, гуми, регистрација ако има потреба.
Разгледувам што има по огласи и пробав нешто до сега возев два rebault menage, уствари само едниот го пробав, другиот кога го видов не ни го повозив.Пробав и punto 1.2 16v ама воопшто не ми се допадна како се справува со дупките по битолските улици.
Мене желба ми е за Хонда да возам.Цивик со 1.5 v VTEC само не го исполнува првиот кртериум а и ретка е да се најде, небаре црнец космонаут барам...ретко кој да де реши да продава хонда.Пробав една ама беше од 95та и моделот како ровер 400 серија, не е тоа вистинска хонда.
Разумен избор би била Opel astra G.Ги исполнува скоро сите критериуми.И од она што напишале rakun4e I diesel не е баш скапа за одржавање.Ми ги препорачаа верзите со 1.2 мотор со ланче, бил многу позидржлив тој.
Или друга варијанта разумна би била поново помало некое од типот на corsa, Clio, 206...
Мислам дека добро ја сработив домашната задача, па сеа добредојдени се предлози или препораки за конкретен модел заедно со се трошоци за истиот ако сум пропуштил нешто.
Само без предлози од типот на земај Гољф дотурај масло само и вози....
Добредојдени се коментари со мании познати на конктретните модели и мотори.Секоја корисна информација е добредеојдена.
Ви благодарам.