Ех па и ти, затоа се отвараат вакви теми. Автомобилизмот и дискусиите околу него драстично опаднаа на форумов, па мора некако да се вратат, зашто нели, тоа и е основа на еден автомобилски форум.
Единствениот пропуст на Фиат групацијата моментално и претходно е што не пуштија во продажба мотор поголем од 2.4 JTD. Тоа наскоро ќе се смени со V6 дизелот кој би требало да конкурира, па и да да биде подобар од конкурентите. JTD според мене е една од малкуте светли точки во италијанската автомобилска индустрија, покрај дизајнот, управливоста, и чистокрвните италијански V6 и V8 мотори.
Кога ќе видиш, светли точки не се ни толку малку.