Стигнавме до една година дружба со 159-ката
По една година и поминати околу 12-13.000км, може да кажам дека воопшто не згрешив во изборот.
Откако ја купив, колата беше почастена со:
-18-ки бандаши
- Гуми Michelin Super Sport 245/40/18
- Eibach Pro Kit -30mm пружини
- Завеси за задните прозори
- Редовен сервис - филтри и уље
- „голем“ сервис - ремени и затегачи
- Третман на каросеријата со керамичка заштита кај Даме
Сега за сега, тоа е се`, воглавно не ни планирам нешто повеќе да правам освен редовно одржување. Здравје, можеби кога ќе дојде време за предницата, да ја „полиуретанизирам“, и кога ќе дојде време за амортизери Bilstein B6 или B8. Mожеби странични Тi прагчиња.....