Автор Тема: Промени во карактеристиките кај возилата со текот на времето  (Прочитано 5565 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Баш ме интересира да слушнам мислења од тие што имале понови коли, дали и на кој начин се промениле перформансите возилата низ годините?

На пример кај мојата кола купена 2008-ма година нова после поминати 80.000км јас ги забележувам следниве промени:

1. Сменет е мењачот. Кога беше нова беше покрут. Ја однесов на сервис и маршер ми смени масло во мењач, ми стави MoS2 адитив но немаше никаква реална промена освен нешто малку што мислам дека беше субјективно.
2. Моторот сега има забележливо повеќе вртежен момент при мал број на вртежи додека при поголем број остана непроменето. Значи јас возам под типично мал број на вртежи, што би се рекло дизелски. Порано колата имаше мака со тоа па ја возев со малку повишен број. Кога ставив плин пред две години нешто се случи и колата доби повеќе торк. Сега си возам исто така дизелски, моторот не бучи од мака а колата иде сосем солидно.
3. Суспензијата не се смени никако.
4. Кочниците ми се помалку ефикасни. Не кочат како што кочеа и затоа сум повнимателен. Откако ставив напред TRW и назад Кашијама имам проблем со кочењето. Морам да стиснам посилно на кочница при нагло кочење. Го сменив и глицеринот (TRW DOT4) и некои гумици но без ефект. Имам намера да ги сменам предните плочки иако имам поминато со нив некои 10.000км. Освен тоа почнаа да ми копаат канали по дискот. Со следната плата ќе купам други некои што се поквалитетни.
5. Папучата за куплунг ми се стврдна, забележливо но не многу. Веројатно се ближи времето за промена на ламела, поттисна и друклагер.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13851
Како прв газда на Нубирата, од 2002 година до сега...се осеќа амортизацијата во текот на годините. И покрај тоа што е сменето скоро се од тогаш, во смисла на потрошни материјали, освен предните амортизери што и понатаму се добри и се оригиналните од фабрика.

Во однос на потрошувачка нема никаква разлика, како што трошела од ден број 1 па до прееска. Постојана е потрошувачката.
Исто и во смисла на масло, апсолутно никаква разлика.

Сепак осеќам дека и натежнаа малце годините. Треба освежување на лимаријата од ударите на комшиите и сограѓаните по вратите, некои електрики шашави се (посебно на прозорите) и така.

Ситници кои можат да нервираат ама ништо страшно.

Во глобала колата е многу пазена, НИКОГАШ не е газена и возено како што не треба. Немало нагли забрзувања, оптеретувања и сл освен некое повремено мое дивеење (ако 5800 обртаи е дивеење неколку пати во годината :D )


13 години still going strong.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14240
  • Пудингот на шоферството
Треба да се кажи колку км имате изминато,не само годините пошо не е исто возилото да помини 300Ккм и 30Ккм...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
Mеган 1.9 дци 120кс производство 2004, регистрација јуни месец 2005

Не е нов купен, туку 2011 Јануари со некаде околу 80.000

После скоро 5 години (уште месец дена) и поминати вкупно 215.000 во моментов јас ги забележувам следниве промени или непромени.

1. Моторот си работи и влече исто како пред 5 години. Нема никаков пад на перформанси. Го чувам турбото да не возам агресивно кога моторот е ладен. Турбото нема никакви чудни звуци сеуште...пу пу пу. Ставам квалитетно 5w40 ама секогаш од различен бренд, интересно ми е. Мотул, Елф, Шел и Кастрол. За зимоска ми е план да земам Shell Ultra Helix 0w40 по рн0710 спецификација зошто има денови тука кога насабајле температурата е -20 така да таа е причината.
2. Се осеќа веќе километражата на неколку места во внатрешноста на пример како возачкото седиште, нормално :D но сум пријатно изненаден што сепак генерално изгледа ОК после 10 години користење.
3. Веќе имам неколку вдлабнатини и гребаници од говеда што незнаат да возат на задно лево и десно крило. Ама не ни планирам да инвестирам да го средам тоа, едноставно годините си се тие.
4. Сменети задни амортизери пред година и повеќе можеби, разликата веднаш се забележи, колата беше по тврда/стабилна на дупки.
5. Сменети еден куп делови од подвозје. За 5 години сменети задни и предни дискови и плочки, по некој стабилизатор ваму таму, лагер на задно лево тркало два пати се поеба, чаури, држач на мотор и уште неколку работи што не ми текнува.
7. Рачната кочница нешто заебаваше, нешто ја правеа на сервис па ќе видиме колку ќе издржи.
8. Папучата за куплунг е иста и сега и пред 5 години. Ништо се нема променето од тој аспект.
9. Сменет ЕГР вентил 2 пати поради откажување.
10. Мењачот тешко се враќа во лер кога температурите надвор се над 30 степени и го користам мењачот во град. Веројатно е нешто со уљето, треба да се смени.
11. Почна да тропка подвозјето, уставено е дека селените (silent blocks) на долните вилушки треба да се сменат што поскоро.

Тоа е тоа. Генерално највеќе се забележуваат козметички промени одколку перформанси или суспензија.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13851
Треба да се кажи колку км имате изминато,не само годините пошо не е исто возилото да помини 300Ккм и 30Ккм...

Нубирата е 166 000км :) јас ја возам од  000 005км :)

За чудо немам некои нервози со неа. пу пу.

Најчудно до сега ми било промената на бензинската пумпа (јеби га од 122 000км па навака ја возам на плин), два пати менував дихтунг на вентили и еден лагер на предно тркало.

