Автор Тема: CARclub Тест: Dacia Dokker Stepway  (Прочитано 14973 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг:
« Одговори #30 на: 20 Септември 2015, 01:03:21 am »
Sekoj denar vredi za voziloto. Treba da se napravi paralelen test so direkten konkurent, pa da se davaat sporedbi. Ili pak da si gi vozel podolgo vreme poveketo od niv. Samo taka testot ke bide objektiven. Vo sekoj drug pogled ke bide vozilo na metar...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Dacia Dokker Stepway
« Одговори #31 на: 20 Септември 2015, 09:20:26 am »
Возилото е возило на метар. Секое буџет возило е возило на метар. Замислени се да бидат такви, дизајнирани се да бидат такви, направени се да бидат такви.

And there's nothing wrong with that. Ама да се убедуваме дека не е така е срамота.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Dacia Dokker Stepway
« Одговори #32 на: 20 Септември 2015, 09:38:35 am »
Ова не е доставно возило како Кеди или Румстер, само по буџет верзија?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг:
« Одговори #33 на: 20 Септември 2015, 09:52:30 am »
Ме интересира како е ова возило заштитено од корозија..

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: CARclub Тест: Dacia Dokker Stepway
« Одговори #34 на: 20 Септември 2015, 11:27:56 am »
Рачунај дека е исто како и Рено.
Ако ја разгледаш внатрешноста детално, поточно во наш салон за продажба, ке видиш дека е исто со Рено Каптур, Клио, и многу подобро од Твинго.
Меган е друга приказна.
Почнувајќи од ракетите, инструментите, радиото, рачки, прекинувачи, во 90% се исти со набројаните.

На 100% од деловите (подвозје, мотор, стакла, каросерија пишува РЕНО)

Истово возило во други земји од светов се продава под името РЕНО. Потполно истото.



Да го нема знакот Дачија, него НИСАН, пошто е истата групација на возила, коментарите и рецензиите ке беа 80% различни.
Односно тоа ке беше овака: Прекрасен баланс помеѓу квалитетно и ефтино, секоја чест на Нисан и неговите инжинери. Достапно и за оние со поплиток џеп.
За разлика од погорниот: Возило на метро :)

----------
Јас не викам дека ова е највисока класа на пикап возила, не го ни бранам.
Едоставно многу долго време возев - Фиат Добло, Цитроен Берлинго, Цитроен Немо.
За трите набројани Докерот е Мерцедес. Прво во удобност, второ во товарен простор, трето што во сериска опција нуди две лизгачки врати, четврто во торкот што го нуди неговиот мотор со 90кс.

Ако у игра го ставиме Кедито, за 5000 евра повеќе и мора да биде класа над него.
Инаку ке биде исто што е и Голф.

Ако пролистате по јутјуб, ке видите со кои возила директно го споредуваат:

И на крајот искрено.
Тест на вакви возила треба да прави човек кој има искуство и кој ги има возено подолго време истите.
Во спротивно секое мислење кое ке го даде е само споредба со некое возило - патничко како на пример, односно нема изградено критериум по кој може да ги оценува или да дава објективни коментари.
Некој кој не возел претходно возило од оваков тип, може да каже дека столбот на задните врати му смета. Точно. Сите возила во оваа класа го имаат тоа. Намена, утовар. Сите оние кои имаат задна врата која се отвара нагоре немаат практичност. На видеото може истото да се види.
Бука?
Возила наменети за работа, зарем од нив треба да очекуваме дека ке се возиме во луксузно ауди или бемве?

И да не бидам разбран погрешно, а и некој да не се почувствува навреден.
Ова е само мое лично мислење.

Предлагам @zeroSignal да земе да вози уште неколку овакви возила.
Почнувајќи од горе набројаните. Па да видиме какво ке биде неговото мислење одкако ке извози неколку исти возила од оваков калибар.

Инаку не се сомневам дека да имаше Ц категорија (можеби и има),  ке извозеше и некој камион. 
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Dacia Dokker Stepway
« Одговори #35 на: 20 Септември 2015, 11:46:32 am »
Внатрешноста на ова:


И ова:


Е иста?

Од Добло е подобар, да.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Dacia Dokker Stepway
« Одговори #36 на: 20 Септември 2015, 13:05:48 pm »
Сега тазе возев Рено Твинго, внатрешноста му е светлосни години подобра. И на Клиото беше значително подобра. Компаративно со ова ми е Mercedes Citan (исто базирано на Кангу, истиот мотор) што го возев пред 2-3 години, и си имаше фини елементи во ентериерот кои Докеров ги нема. Јебига, Мерцедес е, ама базирано е на истата кола.

Сум возел и Фиат Добло, (одамна) сум возел и патничко Берлинго (од првата генерација) и внатре ми беше значително покомотно од Докерот.

Да беше Нисан ова, немаше да дозволат Јапонците да излезе од фабрика. Да не си играме играчки.

Како и да е, балансот е и тука постигнат. Конкретно, Докер Степвеј е наменет да биде и фамилијарно и службено возило. И за вложените пари (конкретната каталошка цена на тестираниот модел е 16.500 евра) се добива многу метал, тука нема муабет. Се добива и многу опрема - блутут, мутут, фини работи. Ама се гледа и каде е штедено за да може да се добие толку многу метал.

Нејсе, комплетно ми ја утињаш поентата. Јас не го ругам Докерот - напротив, јас сум импресиониран - колата ги надмина моите очекувања. Да те потсетам, сум бил и во фабриката на Дачиа и сум видел како се склапаат колите. Јас немам ништо против Дачиа. Едноставно кажувам мое субјективно мислење базирано на изградено искуство со многу различни возени возила од многу различни категории.

