Според мене единствено ново возило кое вреди да се земе е Шкода, а според ценава тебе ти доаѓа баш Октавија.
http://www.skoda.com.mk/files/mk/download/datei/octavia_cenovnik_2015.pdfЈас би ти препорачал вака нешто:
2,0 TDi (110 kW / 150 HP) - EU6
Style опрема 22.000 еур
Dynamic ентериер со спортски седишта 350 еур
Металик 240еур
Спортска суспензија 112еур
Продолжена гаранција
Во темна боја.
Ова ти доаѓа под 23.000 еур, каталошка цена односно ~20.000 евра во салон со договор за некој соодветен пакет на опрема.
Јас вака би постапил на твое место, ако се работи за нова кола до 20.000евра.
Доколку пак од друга страна се одлучиш за користено возило, поготово од повисока класа како што напоменуваш треба да имаш во предвид некои работи за одржувањето и деловите на возилото кои ќе се 2-3 пати повисоки согласно класата. Што конкретно значи тоа:
BMW 335d - BMW како марка е нешто поскапа марка, а моторот ќе си влече додатни трошоци заради неговата големина и моќност.
Е220 ЦДИ, според мене подобар избор на мотор од економска гледна точка, во поглед на тоа што е почест мотор, почесто се среќава кај нас, и ќе е за нијанса поефтин за одржување од BMWто. Иако многу поскап од новата погоре.
Мерцедесот од 2008ма е веќе 7 години стара кола. Во оваа категорија најслаб избор заради староста.
Со буџет од 20.000 евра за оваа категорија на возило, јас би одел на 3000евра орочени во банка на 5 години со можност да се повлечат секој момент, а би бирал половна кола до апсолутен максимум од 17.000 евра. Според узнавањата и трагата досега забележана во оваа класа потенцијалните трошоци може да се многу високи, затоа и го предлагам ова решение. И тоа зборувам за возило СОСЕ ДАВАЧКИ, а не 17.000 во германија, плус давачки уште 6000 евра и да испадне 23.000 евра колата. Така не. За поголем квар се тие 3000 на страна, за главата да е мирна.
Зошто го кажувам ова? Затоа што јас лично вака размислувам за себе си. Во рамките на 20.000 евра имаш добар избор на возило кое ти го кажав погоре. Затоа и дилемата е таква. Да беше буџетот 12.000 евра на пример, тука не ни има што да се бира. На ново избор имаш скоро никаков, а на старо имаш многу голем. На пример би земал нешто што ќе е соодветно на барањата како ова на пример:
http://suchen.mobile.de/fahrzeuge/details.html?id=212737895 или нешто слично наместо Ајго или Рио.