Дисковите се оригинални од фабрика, само плочки се менуваат редовно. Сменав добоши пред 2-3 години. Летоска ја проверив ламелата. Сепак 13 години и така бев на мајстор (ми имаше набиено воздух во кумплунгот) ја видовме, беше супер зачувана и немаше потреба да се менува.

Лани ставив нови навлаки. Беа оригиналните од кога беше купена. Седиштата одоздола се скрос зачувани.

Пропатните менувања на стабилизатори, вуфери, јабучици, масло, свеќици, кабли, не ги рачунам. Не дека е нешто што го менувам често додуше. Два три пати имам сменато јабучици, стабилизатори и еднаш вуфери.

Масло секогаш користам квалитетно. Ги пробав сите брендови, најзадоволен (барем кај мене на овој мотор) е Total Quartz 9000 или 7000 и NGK свеќици.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
После 200.000 време е за нова кола. До 100.000 не стареат многу. Од 150.000-200.000 си стареат. Над 200.000 се стари. Ем годините. до 6-7 години се ок, после тоа, до 10-11 години стареат. После тоа се стари.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Нашата кола, со 25 год. старост и ~ 205 000 км, има 80 коњски сили... Само на хартија!  ;D

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
После 200.000 време е за нова кола. До 100.000 не стареат многу. Од 150.000-200.000 си стареат. Над 200.000 се стари. Ем годините. до 6-7 години се ок, после тоа, до 10-11 години стареат. После тоа се стари.
Ова изгледа искуство единствено со Алфа во врска со километрите :D
Најпрост пример. Купуваш Тојота Авенсис/Корола/Аурис/Рав4 бензин и возиш 20 години и преку 300.000 без никакви поголеми дефекти. Ова е факт.

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Јас што да кажам, oд страна на мотор, се повеќе и повеќе оди ;D

Суспензија, еве веќе 30 и нешто илјади со 35мм спирали, иста е како на денот кога ги ставив. Но, од кога ја спуштив колата, воланот отежна за некои 30-40%. Дали е кај сите вака, незнам.

По некоја гребнатинка овде онде, иако ја пазам. Имаше неколку лимби (вдлабнатини) кои вакумски се исправија.

Нешто почна да крцка при нагло кочење во задниот дел. Изгледа плочките задни се отидени

Менувачот далеку полесно влегува низ брзините, особено во 5та, како нова малку потешко влегуваше во 5та, но тоа беше кратко.

Кумплугот е малку потежок но, не ми пречи бидејќи преферирам потешка педала за кумплуг, инаку беше како играче. Проверена, скоро како нова (Миле, не се секирај, терај!)
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
После 200.000 време е за нова кола. До 100.000 не стареат многу. Од 150.000-200.000 си стареат. Над 200.000 се стари. Ем годините. до 6-7 години се ок, после тоа, до 10-11 години стареат. После тоа се стари.

аха... така значи... цел запад вози стари возила тогаш... т.е. сите возат нови, ама за брзо време нагло им стареат.. затоа што, нели, од германија, италија и сличните земји што се увезуваат колите кај нас, стварно се со 170.000 километри.. никако не се со 500.000+ километри пројдени...

фино... баш фино вака по стари години да научам нешто...


или ти можда збореше за алфа само? :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Ако се лажеме дека не ви стареат колите, ок. Нека биде за алфа дека зборам. Возете си нови количиња со 300.000, или лажете се дека се нови. Јас и понатака секоја кола постара од 10 години и 200-250.000 ќе ја есапам за стара. За Mercedes Е или S може да напраам исклучок до кај 300.000 и уште некоја година, ама за други коли - стари се. Извинете ако се најдовте повредени од муабетот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
Абе убаво е сите да возиме нови коли, кој сака да вози кола со 400.000 од мерак? Ама со редовни сервиси километражата ќе биде многу помал проблем од самите години. Ако почне корозија и такви глупости да се дешаваат време е за нова кола, од тоа спас нема.

Присутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8872
Кај мене,

Сеат Ибица 1.4, купена во Октомври 2006. Ова и е 10та година. 130.090км во моментов. На 40.000 е ставен плински Уред PRINS, на кој после 90к километри ги сменив дизните поради тоа што една ми попушти и сите во пакет одеа.

- на 110к почна клапната да ме зеза после неколку неуспешни обиди да се поправи ја сменив за нова. Ова ми го посочија како еден од фабричките проблеми кои или ке ги имаш и ке ја смениш или мака нема да видиш. Јас ја сменив

- за амортизација, немам засега никакви забелешки иста е, со оглед дека Ибицата има мнооогу тврдо потпирање почнува да ми смета јебига, кога ја купивме имав 22 години сеа 32 ми се сменија видиците :D

- ентериерот е сеуште во одлична состојба, немам никакви тропања и слично. Единствена работа возачкото седиште на висина на стомак од лева страна ми се подкина. ама ова е од мене или брат ми или евентуално татко ми кој ретко ја возел од нешто што очигледно го правиме и на претходната кола така и направивме :D

- перформансите на моторот се исти или неможам да осетам некоја разлика,

редовно е сервисирана by the book.


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13851
Ако се лажеме дека не ви стареат колите, ок. Нека биде за алфа дека зборам. Возете си нови количиња со 300.000, или лажете се дека се нови. Јас и понатака секоја кола постара од 10 години и 200-250.000 ќе ја есапам за стара. За Mercedes Е или S може да напраам исклучок до кај 300.000 и уште некоја година, ама за други коли - стари се. Извинете ако се најдовте повредени од муабетот.


1 000 000 километри. Абер нема од мака :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Да си купите сите по еден таков без мака со миљонче.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.