За некои работи не се слагаме. Јебига, различни ставови. Не е тоа страшно.

Да, задниот столб смета. Јасно ми е зошто е така решено, ама смета. Глупаво е да кажувам дека не смета. Смета. Си има причина, ама смета.

Бука? Има бука. Оправдување дека е „службено товарно возило“ е (според мене) сосема утнато. Далеку од тоа дека треба да биде луксузно возило, ама за возило чија што намена е годишно да помине ~100.000-150.000 километри на отворен пат, па пи*ка му материна, треба да има колку-толку изолација. Да не попушти нервно возачот. Во град е сосема океј. Нема бука, фино и комотно се вози по нашиве улици, прилично е стабилно (и покрај големата висина) и генерално е просторно, практично и релативно добро заштрафено.

Значи да се разбереме. Јас не ја ругам Дачиата. Напротив. Само ги истакнувам работите кои јас ги забележав, и на кои што не гледам низ розеви очила бидејќи сум се одлучил да купам такво. As simple as that.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: CARclub Тест: Dacia Dokker Stepway
« Одговори #37 на: 20 Септември 2015, 15:30:22 pm »
Значи да се разбереме. Јас не ја ругам Дачиата. Напротив. Само ги истакнувам работите кои јас ги забележав, и на кои што не гледам низ розеви очила бидејќи сум се одлучил да купам такво. As simple as that.

Не викам ја ругаш, него некако имаше многу негативен став, кој со последниов пост е спротивен од претходно.

@Deni
Споредбата ти е супер :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: CARclub Тест: Dacia Dokker Stepway
« Одговори #38 на: 20 Септември 2015, 15:55:29 pm »
И со двајцата донекаде се согласувам иако повеке со Сале, дали сте виделе што нуди конкурент за истата сума по каталог, на пример берлинго или добло?

Сепак каде беше дачиа и каде е, е одлично иако потценета сеуште барем кај нас.

И те како би размислил за duster кога би земал нова кола. Малце не ми е најпривлечна внатрешноста ама спремен сум за компромис

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Dacia Dokker Stepway
« Одговори #39 на: 20 Септември 2015, 17:11:43 pm »
Не викам ја ругаш, него некако имаше многу негативен став, кој со последниов пост е спротивен од претходно.

Во што е мојот став спротивен од претходно?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: CARclub Тест: Dacia Dokker Stepway
« Одговори #40 на: 20 Септември 2015, 17:16:23 pm »
И уствари Дачиа гради име сега за сега(ако можи да се кажи така),неможи а и нема никогаш да влезе во ценовен ранг и да нуди квалитетни материјали како поскапите конкуренти.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: Dacia Dokker Stepway
« Одговори #41 на: 20 Септември 2015, 18:39:24 pm »
Пошто имам рено а кога ја гледам дачијава, значи секој модел во внатрешноста користи материјали од рено клио II

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: CARclub Тест: Dacia Dokker Stepway
« Одговори #42 на: 20 Септември 2015, 18:52:56 pm »
Не викам ја ругаш, него некако имаше многу негативен став, кој со последниов пост е спротивен од претходно.

Во што е мојот став спротивен од претходно?

Не е ставот, интерпретацијата. Прочитај ги твоите импресии, и добиваш чувство дека количето е Дачиа.
Некој кој не те познава ке стекне такво чувство.

Инаку моделот кој си го возел чинел повеќе, а има помалку опрема.
Ние го земавме 13 500 и има и прозори на дугме. Истиот мотор и се друго останато. Ербези на седишта и возач и совозач, две лизгачки врати, радио со блутут, клима, борд, абс, серво, ако и тие треба да се набројат. Седиште кое се подесува по висина.
Воланот е и очекувано да се мести само по висина. Некој од конкурентите дури и тоа го немаат, нели?

Се разбравме. :)

И уствари Дачиа гради име сега за сега(ако можи да се кажи така),неможи а и нема никогаш да влезе во ценовен ранг и да нуди квалитетни материјали како поскапите конкуренти.

Кој поскапи конкуренти?
Единствено Кедито е поскап и е конкурент.
Мислам дека ја виде сликата дека колава се продава како Рено Доккер..А Дачиа во Европа.
Евиваленти на Фолцваген се нели Шкода и Сеат.
Сакаш да кажеш дека никогаш нема да бидат како нив? :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: CARclub Тест: Dacia Dokker Stepway
« Одговори #43 на: 20 Септември 2015, 18:59:12 pm »
Ne deka nema da bidat tuku nema da bidat brend kako niv I nema da mozat da ja zemat taa cena...Inaku na nekoinpazari znam deka Daciata se prodava kako Reno.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Dacia Dokker Stepway
« Одговори #44 на: 20 Септември 2015, 18:59:46 pm »
А не е Дачиа? Што од моите постови не е вистинито? Каде сум претерал и/или излажал? Пренесов објективни забелешки.

Од каде тоа дека нема прозори на дугме ова? Има. Нема автоматско отварање/затварање. Тоа ми смета. Треба да го држам копчето за да отворам прозор. What is this, 1994?

Генерално е погрешно да коментираме кој-за-колку-што-земал - сето тоа се договара во салон на лице место. Јас зборам за каталошката цена на возилото. И ова има едно чудо опрема. Oh, and guess what - втората лизгачка врата е дополнителна опрема.