Автор Тема: Honda Insight - хибрид близок до реалноста  (Прочитано 4678 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Honda Insight - хибрид близок до реалноста
« на: 02 Октомври 2011, 23:06:04 pm »
Моментално најефтиниот хибрид кој се нуди на пазарот кај нас. Во цена не е многу далеку од дизел верзиите на коли слични како Инсајт. Конечно дојде нормалниот хибрид, кој чини пристојна сума на пари. Приближно 18.900 евра во Македонија.

Полека се добива една реална слика на хибридот во поширокото општество. Овие возила на овој или оној начин стануваат фраерски. Отстапуваат од оној стандард и пред се имаат поента, како и приказна зад нивното купување. Во убаво издание, со малку труд, како и кај секоја подобра кола може да се добие многу добар изглед, но овојпат и посебен имиџ.





Внатрешноста на возилото е доста стандардна за Хонда и не е многу различна од останатиет. Како и да е квалитетот е на доста високо ниво, иако не највисоко. Знаејќи дека е Хонда, ако ништо друго барем сме сигурни дека нема да има некој проблем во дегледна иднина.

За возење е многу интересна, и нуди еден посебен шмек со електромоторот кој е многу паметно (ефтино решение) закачен како и ЦВТ менувачот. Доста разлика од возењето со мануелен менувач, што може да фрустрира на почеток. Ама тоа ќе помине. Се што треба е да се опуштиш и да го оставиш да си работи.

Комфорот е на пристојно ниво, и нуди сосема доволно. При подолги патувања, коефициентот на отпор посебно помага, правејки го Инсајт вистински крузер.

Големината на возилото, е од средната класа што всушност ја прави блиска до Цивик, а кога подобро ќе размислиме, тоа е одлична кола за во град и за на отворено. Соодветно нејзината употреба заедно со багажникот сличен на Цивик, ќе ја направи комплетно возило кое може да се користи постојано.





Стигнавме до моторот. Моторот кај инсајт се состои од еден бензински мотор, кој не местото кај замаецот има електромотор. Тоа претставува генијално решение, кое е доволно просто за да биде ефтино, кое е доволно ефикасно за да даде одлични резултати. Секако дека е за нијанса понеефикасно од она кај Приус, но цената е значително (8000 евра) пониска. Како и да е разликата е доста мала. Моторот потегнува од многу ниски вртежи благодарение на електромоторот, и решението со застанување е решено на многу употреблив начин. Всушност моторот комплетно се гаси при застанување, а при тргнување се пали електромоторот, кој ја задвижува колата, а потоа се пали бензинецот. Тоа всушност овозможува да се избегне употреба на бензинецот во моменти на највисока потрошувачка, а тоа е при тргнување. Електронската контрола на вентили овозможува затворање на вентилите од бензинецот во одредени моменти и употреба само на електро мотор. Иако се врти моторот тој додава помалку од 5% на потрошената енергија од батериите, заради затворените вентили.
Големиот број на интересни додатоци ја прават колата интересна во нешшто што не делува интересно на прв поглед. Гаџетите за намалување на потрошувачката ве учат како да потрошите помалку, на интересен начин.






Грешките кои повеќето ги прават во оваа кола е што ја возат на напнат начин со голема доза агресивност, за која таа не е предвидена. Идејата на возилото е да се опуштиш максимално и да се препуштиш на тишината и убавината наоколу.
Прекрасно!


Потрошувачката во рамките на моето возење низ градот беше околу 6,5 литри во град каде Фокусот 1.6 троши 10 литри. А на релаксирано возење низ вечерните часови и растеретени улици околу 4,5 литри, каде фокусот трошеше 7. Просечна потрошувачка беше околу 6 литри на сите поминати километри, во споредба со 9,5 во Фордот. Се на се, напредок во вистинската насока.



Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Honda Insight - хибрид близок до реалноста
« Одговори #1 на: 02 Октомври 2011, 23:19:53 pm »
Денес се видов на кратко со нашиот шофер чиј брат купил вакво нешто.....!

Неговиот коментар беше......:




Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Honda Insight - хибрид близок до реалноста
« Одговори #2 на: 02 Октомври 2011, 23:27:32 pm »
Хонда ПРИУС. Во ова се влага со актовка или со членска картичка од PETA или некоја организација за зачувување на планетата, облечен во хипи стил.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Honda Insight - хибрид близок до реалноста
« Одговори #3 на: 02 Октомври 2011, 23:29:23 pm »
Денес се видов на кратко со нашиот шофер чиј брат купил вакво нешто.....!

Неговиот коментар беше......:





Секој има право на свое (погрешно) мислење :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Honda Insight - хибрид близок до реалноста
« Одговори #4 на: 02 Октомври 2011, 23:29:42 pm »
Ја можда не би бил толку експлицитен, али и моите импресии од Инсајтот не се нешто посебно позитивни. Мада, моделот што го возев, го возев пред година и кусур, и беше пред фејслифтот, па имаше некои другачии ситници во ентериерот. Како и да е..

Моторот е бездушен. Електромоторот е ок. Не изненадува со перформанси, али и не би требало.

Потрошњата со нормално возење во градски услови е слична на таа што ја кажува Дени. Сепак, за да ја добиеш таа потрошња треба да возиш многу внимателно, а секојдневно не би можел да го правам тоа. Ќе полудам.

Ентериерот (за Хонда) дури ме разочара. Пластикарија насекаде и неудобни седишта. Под потпирачот за рака имаше дуплофан за да се држи затворен. Цепки.

