Здраво дечки,
едни пријатели денес ми понудија Peugeot 307 од 2007ма година (прва регистрација 2008), хечбек, со поминати реални 62.000 км, бензин 1.4, 65kW. Возилото изгледа одлично зачувано, како ново. Земено е во компензација и не е возено 3 години. Цената што ми ја нудат е 4000 евра.
Ќе ве замолам за ваше искрено мислење, предности и маани на колата, потрошувачка и дали цената е во ред.
Поздрав