Тргнав по нови брисачи на бензинска, заприметив дека продваат гумици само, ја напраив влашката, ги менав сите три за вкуоен трошок од 129 денари 😂 Префрлив едно иљадарче од едниот во другиот џеп.
Возачкиот беше некој Вурт издржа 2 години и почна да мачка, зедов да го зачистам се скина.. Совозачкиот беше уште оригиналот Валео чистеше океј, се правев паметен ќе ги чистев го скинав на крајот и него, задниот мачкаше години.
Гумиците Праксис ги намонтирав на фабричките Валео брисачи, само еден осигурач со запци го префрлив од старата гумица на новата за да не мрда.
Задниот е мн мал, го искористив потскинатиот совозачки, секако е пола од димензијата имав за сечење.
Можи да речам дека бришат како од фабрика, колку ќе потраат ќе видиме.
Фабричките Валео немаат метлици како вуртот, се вадат тие крајчињата, ја пикаш гумицата во шина,сечиш на димензија, кримпосуваш со осигурач и ги ставаш пак краевите. 5 минути работа за све.
Сеа кога ќе попуштат ќе експериментирам со гумици од Тему/Алиекспрес.