Ергономијата беше типична Хонда, задоволителна.

Прегледност добра, багажник огромен.

Стабилност.. Смешна.

CVT-то едноставно не го сакам. Хонда може да направи Хибрид со мануелен мењач што ќе биде добар. Со CRZ го докажаа тоа. Pass.

Целата кола се осеќаше некако како.. Лименка.

Заклучок: Пре би модерен дизел него Хибрид, во било која изведба/варијанта. Особено пре би земал дизел него Инсајт.

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Honda Insight - хибрид близок до реалноста
« Одговори #5 на: 02 Октомври 2011, 23:33:39 pm »
Денес се видов на кратко со нашиот шофер чиј брат купил вакво нешто.....!

Неговиот коментар беше......:




Аман бе луиџе што правите со сликиве , не може човек на раат да јаде !!! ;D
А ова плавово не ми се свиѓа ич , што знам сите хонди ми се исти веќе . Сите се слични .  

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Honda Insight - хибрид близок до реалноста
« Одговори #6 на: 02 Октомври 2011, 23:37:24 pm »
Денес се видов на кратко со нашиот шофер чиј брат купил вакво нешто.....!

Неговиот коментар беше......:





Секој има право на свое мислење ама шофер кој што досега има извозено коли во вкупна вредност од неколку милиони евра има право да дава валидно мислење за возила.
Возам јапанац, навивам за јапанац, ама ова според него е тотално срање....!

Само сум искрен јебига...!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Honda Insight - хибрид близок до реалноста
« Одговори #7 на: 03 Октомври 2011, 01:12:27 am »
па според  текстот можам да заклучам дека ова е специфично возило и на повеќето од нас не би ни одговарало....на некој заради начинот на возење(поагресивен),на некој заради недоволната снага,на некој ради изглед итн.итн....
п.с Спортекс,можеби тој човекот за кого кажуваш очекувал нешто сосем поинакво,па затоа е разочаран  ;)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Honda Insight - хибрид близок до реалноста
« Одговори #8 на: 03 Октомври 2011, 09:47:40 am »
Jas samo ke kazam deka se plasam deka celava avto industrija se razviva i dvizi vo ovoj pravec  >:(

BTW, Brat my na soferot ja komentiral, covekot sto ja kupil moze mu trebala ili mu se svigja  :-X

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Honda Insight - хибрид близок до реалноста
« Одговори #9 на: 03 Октомври 2011, 10:24:49 am »
Хммм... абе нешто засмрде на село или е сугестивно ???

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Honda Insight - хибрид близок до реалноста
« Одговори #10 на: 03 Октомври 2011, 13:06:11 pm »
Jas samo ke kazam deka se plasam deka celava avto industrija se razviva i dvizi vo ovoj pravec  >:(

BTW, Brat my na soferot ja komentiral, covekot sto ja kupil moze mu trebala ili mu se svigja  :-X
ич да не се плашиш,никој не е толку ненормален да си ја скрати заработката,или поедноставно Мерцедес нема да пушти некое електрично моделче а со тоа да си го отргни вниманието од ц класата или да ја запостави ц класата која е најбитниот модел.....истото важи и за другите компании
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Honda Insight - хибрид близок до реалноста
« Одговори #11 на: 03 Октомври 2011, 13:30:27 pm »
па според  текстот можам да заклучам дека ова е специфично возило и на повеќето од нас не би ни одговарало....на некој заради начинот на возење(поагресивен),на некој заради недоволната снага,на некој ради изглед итн.итн....
п.с Спортекс,можеби тој човекот за кого кажуваш очекувал нешто сосем поинакво,па затоа е разочаран  ;)

Pa on ja povozil zatoa sto brat mu se pozalil deka ne e bas mnogu niska potrosuvackata pa cisto da sporedat stil na vozenje, da ne e do toa.
Ne prasav kolku e toa BAS NISKA ama ne bil covekot zadovolen vo nikoj slucaj.
Vika deka kolata vegetira a ne odi. Za da go istrpish toa takvo odnesuvanje na voziloto vika mora nesto drugo da ti ja izmamuva nasmevkata na liceto a toa e edinstveno potrosuvackata koja vika ne e tolku niska za da go postigne momentot.
zaklucok...sranje u boja na hibriden pogon.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Honda Insight - хибрид близок до реалноста
« Одговори #12 на: 03 Октомври 2011, 13:33:14 pm »
Jas samo ke kazam deka se plasam deka celava avto industrija se razviva i dvizi vo ovoj pravec  >:(

BTW, Brat my na soferot ja komentiral, covekot sto ja kupil moze mu trebala ili mu se svigja  :-X
Ова е толку прекрасен правец, да нема потреба од плашење. Само замаецот се менува со помал и се става електромотор, и пар батерии. Електрониката делимично се преправа и толку. Значи колата си е апсолутно иста како обична, само има плус електромотор кој одлично се снаоѓа во град. Win Win сичјуејшн. И најважно од се системот е ефтин.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Honda Insight - хибрид близок до реалноста
« Одговори #13 на: 03 Октомври 2011, 15:24:47 pm »
И тежок, и комплициран, и со questionable long-term исплатливост, и со questionable battery life..


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Honda Insight - хибрид близок до реалноста
« Одговори #14 на: 03 Октомври 2011, 15:35:50 pm »
И тежок, и комплициран, и со questionable long-term исплатливост, и со questionable battery life..


можи после фејслифтот нештата се подобрени
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D