Автор Тема: Peugeot 206 1.4 55kw 2002  (Прочитано 6206 пати)

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Peugeot 206 1.4 55kw 2002
« на: 25 Септември 2015, 11:47:51 am »
Ајде да ја претставам четвртата кола за четири години, белким ќе се погоди оваа. Пред да ја претставам колата едно мало интро. Некој знаете  некој не, прво купив форд пума, ама ќерка ми беше на пат и ја продадов за да купам кола со 4/5 врати па купиф голф 4 1.9  тди. По една година на голфот дојде за сервис комплет квачило (двомасен замаец, ламела, потисна, друк лагер, околу 1000 евра со работна рака), откажа клима компресорот, откажаа сите брави и сите прозорци, во ентериерот светлото не работеше. При продажбата не изгубив многу зошто од кал да е голф да е. После купив нисан алмера 1.5 бензинец од автоцентар тетово, воедно и предупредување до сите да бегате од тој плац како од чума. При преглед на колата што од еуфорија што од  долгата потрага по кола не ја проверив во багажот, задницата на колата беше тоталка направена, а и моторот трошеше многу масло, па ја продадов за среќа со минимална загуба. После три месеци потрага жена ми ја најде 206-кава на оглас, се слушнав со човекот отидов до демир хисар и ја купив. Толку од воведот сега да преминам на колата.

Се работи за Пежо 206 со следниве карактеристики:

-година на производство 2002
-километри поминати 208000
-мотор 1.4 бензин со 55 киловати

Од опрема колата има:

-клима, воздушни перничиња за возач, совозач и странични, фабричко радио со цд со команди на волан, серво волан, централна брава ама на клуч нема далечинско, алуминиумски бандажи борбет 14-ки и други стандардни работи, да не набројувам ќе почне да звучи како оглас  :).

Колата е увезена од германија од прв газда, со колата човекот ми го даде и огласот од мобиле.де испринтан. Ја возам некој си 2 месеци и е во одлична состојба, но сепак превентивно ги направив следниве сервиси:

-акумулатор монбат 50 ампери 2700 денари
-компјутерска дијагностика 500 денари
-сет ребраст каиш и затегач СКФ 4050 денари
-пк каиш СКФ 1030 денари
-водна пумпа СКФ 2590 денари
-масло елф 10/40 1000 денари
-филтер за масло 450 денари
-филтер за воздух 450 денари
-филтер за полен 800 денари
-свеќици нгк 1000 денари
-антифриз валео 900 денари
-лагер за пк каиш ина 1880 денари
-вилушка 2800 денари
-плочки 1300 денари
-стабилизатори 1600 денари
-работна рака 3000 денари
-патосници гледринг гумени типски за 206 од самад 1800 денари

Досега се ме кошташе, 2250 евра колата + 50 евра нотар и патни трошоци + 200 евра прва регистрација + 450 евра сервиси = вкупно 2950 евра

Пред да ги правам сервисите направив комплетна дијагностика, километрите беа реални во колата беа внесени сите сервиси со датум и број на километри, а моторот си работеше во оптимални перформанси. Во овие 2 месеци сум многу задоволен, сосема ми ги задоволува потребите за фамилјарно возило, иако се работи за мало градско возило. Потрошувачката е околу 8 литри градска со 6 литри на отворено +- 0,5 литри. Има одлична амортизација за мало возило, доволна комоција, на нагорнини добро си повлекува и со уклучена клима. За иднина планирам да земам уште едни бандажи 15 или 16 инчи за летни гуми овие ќе останат за зимски, на пролет здравје ќе ги затемнам стаклата, некое добро издувче, откако ќе ставам поголеми бандажи ќе размислам за спуштање, да го заменам или средам воланот, да средам некој каросериски гребаници и тоа би било. За плин не размислувам поминувам само 5000 километри годишно, не ми се исплати да жртвувам багажен простор и 500 евра.  Во продолжение и некоја слика по дождливиов ден, со бериќет да е  :D
















Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Peugeot 206 1.4 55kw 2002
« Одговори #1 на: 25 Септември 2015, 11:57:15 am »
Со здравје да си ја возите.
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг:
« Одговори #2 на: 25 Септември 2015, 13:32:37 pm »
Нек се угoде.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14242
  • Пудингот на шоферството
Одг: Peugeot 206 1.4 55kw 2002
« Одговори #3 на: 25 Септември 2015, 13:35:29 pm »
Со здравје да се вози.Од Бале да не ја купи?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен marchesk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг:
« Одговори #4 на: 25 Септември 2015, 13:38:51 pm »
Со здравје возење! Фино изгледа. :)

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3896
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг:
« Одговори #5 на: 25 Септември 2015, 14:20:55 pm »
Со здравје возење!

