Па црвена мрежа има и кај Цилаз
За што служи тогаш па таа ?
Абе финтата е, да се стават такви „мрежи“ на сите поголеми раскрсници... Е сеа, идејата е, кога има зголемен интензитет на сообраќај (и тоа е несомнено евидентно нели

), да не навлегуваш во мрежата, пошто кога ќе се исклучи „твојот“ семафор, ќе ги блокираш оние од другите правци.
Од чиста култура (што нели кај нас е апстрактен поим), би требало човек да застане уште на семафорот, кога гледа дека пред себе НЕМА каде да оди, ИАКО му е зелено. Јас еднаш се обидов да презентирам таква култура, во таква ситуација, на раскрсницата кај Мекдоналдс во Центар (од Јосип Броз према Рекорд), и чекав... И нормално, инстантно позади мене сите се претворија во свадбари, а што е поинтересно, во моментот кога се отвори простор за мене (а сеуште ми беше зелено), јас тргам напред, да пројдам раскрсница, и еден „ослободител“проба да ми се убаци ОД ЛЕВО, а бев на левата лента (од двете што движат натаму). Значи фраерот, од „чиста култура“, прегази дупла пуна лента, возеше во спротивен правец, и згора на се’, на сред раскрсница ќе ме подбереше...
Од старт добро сум мислел. Значи не влегуваш во зоната се додека е немаш шанса да излезиш од неа без застанување. Што значи, треба да испланираш твоето поминување да е без прекин. Интересно. Колку ова ќе го разберат нашите возачи, посебно женскиот пол и возачите од западна мак..... 
Нема врска ова со полот или потеклото на возачите. Не знам дали си возел низ Куманово, Штип, Струмица, ама ако не си, коа ќе идеш со кола натаму, prepare to be dazzled

НАРАВОУЧЕНИЕ: За нас не се коли... Дајте поволни цени за коњи и магариња!