Автор Тема: BMW 318i 2010г  (Прочитано 39824 пати)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #120 на: 12 Јануари 2017, 12:15:48 pm »
Фала ти осмица, баш ке бидам што ке направам, имам цел месец да средам до наредна регистрација. Заборавив да спомнам само дека, јас мислев дека треба сите и предни и задни дискови и плочки да се сменат и кога бев на сервис ми викат ке видеме дали има потреба да се менат предните сега или не. Проверија дечките и ми рекоа уште 10к км има за предните, ретко некој така да постапи, особено кај нас, и да има и да нема потреба тие да ти земат парички и ке ти ги сменат. Тоа ми се свиѓа кај нив што нема трте-мрте. Се јавив во таа компанија што регистрира возила и викам таква и таква работа, викам зошто уште лани не ми најдеа грешка, можел сум казна да добијам ако ме сопрела полиција(иако никогаш не ми биле уклучени тие светла) и оп 50% попуст, се извинуваме што сме го испуштиле тој детал и доколку сте имале проблем со полицијата, ние ке ги снесевме последиците(ќе ми платат казната) и уште еднаш се извинуваме и имате 50% попуст на следната регистрација. Фала многу, пријатно.

Не си сериозен нели ? Зарем постои такво нешто некаде на светов ? у јеботе, кај живееме ние.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #121 на: 12 Јануари 2017, 12:20:52 pm »
Кај нас ако техничките го следат законот, ништо повеќе, 70% од возилата нема да пројдат.

Али ако тоа се воведе прво ќе почнеме да ја плукаме државата дека не чини, дека се лопови, луди итн итн. Вака си се правиме наудрени, возиме полуисправни возила и плукаме дека не ни е средено и дека во Шведска има ред :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг:
« Одговори #122 на: 12 Јануари 2017, 12:41:39 pm »
А така. И без ред не се живее, ама со ред уште помалку.

Клучот е во доброто балансирање.

Златна Грција/Италија/Шпанија.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #123 на: 12 Јануари 2017, 14:54:31 pm »
@Спенсер, да бате, жива вистина. Интересно е да видеш каква реклама за продавање алкохол имаат. Доаѓа еден “европеец“(германец, англичанец) и за да виде како работат во продавница за алкохол(алкохол не се продава во секаква продавница, имаат посебна продавница за алкохол) и кажува финти од типот, затвори го просторот да не се излава директно, за да шетат повеќе да купуват, ставете големи табли демек попуст и така вика ке се зголеме продажбата и профитот, а тоа ни е и целта, нели. И швеѓанката(продавачка) вика не, напротив ние не сакаме да се купува алкохол, тоа е штетно за здравјето. Тоа е само еден пример што нација се, алал и вера.

@Баги, другар, не ми е за тие 10-15евра што ке ги дадам за светло, проблемот е ебавањето, ама е неизбежно. Тие светла, никогаш(буквално никогаш) не се светеле за време на вожна, тие светла се вклучуват само при старт на колата, има некакво кодирање направено да трепкаат при старт на колата едно 5секунди и толку, ништо повеќе. Значи, потполно се непотребни, што е до мене јас би ги извадил ама ке ми јавуват грешка, а за менење не е само да отвориш хауба и да бркнеш со рака, башка времето е ладно, снег, мраз, кој ке леже на снег? А да ја однесам на мајстор, цела недела без колата не можам, пошто секојдневно ни е потребна.

Инаку, купив Н8, видов нема ништо разлика надворешно од Н11, маааалце Н11 ти е поголема, неприметно, али пак купив, па ке видеме деновиве дали ке биде во ред. И двете се 12V, само Н8 ти е 35W, a H11 e 55W, небитно.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #124 на: 14 Јануари 2017, 17:34:34 pm »
Се извинувам за пост под пост, ама има еден мал апдејт па... всушност, не треба да има забрана за пост под пост за овај форум, али тоа е само предлог до администрацијата(или барем еден пост под пост да биде дозволен)

Денес времето беше малце помеко, нешто над нулата и решив да ги сменам магленките. Не беше тешко, според линкот што го даде осмица, потешко беше вадењето на џекчето од сијалицата, всушност, тоа беше најтешкиот дел. Инаку, ако некој му треба овие Н8/Н11 лед што ги заменив да му ги причувам до летото кога ке си дојдам, нема не пишува колку вати се ништо, ама си работат нормално. Не се баш истите штрафови како што беа на линкот, ама слично е. Можеби во иднина на некој и ке му послужи, па затоа малце сликовито и детално објаснето. Значи ова беше начинот на кој јас ги сменив и ги следев упатствата од овде: ЛИНК

Прво, потребен алат за овај зафат ми беше потребно 2тонска дизалица + Клуч 8мм(на линкот беше 10мм, кај мене 8мм) + штрафцигер(-) или нож за да се извади пластиката од жлебовите.

