Автор Тема: Промени во карактеристиките кај возилата со текот на времето  (Прочитано 5568 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Тоа на видеото пишува на коментарите возено е 100.000 годишно на отворено. Најлесен живот за еден автомобил, па ако сака Дачиа нека е ќе помине 1.000.000

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Поентата ми беше дека спомна Mercedes како исклучок дека си во право што ја помести границата :D :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Поентата ми беше дека спомна Mercedes како исклучок дека си во право што ја помести границата :D :D

Да беа „ко` нови“ немаше 10 пати да им се намали вредноста на колите за 10 години. Си има зошто им паѓа цената на колите на старо. Сеа нас што ни` е убаво да си пазариме од секонд хенд продавници, тоа е. Кифла еднаш гризната. Ко` нова  :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Ако се лажеме дека не ви стареат колите, ок. Нека биде за алфа дека зборам. Возете си нови количиња со 300.000, или лажете се дека се нови. Јас и понатака секоја кола постара од 10 години и 200-250.000 ќе ја есапам за стара. За Mercedes Е или S може да напраам исклучок до кај 300.000 и уште некоја година, ама за други коли - стари се. Извинете ако се најдовте повредени од муабетот.


1 000 000 километри. Абер нема од мака :)
Дефиниција за кола.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Личност што може да си дозволи нова Е класа од салон, ќе ја вози првите 100-200.000 и после се знае...истата таа особа си купува нова генерација е-класа. Е тоа е дефиниција за кола. Константен квалитет со десетици генерации.

Дефиниција за пола кола, 400.000км  :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Да беа „ко` нови“ немаше 10 пати да им се намали вредноста на колите за 10 години. Си има зошто им паѓа цената на колите на старо. Сеа нас што ни` е убаво да си пазариме од секонд хенд продавници, тоа е. Кифла еднаш гризната. Ко` нова  :D

Многу јасно тоа, но ајде најди ми логика и за ова.

Пример Bugatti Veyron 830 000 евра со 15 000км, а бил 1 300 000 ако не се лажам.

Зошто падна цената 500 000 евра!?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
Да не куцам пак ;D

29.03.2015, точно 5 години како го имам Леонот.
За овие 5 години, изминати 42.239 километри.

Во Петокот направив 6-та по ред регистрација, заедно сосе атестација за клима фолии.
Дури тогаш приметив дека од овие 42.239 км, 10.936 км се во изминатата година. Се провозило изминатата година количето :)

Каков е Леонот после 5 години односно нешто повеќе од 42К км. користење?

Надворешно сеуште годржи сјајот како денот кога беше купен. Има мали оштетувања од перења/четки штосе за очекување после толкав поминат период.
Стандард длабнатинки и грепки на комшиска база, како и мини длабнатинки на местото за прицврстување на кровните носачи благодарејќи на експертите од Карнер. Се секое перење, си излага по некоја нова точка/гребнатика. Имам желба наскоро да ја однесам на еден полир третман, пошто си го залужила истиот.

Стаклата веќе 4 години затеменети, напред со фолија 50-ка, позади 35-ка. ДО сега не сум имал никаков проблем со видливост или нешто поврзано со стаклата. Греачот на задното стакло како и греачите на ретровизорите си работат беспрекорно.

Осветлување. Интересно, до сега единствени сменети сијалички на колата се задните две за осветлување на табличката. Сите останати се фабричките. Осветлувањето напред е одлично, помошта од магленките привртење на воланот досега ми било од голема помош. Сум размислувал за автермаркет ксенони, но сеуште немам сретнато Леон кај кого е изведен како што треба, односно да не заслепува од спротива. Јас не  мислам на никого да пречам и се откажав од идејата. МОжно е единствено оригинал фар со вграден ксенон. Осветлувањето во внатрешноста е доволна, со една примедба што во последните 2 месеци на 2 пати ми се случи предното светло да не свети, па по благ притисок врз него веднаш да засвети. Дали губи контакт или сијаличката е при крај ќе покаже времето. Капачето од прекидачот на задната половина од возилото еднаш беше извадено од дете бр.1, го интересирало човекот што е тоа што се врти и сега знае чат-пат на поголема труска да падне (мада задниов пат изгледа убаво го имам наместено).

Внатрешност. Уште од како го земав Леонов бев скептик околу квалитетот на изработката на внатрешноста. Аj не толку на изработката колку на изборот на материјали. Пластиката на централната конзола изгледа преефтино, таква е и на допир. Но, после 5 години користење сеуште е во првобитната  состојба. И после 5 години, нема крцкање, цвичење од било каде од внатрешноста. Единствени 5 работи кои "попуштија" се долната пластика на воланот (супруга вози со прстењаци  :( ), централното лого на воланот (прстен), рамката од возачката врата (прстен), дупче на кожата од менувачот каде е најмногу свиткана кожата, "пониклуваниот" прстен на рачната сопирачка.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(логото не го сликнав)