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7794
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #6 на: 25 Септември 2015, 14:26:38 pm »
Со здравје да си ја возиш и овој пат нека се погоди.

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Peugeot 206 1.4 55kw 2002
« Одговори #7 на: 25 Септември 2015, 14:39:37 pm »
Фала на сите и јас се надевам ќе се погоди, ми се смачи од продавање и барање коли.
Мече од Бале ја купив, имаше кај него во моментот две сеат ароси дизел и едно фиат пунто 1.9 jtd, не знам дали ги шминкат коливе ама посочувани коли од увоз немам видено досега и за една недела ги продаде, ми остави впечаток на фин човек и би го препорачал ако некој сака да купува кола од кај него.

Отсутен vampo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
  • You miss 100% of shots you never take
Одг: Peugeot 206 1.4 55kw 2002
« Одговори #8 на: 25 Септември 2015, 14:40:12 pm »
Ајде 4-то па Пежо! За убаво да се вози, до миљон и назад!
Сервис каде правеше, Еуроимпекс?

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Peugeot 206 1.4 55kw 2002
« Одговори #9 на: 25 Септември 2015, 14:49:27 pm »
Од Охрид сум го правев кај еден пријател, за жал веќе 5-6 години во Охрид нема овластен сервис и продажба на пежо возила, а беше еден од појаките.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1104
Одг: Peugeot 206 1.4 55kw 2002
« Одговори #10 на: 25 Септември 2015, 14:59:27 pm »
Од Охрид сум го правев кај еден пријател, за жал веќе 5-6 години во Охрид нема овластен сервис и продажба на пежо возила, а беше еден од појаките.

Мислиш од полошите сервиси, какви негативни искуства со нив имам можам роман да напишам......за сервис во Охрид само Игор, што беше до KIA на железничка, сега е во ЖАС кај Отекс, Црна Река.
И Стерјо Бато кај Григор Прличев

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14242
  • Пудингот на шоферството
Одг: Peugeot 206 1.4 55kw 2002
« Одговори #11 на: 25 Септември 2015, 15:15:24 pm »
Фала на сите и јас се надевам ќе се погоди, ми се смачи од продавање и барање коли.
Мече од Бале ја купив, имаше кај него во моментот две сеат ароси дизел и едно фиат пунто 1.9 jtd, не знам дали ги шминкат коливе ама посочувани коли од увоз немам видено досега и за една недела ги продаде, ми остави впечаток на фин човек и би го препорачал ако некој сака да купува кола од кај него.
Ако зборуваме за истиот Бале-Бале К.(да не случајно улета друг Бале) вујко мие и не чепка по колите ништо(бар не тука),дали Германија некој нешто правел,шминкал тоа е друго.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Peugeot 206 1.4 55kw 2002
« Одговори #12 на: 25 Септември 2015, 16:00:48 pm »
Стефанел немам искуство со јолекс, имав впечаток на добар опремен сервис, ама друго е од искуство ко ќе слушниш. Јас колите ги сервисирам години во рено сервисот во рача (не се овластени за рено) за механика посебно за француски коли се одлични, за електрика се знајт кај славик. Пошто си охриѓанец зачлени се во групава
https://www.facebook.com/groups/122859407818372/ па и да се видиме на кафе некогаш.
Мече за истиот Бале прајме муабет, ќе го поздравиш многу вујко ти и речи му алал да му се парите.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1104
Одг: Peugeot 206 1.4 55kw 2002
« Одговори #13 на: 25 Септември 2015, 16:26:28 pm »
Стефанел немам искуство со јолекс, имав впечаток на добар опремен сервис, ама друго е од искуство ко ќе слушниш. Јас колите ги сервисирам години во рено сервисот во рача (не се овластени за рено) за механика посебно за француски коли се одлични, за електрика се знајт кај славик. Пошто си охриѓанец зачлени се во групава
https://www.facebook.com/groups/122859407818372/ па и да се видиме на кафе некогаш.
Прво се извинувам заборајв да ти речам со здравје да ја возиш...добар избор во секој случај.........
А колку за славик , момаците се таленти за пежи и цитроен електроника, ептен се добри..........а обавезно ке се зачленам и ќе пиеме каф
е

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Peugeot 206 1.4 55kw 2002
« Одговори #14 на: 25 Септември 2015, 16:39:13 pm »
Врти сучи, количето околу 3000 е ти испаднало.
Јас кога викам дека мојата, односно на женами 206-чето не би го дал испод 3200 евра, луд ме прават. Количето си има 80К километри, и е стакло. Има потекло до детал, + клучеви со далечинско, и двата се.
:)
Како год, овие мотори имаат многу километри во нив за возење.
Ако му ставиш и плин, ке се убиеш од возење.
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.