Значи, прво тркалото го завртев до крај на внатрешната страна за да има повеќе простор за работа, па потоа ја подигнав колата од едната страна, не мора којзнае колку многу, колку да се одлепе тркалото од земјата за полесно да ги видам и отштрафам долните штравчиња(да не лежам по мразот). Потоа ги извадив сите штрафчиња(без замерки за дијалектот, ќе ве замолам) , можете да видете на сликите поточно кои штрафчиња. Само тие што се означени со стрелка













Откако ги извадив, потоа со нож(или штрафцигер) ја извадете пластиката од жлебовите и таман се отвара колку да ја мушнете раката и има доволно простор за маневар. (слики нема од оваа процедура пошто беше ладничко и гледав што побрзо работата да ја завршам)

 

Подетално можете да видете на линкот што го дадов погоре(линк), значи со едната рака ја држете пластиката на отворот со другата работете, поточно прво го вадете кабелот(контактот, џекчето) од сијаличката, тој дел е најтешкиот дел од целата работа. Кај мене имаше како осигурувач, како жлеб, го тргнав и го извадив. Малце тешко се ваде контактот, али јбг тоа е. Потоа откако контактот е изваден, сијаличката се ротира за 90степени и се ваде, внимателно кога ја фаќате сијаличката, да не ја допрете со рацете за фасонката. Откако ке ја сменете сијаличката, обавезно пред да вклопете се назад, проверете дали свети како што треба, па потоа се вклопувате и тоа е тоа.

   

Тоа беше околу саат/два работа, полека смирено пратење со секој чекор дали од мојот пример, дали од страната**(линк) дадена од осмица(ти благодарам друже) и без никаков проблем. Сега е спремна за регистрација.



Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #125 на: 14 Јануари 2017, 18:21:19 pm »
Браво за документирањево на постапката, со слики, со све!
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен otrakan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #126 на: 14 Јануари 2017, 18:25:43 pm »
Што се такви гумите?со нитни се?
;)

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #127 на: 14 Јануари 2017, 18:30:41 pm »
прв пат гледам вакви гуми.Сум видел ама на ТВ на тестови,ама потоа забележав дека колава е странска и се ми е јасно.Знаат таму што е добро за зима.btw со здравје да си ја возиш.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3226
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #128 на: 14 Јануари 2017, 18:37:21 pm »
Bravo drugar ubavo objasneto i odlicno sraboteno vnimatelno pred se

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #129 на: 14 Јануари 2017, 20:06:22 pm »
Одлично објаснато tjole.
Ќе му се најди на некој.

Драго ми е што ти помогнав.


Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #130 на: 14 Јануари 2017, 20:22:14 pm »
фала дечки, баш ми е мило што денес постои интернетот и можеме да комуницираме ;D и ми е мерак така сам да си фатам по неа(пу пу, да не и се уроци) иначе да, тие се со нитни и многу се добри ама пак над 2000 обрата 1ва 2ра 3та лизга. со такви гуми и тие стабилизации немам никаков проблем зимно време, а за играње за вртење и за тоа ги бива

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #131 на: 15 Февруари 2017, 22:53:57 pm »




Инаку за совет. Која боја да бидат?






Ако е црни ке треба и бубрезите црни и споилерче црно.
Бонус

« Последно менување: 15 Февруари 2017, 23:08:18 pm tjolie »

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #132 на: 15 Февруари 2017, 23:23:52 pm »
никако црни, бандажот е преубав и треба да се гледа, а не да се изгуби

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #133 на: 15 Февруари 2017, 23:32:57 pm »
сивите.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: BMW 318i 2010г
« Одговори #134 на: 15 Февруари 2017, 23:34:42 pm »


НИКАКО ЦРНИ!!!      НИКАКО ЦРНИ!!!     НИКАКО ЦРНИ!!!     НИКАКО ЦРНИ!!!     НИКАКО ЦРНИ!!!     НИКАКО ЦРНИ!!!