Ме изненадува кожата на воланот која нема покажано никакви знаци на истрошеност.
Патосниците (оригинал Сеат, добиени како поклон при превземање на возилото) веќе 5 години се газат, попушти само возачката на местото кај десната пета. Не е искинато, само излитено е на тоа место.
Седиштата немаат значи на излитеност, сеуште не се закинале некаде, задните се малку подзапрљани со оглед дека 3 деца се возат позади, но ниште страшно. Единствено на предните седишта, на надворешните страни се појавија мали свивки.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Радиото, т.е. ЦД-то откажа после една година и беше заменето во гарантен рок. Од тогаш немало проблеми. Вуферот го пазарив бидејќи сакав да добијам подобар и пополн звук во кабината, без правење драми надвор од кола. Така и би и сум презадоволен од тоа како свири колата. Сите копчиња во кабината функционираат, сите команди работат. Од пред Нова Година, почна да ме зеза УСБ приклучокот, односно почна да губи некаде контакт. Треба да му мавнам на УСБ-то 2-3 мацоли и ќе гопрочита. Па на некоја труска знае да исклучи.

Подвозје. Подвозјето беше прегледано пред 2 недели при замената на спиралите и истото е во одлична состојба, без знаци на истрошеност. Сите гумички, буфери се на место, не распукани, не искинати. Возењето е круто, со спортска нота. За конфор може да стане збор само со зимскиот сет на гуми, со летниот и сегашните гуми, не. Сo промената на спиралите добив уште по директно управување. На волан се добиваат сите информации од патот и точно знаеш кога ќе "пуштат" гумите, кога ќе се активира АБС или ТЦС итн. Едниствено ми смета за нијанса погласното тропање од задната оска ( така беше и пред промената на спиралите ) и се надевам дека во скоро време ќе го изолирам колку толку тој проблем. Она што ми е приоритетно во наредните 2 месеци е да ги сменам гумите. Овие сега, Bridgestone Potenza R050 беа одлични првите 10.000 км, максимум првите 2 години. До сега имаат поминато 30.363 км но одамна ги имаат изгубено перформансите. Одвратно бучни се додека се загреат, потоа се само бучни и се пластифицирани во крајна мерка. АвтоМето ми посочи дека предната лева е благо деформирана, а по страните сите 4 се испукани.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Мотор. Она што од првиот ден и секој нареден ме тера да седнам и да го возам Леонов. Одлична комбинација со 6-степениот менувач и релативно ниската тежина на колата од 1250 кг. Дo сега никогаш не ме изневерил, било кога сум барал перформанси, било при претекнување или мерачење на Водно и обиколница, било при потрошувачка. До сега е сервисиран само во овластен сервис, Ка-Дис, а последниот пат во Порше Македонија. За овие нешто повеќе од 42К км нема потрошено ни грам уље. К&N фитерот само и допринесе уште повеќе да уживам во "цапнување" на гаста. Ми го дава оној звук за мене, не за публика :). Треба да напоменам дека фабричкиот акумулатор (Exide) не издржа ни 3 години, па беше заменет со Topla, затворен систем.
Потрошувачката за изминатите 4 години (првата немав апликација):

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Потрошувачката е пресметувана на секое од 59-те надополнувања во последните 4 години. Просекот од 7,89 л/100км за мене е и повеќе од прифатлив. КОга ја земав колата не очекував ништо под 9 литри на 100 и бев подготвен на тој издаток, другото е ќар за мене :). Сум стигнал од Охрид со просек 5,5 од Маврово со 4,5. Сум стигнал и од Маврово со просек 11,4 и до Охрид со просек 9. Сум возел од Центар до Аеродром со 16,6 просек, како и 5,2. Се зависи од начинот на возење, состојбата во сообраќајот и големината на прекорачената брзина :)

И после 5 години, мислам дека ја донесов исправната одлука при избор на автомобил. Тргнав по Алтеа (јер фамилија), ама едноставно не се најдов во неа. Седнав 2 пати, 5 пати, ама ме ништеше чувството дека треба да возам комбенце, не ми “лежеше“  некако. За 2-3 пати во годината пат надвор од Скопје, за мене беше преголема жртва да живеам со таков избор. Гледано од денешна перссектива, можеби сум згрешил, ама кој можел да планира дека дека жена ми со гратис раѓа :). Бирав и Голф 6-ка, Астра, гледав Круз, Браво, но ниедна од овие го немаше оној зинг кој ми го даде Леонот (башка возев и претходно Леон и Ибица). Бев спремен да ја проголтам внатрешноста, на сметка на се останато. И така, си уживам, т.е. уживаме веќе 5 години и со надеж дека повторно ќе дадам едно резиме на 10 годишнината :)

Дали би го избрал повторно?
Не, бидејќи почнувам да имам потреба од поголемо возило.
Инаку го препорачувам на секој со младешки дух кој сака да ужива во возењето. Било кој ривју што го има на интернет има една заедничка реченица, Fun to drive. И како избор за половно возило мислам дека е одличен избор за секој дечко/девојка, млад брачен пар, кој не сака да му ја мисли наредни неколку години за кола.

И закрај пошто времето беше одвратно, една слика од претходно, колку да го заокружи текстов :)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Од Март не се промениле многу работите. Откажа бравата на гепекот, заменета со нова од Порше Скопје, 4 новигуми Hankook S1 EVO2, и откажа едната сијаличка за оборено светло, па ги заменив двете.