Автор Тема: Дистанцер за ламбда сонда(lambda sonda sleeve)  (Прочитано 2151 пати)

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Дистанцер за ламбда сонда(lambda sonda sleeve)
« на: 16 Октомври 2012, 12:39:40 pm »
Еве со времево си најдов пауза и случајно се закачив на една страница во која се зборува како да се направи дистанцер за втората ламбда сонда,т.е. сондата после катализаторот,да не се појавува check engine сијаличката кога ќе се извади катализаторот или испразни,кај мене е испразнет катализаторот и сондата е без дистанцер,не покажува грешка но покажува високи параметри и смешата е пребигата,така што и ладна и загреана низ ауспух мириса на бензин,лаик сум за овие работи ,но ми треба мала помош од вас,дали ако ставам дистанцер треба да биде пробушен така што ќе влегуваат гасови до сондата или треба да биде запушен дистанцерот или сливерот како го викаат англичаните,некои велат дека сливерот треба да биде запушен и во него да се зашрафи сондата,така сондата ќе има чист кислород внатре и ќе го лажи ECU-то дека смешата е чиста,исто како да има катализатор нов,и нема да свете чекот а потрошувачката ќе биде во нормала,еве тука линк од каде го прочитав ова со сливерот http://www.arcs.org.rs/forum/viewtopic.php?f=13&t=48769 ,подлу типот објаснува home made изведба но вели дека избушил две дупки како би гасовите поминувале до сондата но во смален капацитет.Мислам дека и на нашов форум се има зборувано доста на оваа тема но не можев да најдам каде точно  ???

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Одг: Дистанцер за ламбда сонда(lambda sonda sleeve)
« Одговори #1 на: 16 Октомври 2012, 12:51:52 pm »
Јас мислам дека тебе ти е друго проблемот, корекција на смешата врши првата сонда, онаа пред катализаторот. Таа кажува дали е ОК смешата. Оваа втората само кажува дали е ок катализаторот. Во суштина, смешата е подесена за да има повеќе воздух, односно малку сиромашна зошто несогорениот кислород е потребен за катализација на издувните гасови. Ако ти мириса на бензин, тогаш значи тебе ти е пребогата смешата, односно има несогорен бензин во издувните гасови.
Спрема тоа, изгледа дека онаа сонда пред катализаторот треба да ја провериш.
Друга работа, ако колата мисли дека не е загреана (сензор за температура на мотор), тогаш ќе ја збогати смешата.
Трета работа, ако МАФ сензорот мисли дека проаѓа повеќе воздух отколку што навистина поминува низ него, еку-то пак ќе ја збогати смешата.

Или со други зборови, дистанцерот нема да ти помогне многу :) Али кога сме веќе кај него, ако сондата детектира чист воздух (премногу О2 во „смешата“), тогаш ќе каже дека катализаторот не работи и може да ти акне грешка на дисплеј. Така да, верувам дека треба да има соодветно дупче.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: Дистанцер за ламбда сонда(lambda sonda sleeve)
« Одговори #2 на: 16 Октомври 2012, 13:31:30 pm »
На дијагностика не јавува грешка ,само една ламбда сонда има кај мене,пред катализаторот,а во катализаторот има цевка заварено но издупчена со неколку дупчиња,и за потрагично да е,тоа е направено во Германија,случајно кога го отворавме за да го извадиме тоа с....то однатре,кога ќе видиме има што да се види,нема ништо освен цевка избушена со неколку дупчиња,сите останати сензори работат исправно и даваат точни податоци,како на ладен мотор така и на загреан,сите сензори се еден по еден тестирани,а ги има многу,во зимно време дека нема катализатор испушта пареа како парна локомотива,но во пареата се осеќа мирис на бензин и кога е добро загреана колата,посебно на кратки релации низ град,еве сега и на топло време брзо постигнува работна температура и пак мириса на бензин низ ауспух,на дијагностика не јавува пребогата смеша,токму и затоа не можеме да откриеме каде лежи зајакот,остана така не решен проблемот,на загреана кола се јавува турбо дупка при нагло додавање на гас,затоа ја поставив темава мислејќи дека се е до сондата која е поставена во празен катализатор т.е. лонец,и дава погрешни резултати,тогаш зошто ми рекоја пред 4 години дека не чини сондата и ми ставија нова,но се е исто само што сега колата изгуби на забрзување и почна да се јавува тој мирис на безнин низ ауспух,сондата е BOSH.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Одг: Дистанцер за ламбда сонда(lambda sonda sleeve)
« Одговори #3 на: 16 Октомври 2012, 13:41:35 pm »
Аха, а на тестер што вика сондата? Колку волти покажува кога е загреана? 

http://www.lambdasensor.com/main/mtesting.htm

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Auto Car Care

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1673
  • Mafra.Menzerna.Gyeon
Одг: Дистанцер за ламбда сонда(lambda sonda sleeve)
« Одговори #4 на: 16 Октомври 2012, 16:00:16 pm »
Аха, а на тестер што вика сондата? Колку волти покажува кога е загреана? 

http://www.lambdasensor.com/main/mtesting.htm
На дијагностика покажува приближно 1.44 и варира од 1.18 до 1.44 ,а мислам дека треба да биди од 0.80 до 0.98