Под задните седоишта треба тишлер да одработи тенко дрвено подножје за да налегнат задните седишта за да не се лизгаат патниците и да им е удобно.
Или барем сукало да се стави под задната клупа ќе заврши голема работа.
За совозачот нема спас.
Возачкото седиште се навалува електрично. Тоа е релативно океј. Меѓутоа пак ти висат лактите на најниско спуштено седиште. Што ја нарушува крузерската способност дополнително, згора на седиштата кои те истураат.
Значи неможеш да се олабавиш убаво за да ја искусиш колата понатаму.
Една штрафилица и ќе земам да прештрафам пола ентериер за да можам да ја користам колава како што треба.
И би земал една за мене прештрафена и уште една ќе прештрафам и ќе им ја пуштам во фабрика. Со назнака, е вака треба да биде наместена колава, не е тешко.
Крај краева земете еден Пасат, Акорд, ич да не одиме кон Е класа, или дај боже БМВ М пакет, и фино лепо Ископирај го ентериерот. Не изгледот, туку ергономијата. Не е тешко штом неколку фирми го прават со години. А и не е деловна тајна па да неможе да ја ископираш. Паркираш една БМВ 3ка м пакет во фабрика и им викаш на недокваканите, колава да е 99% ваква за седење ако сакате да може да ја продадеме на пазаров светски. Не е тешко, не е скапо, ништо не е комплицирано. Само да се згрее столица и да се сработи добрата ергономија. Просто е дури за било кој инжињер кој има појма од коли.
Другото е све океј во СУВов, ама тешко е да го искусиш другото ако неможеш да седнеш да се наместиш како што треба.
Браво за дизајнот, задницата е класи и класи подобра од старата.