Еве слики од патосниците:
Возачката, можеле да се потрудат малку повеќе околу кроењето, ама вака можеби и е подобро, бидејќи претходно онаа прашина и камчиња што паѓаа од патосницата одеа кај рачката за отварање на резерварот, а бидејќи едното копче за заклучување на патосницата ми го скршија во перална, им реков само едно копче да избушат на новава.
Еве ако може да се види дебелината, од доле е оној материјал што се лепи за теписонот, за да не се лизга.
И сувозачката перфектно скроена, пуштена малку поголема од фабричките таман се убаво да покрие, оваа ептен ми прав кеиф.
Инаку од вчера ставен зимскиот сет на гуми.
5 година како ги возам Фулда Кристал Монтеро 3, и сум презадоволен до сега, уште се како нови бидејќи за овие години многу малку имам поминато со нив.
Денес на 49.320 км заменети задните плочки, ставени се Ашика, земени од Солид.
Еве една слика од промената:
Нареден викенд или прв слобден момент ќе ги сменам и предните, имаат уште малку за возење ама и задниве имаа па ги сменив, нека бидат сите комплет нови плочки.