абе вака иде монтажа и атест на едно возило:
го оставаш сабајлето во плимонт, си идеш од кај нив и со сообраќајната правец на технички да ти “констатираат“ дека имаш плински уред иако возилото воопшто не е кај нив. со констатацијата (зелениот лист од технички) идеш во телевизија и земаш упат за атест за онаму кај што ке ти кажат од плимонт, бидејки они имаат договорено со сите атестни компании да прават атест кај нив во гаража, уште не изелзено возилото, а во корелација со тоа кои се тој ден на атест кај нив. јас преферирам тоа да биде псс, бидејки имаат они и технички и мвр за сообраќјна и се што е потребно... попладнето си ја зимаш колата од плимонт и идеш во псс пред злокуќани. тука им е атестниот дел за плинови и фолии. влагашвнатре и си завршуваш работа ОДМА, т.е. за некои си 20-30 минути, т.е. им даваш документите, седнуваш во кафичот, пиеш кафе, дотрчува некој да ти ги даде полуспремените документи да ги ипотпишеш, ти седечки на маса го правиш тоа, после 10-тина минути те викаат на шалтер да си платиш и да си ја земеш сообраќајната.... за еден ден имаш и вграден плински уред, и атест а во периодот додека чекаш колата да ти е готовоа имаш време да заседнеш во кафана неколку саати (или да си бркаш други работи)...