Автор Тема: Опции за подобар звук .. Audi Concert  (Прочитано 3443 пати)

Отсутен isutarov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 73
Опции за подобар звук .. Audi Concert
« на: 20 Мај 2015, 00:47:05 am »
Поздрав луѓе,

Имам намера да направам некое подобрување на фабричното озвучување па ми требат ваши совети ..
Се работи за Audi A5 со Audi Concert аудио .

Прво ме интересира дали е изводливо додавање на појачало и сабвуфер без да се отвара напред маската , пластиките ..
Значи дали е можно да се зеде сигнал за појачалото од задните звучници?

Друго што ме интересира е дали со замена на звучниците во вратите со некои подобри ке се добие голема разлика и дали тоа ке го издржи појачалото што го има фабрично ауди концерт ?

Ако ова е изводливо би ве замолил да ми препорачате некој кој може професионално да го изведе..

само за споредба , пред аудито имав Мазда6 со Bose саунд систем .. би сакал да добијам квалитетен звук приближно како тој.. :)

Ви благодарам
Audi A7 & BMW R1200GS

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10967
  • 430i
Одг: Опции за подобар звук .. Audi Concert
« Одговори #1 на: 20 Мај 2015, 12:59:51 pm »
Претпоставувам дека аудио системот на Аудито е сосема солиден. Не би требало да ги чепкаш звучките.
Маската мислам дека мора да се извади. Барем кај мене така беше изведено. Со тоа што и звучките се поврзаа преку скретница/филтер (не знам точно како му е името) и се извади кабел за појачало па вуфер.
Добив многу почист звук и далеку пополн заради вуферот. Не ставив огромен туку доволно за во кабина да го имам звукот што го сакам (може да видиш кај мене во гаража).
Опремата ја пазарив и монтирав во Дог Секјурити.

Во консултација со дечките од Беверли Хилс што продаваат Кенвуд, ми кажаа дека само со промена на радиото (онакво со колор дисплеј, тач екран ...) ќе добијам уште подобар звук, без чепкање на звучниците.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Опции за подобар звук .. Audi Concert
« Одговори #2 на: 20 Мај 2015, 13:05:57 pm »
Може да се земе High-level од задните звучници, но подобро е да се извади директно од радиото ако има излез за засилувач. Обично понапредните радија имаат. Со тоа ќе добиеш и контрола врз засилувачот, а со вадење од задни звучки ќе ја нема таа контрола. Како и да е, нема зошто ти да се замараш за отворање и затворање кога си има фирми кои може да го изведат тоа што треба за да монтираат тоа што сакаш. Таа „маска“ ќе се извади само кај радиото или околу него, нема да се вади цела конзола во секој случај. Затоа и се направени тие поклопци за да се вадат.

Никако немој да ставаш афтермаркет радио. Ќе ја остареш колата за сите пари. Само OEM радија.

Јас само би додал соодветни звучници на потребните места заедно со убаво осмислен сабвуфер, не би ги вадел постоечките звучници - ниту радиото.

Отсутен isutarov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 73
Одг: Опции за подобар звук .. Audi Concert
« Одговори #3 на: 20 Мај 2015, 13:17:28 pm »
Афтермаркет радија во никој случај. Всушност ОЕМ радиото немам намера да го менувам.
Тоа што не сакам да се вадат маските е заради тоа што не би сакал после тоа да има крцкања или гребнатини по пластиките..
Мислам дека доволно би било појачалце во гепек и сабвуфер .. Видов дека има позади звучки затоа и ми дојде идејата да се извади сигнал од таму.. Исто така во гепек има и напојување 12в , не знам дали би било тоа доволно за појачалото?
Audi A7 & BMW R1200GS

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Опции за подобар звук .. Audi Concert
« Одговори #4 на: 20 Мај 2015, 13:22:27 pm »
Сигурно нема да е доволно. Не ме фаќај за збор... :) Тоа е за до 100W привремено оптеретување обично, а за појачало ти би сакал 10mm2 кабел како ништо. Зависно од она што планираш да го ставиш како засилувач, но штом е седан кола автоматски треба сочен сабвуфер за да ја исполни. Испод 10ка не би размислувал јас лично.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Опции за подобар звук .. Audi Concert
« Одговори #5 на: 20 Мај 2015, 20:14:16 pm »
Здраво Исутаров.
За да добиеш поквалитетен звук кој го имаш во Аудито од сегашниот, би те посоветувал да спремиш од 1500 до 2000 евра доколку не сакаш да го менуваш радиото или пак + уште ххх евра за + радио.
Пример колата ке ми ја оставиш недела дена, нема да имаш ниту гребаници ниту крцканици и ке ти свири како во дискотека, или пак како во МНТ кога си на концерт на филхармонија при МОБ.

На крајот ке добиеш писмена гаранција за вградените елементи, изолации, звучници, кабли итн итн.

Поздрав.

р.ѕ.
За 200 до 400 евра колку што ке ти земат за монтажа на звучници по било кој од сервисите ке го добиеш баш она што го наведе во некој од претходните постови.

Поздрав 2.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.