Автор Тема: Проблем со Golf 5 1.9 tdi, губи снага  (Прочитано 10225 пати)

Отсутен vlavot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 352
Проблем со Golf 5 1.9 tdi, губи снага
« на: 10 Мај 2015, 20:21:51 pm »
Здраво дечки, ве читам редовно, се претставив пред недела дена мислам дека беше, имам еден проблем па сакам да го споделам да видам што мислите. Извинување до форумов ако темава не е на правилно место нека ја преместат, барав нешто како подфорум подтеми со проблеми но не најдов и решив да ја сместам овде.

Купивме голф 5 1.9 tdi, со 172.000 си има сервисна книшка редовно сервисиран, (што секако не може да знаеме дали е точно тоа во сервисната)
2006 година, извршивме голем сервис сега пред 500 км ние, вака изгледа во солидна состојба.
Јас го мапирав и извади на 4200 rpm 155.7 коња.
Некна возејќи накај Скопје забележав дека пример еве 4-та полна гас при забрзвуање и надминување на 4000 рпм одеднаш возилото губи снага без разлика дали давам гас или не, паѓа брзиномерот, се осеќа на педалото Голфот не влечи. Застанувам ја гасам ја палам колата и нема гајле си влечи забрзува супер, 1, 2 и 3, до 4500+ rpm нема проблем но еве 4-та нагло забрзување 4100+ рпм се случува она што го читам на многу форуми, limp mode.
Истото го забележав и кога еве сменам во 5-та брзина па 6-та и на 200-210km/h возилото одеднаш губи снага. Го гасам возилото палам и опа еве ја снага. Изначитав мноогу форуми за ова по интернет и никој од нив нема дефинирано објаснување која е причината поради коа ова се случува, некој вели маф сензор, некој турбо, некој црева од турбината итн.
Па дали имате некои сугестии, пред да ја носам на мајстор колава, не дека е проблем ова, секако менам брзини на 3200 rpm ама знаете ги има они моменти и не сакам да се мислам дали ќе загубам снага или не. Однапред благодарам

Видео како изгледа limp mode
“Speed has never killed anyone. Suddenly becoming stationary, that's what gets you.”

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Проблем со Golf 5 1.9 tdi, губи снага
« Одговори #1 на: 10 Мај 2015, 20:31:06 pm »
Здраво другар, како прво по мое немаш никаква потреба да го газиш над 4000обртаи дизел е тоа само штетиш, а немаш потреба. како второ ти се става во лимп моде поради преголемиот притисок и заштита ти се става во сигурен мод, ако сакаш подолго да си го чуваш моторот не го гази толку, подобро смени во друга брзина, секако снагата ти е иста и на 2000обртаи и на 4000 обртаи ;)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Проблем со Golf 5 1.9 tdi, губи снага
« Одговори #2 на: 10 Мај 2015, 20:34:47 pm »
немам појма шо може да биде... ама мислам не би требало да е турбото.. ако не ти работе турбото колата ке ти биде тромава уште од старт, без разлика која брзина га возаш, како обичен стар дизел ке ти биде, иначе однеси ја на дијагностика, ваљда може да компјутер да ти ја проверат

Отсутен vlavot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 352
Одг: Проблем со Golf 5 1.9 tdi, губи снага
« Одговори #3 на: 10 Мај 2015, 20:34:58 pm »
Си мислам и јас еве, дека има шанси да е сама заштита на моторот, но премногу посотви на нет има како можеби не е во ред нешто, и конкретно на 200km/h ми се губи снагата, според тоа што читав на други не им се случува ова. И точно дека е дизел и ептен ретко го газам толку, ама 2000 обратаи се вклучува турбото па нагоре :)
“Speed has never killed anyone. Suddenly becoming stationary, that's what gets you.”

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Проблем со Golf 5 1.9 tdi, губи снага
« Одговори #4 на: 10 Мај 2015, 20:51:18 pm »
Здраво другар, како прво по мое немаш никаква потреба да го газиш над 4000обртаи дизел е тоа само штетиш, а немаш потреба. како второ ти се става во лимп моде поради преголемиот притисок и заштита ти се става во сигурен мод, ако сакаш подолго да си го чуваш моторот не го гази толку, подобро смени во друга брзина, секако снагата ти е иста и на 2000обртаи и на 4000 обртаи ;)
вистина!
ако веке се сомневаш, однеси ја да ти ја ѕирнат, да не те копка цело време :)

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Проблем со Golf 5 1.9 tdi, губи снага
« Одговори #5 на: 10 Мај 2015, 20:53:09 pm »
Можеш да ја вратиш фабричката мапа па да пробаш дали ке прави така?

