Мал апдејт..ми стана досадно по дома, па ми текна дека имам тема тука..
Од ко го купив поминав околу 15000 км и му купив летни гуми (Мишелин енерѓи савер+) уште во Април годинава. Претходно слушав некоја бучава од задните тркала и се мислев дека имам некој лагер за менување, али после ставање на гумиве голфов спие

не очекував дека ќе има толкава разлика. Потрошњата преку лето тера од 5.6 до 6.6/8, ја презадоволен.
Имав у план да менувам поголеми бандажи, али поради потребата од вонреден технички, одложив се дур не поминат уште две години.
Иначе доста сум задоволен од моторот, има доста снага, иако возев цело време дизел и навикнат сум да возам на пониски вртежи, со овој немам никаков проблем да си го одржам истото темпо. Нормално, од време на време писка на 5-6000 вртежи колку да избаци бактерии

Е сега, се изначитав за проблемот со ланчето и триста чуда што може да се случат. Откако залади го слушав типичниот звук на ладно палење кој траеше од неколку секунди до минута максимум и толку, после цел ден пали вози нема никаков звук. Али од што ме чешаше џебот и сакав да бидам пораат и изначитав доста работи, го однесов во официјален сервис. Нормално, доста запознаени со проблемот, ми ја прикажаа стандардната процедура. Ми ги променија сите работи кои што се поврзани со ланецот и околу него и ми извршија стандарден сервис(улје, филтри), баш како што и му беше редот

Ланчето не било променето до сега (132к км), така да според сервисот било истегнато. VW во случајов не покрија ништо поради големата километража, али за среќа сеуште имам приватна гаранција, која што ја покри целосната "штета" . Мене ми остана само улјето и филтрите.
Си купив кабел за дијагностика од али експрес за некојси 15-20 долари и активирав некои заебанции, као coming/leaving home и скандинавски дневни светла. Би препорачал на секој да си има домашна дијагностика, најчесто за читање на грешки и мали модификации у електроника.
Доста тупам, некои слики


тука со нови таблици и тазе перен




Нарачав некои пластични кругови као замена за командите за вентилацијата, али не ми ги исполнија очекувањата..Али нека седат сега, не дека не се вклопуваат со средната конзола.
Осветлувањето е тоа што не ми се допаѓа.

еве комплетна слика

Купени 4 зимски гуми (GoodYear Ultragrip 8 ) и монтирани на челични црни бандажи. Имам и раткапни, али претходниот сопственик (јаран Босанец) ги офарбал со црна боја па целите се излупени и не ги ставив дур не ги средам као што треба. Некоја слика



еве една истружена раткапна и две фарбани. За жал, не зедов оригинална боја, малце на сиво тепа, али нема да биде погрдо од сега


Сега имам уште две за викендов да средам
И неколку вечерни, рандом слики


Планови:
1. сега набрзо сакам да уградам сензор за светла, кој што заедно оди со нов прекинувач кој автоматски ги пали сите светла во темна околина, што би ми било корисно бидејќи поминувам доста низ тунели.
2. Да ги средам раткапните за да барем го зачувам стандардниот изглед.
3. Ко ќе дојде време за технички, а може и порано, да најдам добри 17ки или 18ки, би сакал во темно сива боја, пропратено со ниски спирали.
4. Долниот дел од браникот, би сакал да го модифицирам или да набавам друг (од ГТИ) кој што ќе ми дозволи да поставам две дискретни цефки за издувот или комплетен заден лонец.
5. Да ги извадам задните значки.
6. Да инсталирам некако АУХ излез на фабричково радио.
Моментално е тоа што ми доаѓа на памет, па ако имате некои предлози, слободно искоментирајте
До следниот пат...ПоздраVW