Ајде да ја претставам четвртата кола за четири години, белким ќе се погоди оваа. Пред да ја претставам колата едно мало интро. Некој знаете некој не, прво купив форд пума, ама ќерка ми беше на пат и ја продадов за да купам кола со 4/5 врати па купиф голф 4 1.9 тди. По една година на голфот дојде за сервис комплет квачило (двомасен замаец, ламела, потисна, друк лагер, околу 1000 евра со работна рака), откажа клима компресорот, откажаа сите брави и сите прозорци, во ентериерот светлото не работеше. При продажбата не изгубив многу зошто од кал да е голф да е. После купив нисан алмера 1.5 бензинец од автоцентар тетово, воедно и предупредување до сите да бегате од тој плац како од чума. При преглед на колата што од еуфорија што од долгата потрага по кола не ја проверив во багажот, задницата на колата беше тоталка направена, а и моторот трошеше многу масло, па ја продадов за среќа со минимална загуба. После три месеци потрага жена ми ја најде 206-кава на оглас, се слушнав со човекот отидов до демир хисар и ја купив. Толку од воведот сега да преминам на колата.
Се работи за Пежо 206 со следниве карактеристики:
-година на производство 2002
-километри поминати 208000
-мотор 1.4 бензин со 55 киловати
Од опрема колата има:
-клима, воздушни перничиња за возач, совозач и странични, фабричко радио со цд со команди на волан, серво волан, централна брава ама на клуч нема далечинско, алуминиумски бандажи борбет 14-ки и други стандардни работи, да не набројувам ќе почне да звучи како оглас
.
Колата е увезена од германија од прв газда, со колата човекот ми го даде и огласот од мобиле.де испринтан. Ја возам некој си 2 месеци и е во одлична состојба, но сепак превентивно ги направив следниве сервиси:
-акумулатор монбат 50 ампери 2700 денари
-компјутерска дијагностика 500 денари
-сет ребраст каиш и затегач СКФ 4050 денари
-пк каиш СКФ 1030 денари
-водна пумпа СКФ 2590 денари
-масло елф 10/40 1000 денари
-филтер за масло 450 денари
-филтер за воздух 450 денари
-филтер за полен 800 денари
-свеќици нгк 1000 денари
-антифриз валео 900 денари
-лагер за пк каиш ина 1880 денари
-вилушка 2800 денари
-плочки 1300 денари
-стабилизатори 1600 денари
-работна рака 3000 денари
-патосници гледринг гумени типски за 206 од самад 1800 денари
Досега се ме кошташе, 2250 евра колата + 50 евра нотар и патни трошоци + 200 евра прва регистрација + 450 евра сервиси = вкупно 2950 евра
Пред да ги правам сервисите направив комплетна дијагностика, километрите беа реални во колата беа внесени сите сервиси со датум и број на километри, а моторот си работеше во оптимални перформанси. Во овие 2 месеци сум многу задоволен, сосема ми ги задоволува потребите за фамилјарно возило, иако се работи за мало градско возило. Потрошувачката е околу 8 литри градска со 6 литри на отворено +- 0,5 литри. Има одлична амортизација за мало возило, доволна комоција, на нагорнини добро си повлекува и со уклучена клима. За иднина планирам да земам уште едни бандажи 15 или 16 инчи за летни гуми овие ќе останат за зимски, на пролет здравје ќе ги затемнам стаклата, некое добро издувче, откако ќе ставам поголеми бандажи ќе размислам за спуштање, да го заменам или средам воланот, да средам некој каросериски гребаници и тоа би било. За плин не размислувам поминувам само 5000 километри годишно, не ми се исплати да жртвувам багажен простор и 500 евра. Во продолжение и некоја слика по дождливиов ден, со бериќет да е