Автор Тема: Проблем при ладен старт  (Прочитано 13920 пати)

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Проблем при ладен старт
« на: 22 Септември 2015, 17:21:41 pm »
Здраво имам Шевролет Авео 1.2 72кс од 2006. При палење на ладно возило, невозено 24 часа, пали од 5ти пат. Првиот пат само вергла, после 10тина секунди пауза пали ама по 3-4 секунди гасни и така неколку пати се додека на 4-5 пат не запали. После нема никаков проблем ни во лер ни во возење. Кога ја купив, ноември 2014, палеше од втора, меѓутоа кога и вградив плин по одредено време се појави проблемов. Ја однесов на мајстор и го заменија филтерот за гориво, го исчистија лептирот за лер гас, го подесија лергас моторчето, и мајсторот ми даде адитив за дизни на CRC. Адитивот беше за 60 литри но по препорака од мајсторот го ставив на половина резервоар и тоа гориво во рок од една недела го извозев. По ставањето на адитивот колата палеше од прва меѓутоа по 2 месеци проблемот повторно се врати. Ставив Винсов адитив на полн резервоар, така и беше пропишано, ама не ми помогна. Дали да ја носам на ултразвучно чистење на дизните и каде?

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Re: Проблем при ладен старт
« Одговори #1 на: 22 Септември 2015, 23:55:41 pm »
Дали си ја пробал да ја запалиш на плин директ?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем при ладен старт
« Одговори #2 на: 23 Септември 2015, 00:34:42 am »
Истиов проблем го имаат компија со Голф 5 1,4 бензин и колега со Меган 1.4
Чудна работа што се се случува во исто време. Да не сте полнеле сите од иста бензинска неко исто ѓубре?

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: Проблем при ладен старт
« Одговори #3 на: 23 Септември 2015, 08:25:39 am »
Истиов проблем го имаат компија со Голф 5 1,4 бензин и колега со Меган 1.4
Чудна работа што се се случува во исто време. Да не сте полнеле сите од иста бензинска неко исто ѓубре?
Најчесто полнам на Макпетрол во влае 95. Сега планирам да пробам со 100.

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: Проблем при ладен старт
« Одговори #4 на: 23 Септември 2015, 08:28:05 am »
Дали си ја пробал да ја запалиш на плин директ?
Не сум пробал. Како се пали директ на плин. Имам Lovato Easy Fast Smart плински уред. Инаку подобро работи кога ќе префрли на плин.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #5 на: 23 Септември 2015, 08:40:47 am »
Пред да дадеш контакт за палење стисни го копчето за плин, држи го, дај контакт и верглај со притиснато копче додека да запали.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Проблем при ладен старт
« Одговори #6 на: 23 Септември 2015, 10:05:53 am »
Пред да дадеш контакт за палење стисни го копчето за плин, држи го, дај контакт и верглај со притиснато копче додека да запали.
додека го држиш, пред да почнеш да верглаш, неколку секунди е додека да се запали сијаличето за плин, па тогаш верглаш...

да нагласам дека е можно и на нај добро средениот мотор, да не запали од прва на плин... треба да се наполнат цревцињата со плин понекогаш, пред да запали...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Проблем при ладен старт
« Одговори #7 на: 23 Септември 2015, 11:17:09 am »
Муабетот ми беше, да не влага негде воздух во системот за бензин, па му треба верглање додека повлече. Јас кога ја сменив бензинската пумпа, не сакаше да запали дека имаше воздух од вадењето. Па ја запалив директно на плин, поработе малце додека го изврти бензинот, па после од прва си запали.

Пробај, ништо не може да се изгуби :)

Истиов проблем го имаат компија со Голф 5 1,4 бензин и колега со Меган 1.4
Чудна работа што се се случува во исто време. Да не сте полнеле сите од иста бензинска неко исто ѓубре?
Најчесто полнам на Макпетрол во влае 95. Сега планирам да пробам со 100.

И смени ја таа од влае, мене вентили ми штракаа после полнење во влае и еднаш на таа кај соборна.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем при ладен старт
« Одговори #8 на: 23 Септември 2015, 21:37:13 pm »
Шо има врска штракањето на вентилите со горивото болан?

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг:
« Одговори #9 на: 23 Септември 2015, 22:06:28 pm »
Izmestena e benzinska mapa poradi plinot

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: Проблем при ладен старт
« Одговори #10 на: 24 Септември 2015, 15:25:30 pm »
Izmestena e benzinska mapa poradi plinot
Каде да ја однесам заради вакво подесување.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Проблем при ладен старт
« Одговори #11 на: 24 Септември 2015, 15:56:44 pm »
Izmestena e benzinska mapa poradi plinot

Да појасниш ако не ти е тешко, како е ова возможно?

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Проблем при ладен старт
« Одговори #12 на: 24 Септември 2015, 16:16:44 pm »
Шо има врска штракањето на вентилите со горивото болан?

Пред полнење беше добро (на резерва), после полнење штракаа, после дополнување од друго место не штракаа :)

Izmestena e benzinska mapa poradi plinot

Во тој случај би требало да запали на плин добро.

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: Проблем при ладен старт
« Одговори #13 на: 24 Септември 2015, 16:30:25 pm »
Кога е колата загреана, возена па потоа оставена неколку саати, пали од прва.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #14 на: 24 Септември 2015, 16:40:02 pm »
И проба на плин да ја запалиш?