Во саботата на 13.08.2016 направен редовен сервис во Тојота Авто Центар.
Поминати километри до сега 57.300 или 10.600 од последниот сервис во Август минатата година.
Цените беа следни:
- Моторно масло Тојота 10-40 = 1.728,00 денари
- Дихтунг на штоопна на картер = 36,00 денари
- Филтер за масло = 585,00 денари
- Работна рака - 969,00 денари
_______________________________________________
ВКУПНО = 3.318,00 денари
Филтер за воздух и филтер за полен земав сам од Солид бидејќи нивното менување трае една минута за двата филтри, и истите чинеа:
- Филтер за воздух = 300,00 денари
- Филтер за полен = 500,00 денари
ВКУПНО = 800,00 денари
Комплетен редовен сервис ме чинеше 4.118,00 денари
Од сервисот на Тојота, презадоволен до сега, затоа и уште таму ги правам редовните сервиси, закажано во 10 часот, малку задоцнив, и одма кога се ослободи дигалка, ја средија колата, покрај редовниот сервис ја проверија, и колата е во одлична кондиција, ми сугерираа дека нареден сервис ќе треба да се менуваат предни плочки и дискови, плочките ги имам купено, и ги возам неколку месеци во гепек, ама ова за дисковите ме изненади, многу рано некако да се изедат на 57.000 км.
Неделава ќе ги сменам само плочките ќе ги проверам и измерам дисковите, па ќе видам дали ќе ги сменам и нив.