Автор Тема: Peugeot 206 проблем со абс  (Прочитано 1859 пати)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Peugeot 206 проблем со абс
« на: 20 Мај 2015, 22:28:59 pm »
Станува збор за пежо 206 кое немаше сензор на предно десно тркало, односно сензорот беше смачкан при удар. Ставив нов сензор ама сега имам друг проблем, немам ниедна грешка запишана во абс модулот но на мала брзина при вртење на пример да се уклучам од споредна улица се движам споро и притискам на кочница се активира абс-от. Возев со уклучена дијагностика и увидов дека овој сензор на предно десно тркало се до 15км/ч покажува брзина нула, а од 15 нагоре си покажува исто како и другите и функционира исто како и другите. До што би можел да биде проблемот стварно немам идеи

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Peugeot 206 проблем со абс
« Одговори #1 на: 21 Мај 2015, 02:25:32 am »
значи чим се вклучува пумпата, тоа значи модулот отчитува блокирано тркало,чим ротацијата е 0 на тоа тркало, па автоматски за него е знак да вклу абс, за да одблокира тркалото...

 чаре:

РЕСЕТ на модулот направи. треба да ги препрочита параметрите... знаеш како иде редот за ресетирање на компјутер со вадење клема... направи го тоа и во исти момент ке се изресетира и модулот...

откачи клема, дади контакт, пушти светла, испуши цигара, врати по обратен редослед се и пробај.. ако пак го прави тоа истото, тогаш или сензорот не е како што треба или модулот е сјебан електронски, можно е да попил струен удар при сообраќајката или како и да бил смашкан сензорот...

кај мене на волот модулот е сјебан. задно десно тркало не го чита. и не само на мојот, него на сите волови, кај што им свети абс, проблемот е со модулот, а на дијагностика покажува задно десно тркало на сите а на половината вели и пумпата е расипана... кај мене и тоа и тоа го покажува... на претходното само задно десно тркало...

ке го средам, ке го средам, ке го средам и ете, го средувам откако сум го купил... а и не ми пречи, поготово што знаеме дека на сува површина, абс-от уствари го продолжува кочењето се до застанување на 0
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43644
  • Il Moderatore
Одг: Peugeot 206 проблем со абс
« Одговори #2 на: 20 Јуни 2015, 20:10:16 pm »
@nikola_bb, Можно е случајно при ударот да бил оштетен и хал прстенот на главчината. Ако можеш (ако се исти) смени го левиот со десниот сензор, види дали на предно лево ќе се понаша така сензорот, или ќе си остане на предно десно. Ако се префрли на предно-лево, тогаш е до сензорот, ако си остане на предно десно тогаш е прстенот на главчината.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг:
« Одговори #3 на: 20 Јуни 2015, 22:48:28 pm »
Problemot e resen nekoj dali navaruval ili prerezuval kaj navojot i senzorot stoese malce vo koso. Koregirano e i se e vo red

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: Peugeot 206 проблем со абс
« Одговори #4 на: 20 Јуни 2015, 23:51:38 pm »
@nikola_bb, Можно е случајно при ударот да бил оштетен и хал прстенот на главчината. Ако можеш (ако се исти) смени го левиот со десниот сензор, види дали на предно лево ќе се понаша така сензорот, или ќе си остане на предно десно. Ако се префрли на предно-лево, тогаш е до сензорот, ако си остане на предно десно тогаш е прстенот на главчината.

dap ova i na pezoto 607 na sestra mi i se desi samo prstenot go smenija i spie sea :)