за да ги снема одеднаш и двете светла (практично 4 влакна се тоа, пошто по 2 за кратко и долго) неможе да е едно реле. неможе ни да се фасонки за сијалици, нити пак жичка откачена од фасонка или маса да нема (ако нема маса, ке светат слабо и жолто сите влакна), а богами не се ни малите осигурачи, затоа што има или 2 или 4 осигурачи за предни светла... шансата да прегорат сите 4 одеднаш е еднаква како да те удри гром у кола во движење. поише шанси има на лото да добиеш и тоа не уплатувајки ливчиња...
проблемот појдува или со ракетата или со главното копче за палење и гасење на светла. има и 1 централен голем осигурач (40-60-80 ампери) на кој се светлата поврзани, но и други работи на него има, така да ако тој прегорел, ке снема и други работи во колата...
се сведува или на ракета или на копчето за палење и гасење... ете, оставам дека постои опција да е доводната жица кон прекидачот во прекин.... значи не барај реле посебно, затоа што за долго има свое реле, за кратко има свое реле, ако има воопшто релиња, бидејки, тоа е фијат нели. по тоа прашање се копи паст со застава.
So rackata od reketata se e OK!!
Не ми работи ни долго ни кратко ми работи само позиционо.
Инаку понекогаш проработуе но за кратко,...значи приказнава е на друго место, т.е, проблемот не е во рачката од рекетата и ракетата?!
Јас донекаде се сложувам со колегите, дека проблемот е во релејот, но незнам каде се наоѓа во Фиатот за да го проверам дали е исправен!
Ако на некој му е позната местоположбата на овој релеј нека повели нека каже,...
како констатираше дека со рачката од ракетата е се ок? така што ја кликна и она мрда? тоа не е доказ дека е исправна. тоа е доказ дека не е укочена, а не и дека пренесува струја внатре во контактите позади воланот. а тоа што неможеш да го најдеше релето, може да значи и дека го нема... реков јас дека фијат и застава се исти по тоа прашање, т.е. многу оскудни по прашање на електрика. и слика би било тешко да добиеш на форумов по тоа прашање...
по што одлчи дека треба да се сложиш со дијагнозата дека е реле? имаш ли некакви индикации дека е реле прегорено? те прашувам за да се обидам да ти помогнам. на форум само текстови имаме друго нема доприна точка со проблемо... ианку јас само од муабетов твој констатирав дека има шанси да е реле (ако го има воопшто), ама поише ме влече накај ракета или главно копче...
на крајот.. иди на авто електричар, нека провери што е и нека си постави дијагноза... само да ти посочам дека после алансерот и појачало за радио, светлата се следни нај големи потрошувачи. па соодветно на тоа, и инсталацијата нивна е лесно запаллива материја, кога има ваков проблем... затоа не се бачкај сам, туку иди на мајстор и остави професионалци да си ја сработат работата...
а откако ке завршиш со проблемот, бидејки и тема со отворил за истото, на исти начин како што се трудевме да ти помогнеме, ке се потрудиш и ти во 2-3 реда да напишеш што бил проблемот, кај е лоциран и колку те кошташе за да го среди мајсторот...
позз