Апдејт. Еве, 5ти ден со фургончето...
- Потрошувачка во град - 6.3 со чат-пат пуштена клима. Повеќе од добро.
Реков. Потрошувачката е топ, како во град, така и на отворено.
На отворено, на моменти кога носам некој пакет и кога морам да внимавам, возам исклучително по знаци и многу внимателно. Потрошувачката која ја имам извадено беше 4,6л на 100 км, односно зборувам Скопје-Охрид-Скопје, или Скопје-Битола-Скопје.
- Радиото сè уште ми оди на нерви. Не ми е јасно со кој памет е пуштен таков пропуст во сериско производство.
Многу е моронско изведено тоа со кругчето. Крајно непромислено. Истото радио го има во Каптурот и во уште неколку други модели. Ај Дачиа, ама Рено не смее да ги го дозволи тоа. Изгледа има некој луѓе со тотално различни навики од оние секојдневните.
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)
Јас си го користам далечинското на "волан" односно она како ракета
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)
Тоа е сосема ОК.
- Ми се потврдува мислењето дека седиштата се фини на лик и прифатливо комотни, ама непрактични. И долниот и задниот дел се прилично рамни без никаква странична поддршка.
Седиштата се сосема ОК, точно е дека немаат странични потпори, ама и не се до толку. Сепак ова е пикап, не е ниту семејно количе, ниту тркачко возило.
Мене ми смета на моменти што се релативно плитки (кратки), па дел од бутовите ми висат и ми се замараат нозете на подолги патувања. Но повторно се тоа е прифатливо. Можеби и малку се тврдички, али мислам дека со тек на време ке омекнат. Материјалите од кои се направени се добри. Мислам на текстилот.
- Смета столбот на средина на вратите од багажникот. Дефинитивно. Не знам дали Сале седи као Ејс Вентура па не му смета, или се навикнал, али мене ми смета.
Тек сега сватив за кој столб зборуваш!
Мислев за оној помеѓу предната и задната врата.
Инаку да, пречи неговата поставеност, но со тек на време се привикнуваш, а после тоа и не го ни приметуваш.
- Мењачот и моторот се супер.
Моторот е одличен, мењачот добар, типичен за Рено. Со поминати 15к се без никаква маана до сега. Ке видиме за понатака.