Отсутен Ученик

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 525
Одг: Проблем со Golf 5 1.9 tdi, губи снага
« Одговори #6 на: 10 Мај 2015, 20:54:00 pm »
Прашање : Каде и кога ја чипуваше колата, и дали ти се случуваше ова пред зафатот ?

Се случува на овие мотори да влезат во сејф мод, а најчеста причина е лош МАФ сензор. Бидејќи ти е чипувана, можно е и да има overboost, па поради тоа да оди во сејф мод. Ова е секако претпоставка и најдобро ке е да ја ставиш на компјутер за да си сигурен.

Отсутен vlavot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 352
Одг: Проблем со Golf 5 1.9 tdi, губи снага
« Одговори #7 на: 10 Мај 2015, 23:41:36 pm »
Па во автотек електроник ја чипував, и не знам не ја возев доволно пред да ја мапирам, и не не можам да ја вратам фабричката мапа за жал, мислам дека дечките од автотек ја немаат, или ако ја имаат ќе треба пак да плаќам сума за тест, а и разликата пред и по мапирањето е ден и ноќ, не би можел пак назад :). Знам дека имаше едно цревце од турбината метално од кое течеше уље ама сменето е и санирано тоа и пак го прави истово, особено коа нагло забрзувам , ако е постепено и не се случува, некна на 180 нагло забрзување ми се случи а претходно постепено 210 немаше гајле. Можда гареж во турбината или маф или нз. Турбото не е, бидејќи колата си влечи убаво, не свири не чури идеално работи...
“Speed has never killed anyone. Suddenly becoming stationary, that's what gets you.”

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #8 на: 11 Мај 2015, 00:05:46 am »
Кој гареж кои бакрачи, колата ти прави овербоост заради недобро мапирање. Оди си кај дечките и без пари да си ја средат колата како што треба. И алал да им е на дечките што од 105кс ти извадиле 155 ;D

Отсутен pero sipino

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 220
Одг: Проблем со Golf 5 1.9 tdi, губи снага
« Одговори #9 на: 11 Мај 2015, 00:25:09 am »
колку иди то фазла од 40% појачување

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Проблем со Golf 5 1.9 tdi, губи снага
« Одговори #10 на: 11 Мај 2015, 00:59:21 am »
Ова сите што ти кажаа стои прво провери си ги тие работи плус јас би додал филтер за нафта не го рани доволно или ситка во резервоарот ако има види да не е запушена ......

Присутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Проблем со Golf 5 1.9 tdi, губи снага
« Одговори #11 на: 11 Мај 2015, 02:35:50 am »
Од кажаното, навистина изгледа како overboost, како што кажаа погоре. По се изгледа мапирањето е крвничко...

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Проблем со Golf 5 1.9 tdi, губи снага
« Одговори #12 на: 11 Мај 2015, 03:07:08 am »
Дефинитивно овербуст. Иако сосема различна кола возиме, и јас го имав истото додека возев со ремапот од Автотек, па направивме мали корекции и се среди. Фабричката мапа ја чуваат и мислам дека не би требало да плаќаш ништо

Овербуст нема врска со исправноста на турбото, на таа брзина и тие обртаи VNT исто така не игра улога. Овербуст е софтверска заштита, односно бидејќи контролата за бустот оди преку соленоид, кога ќе забележи отстапување надвор од границите на мапата, го отвора растеретниот вентил и наеднаш немаш буст, односно ја гаси турбината
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг:
« Одговори #13 на: 11 Мај 2015, 03:39:25 am »
Utnale nekoj limiter kako svbl ili nesto slicno . Reklamiraj go fajlot hi trebalo da go sredat. Samo pred da ides zbrkaj ja da vleze vo limp mode za polesno da se najde greskata.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Проблем со Golf 5 1.9 tdi, губи снага
« Одговори #14 на: 11 Мај 2015, 11:04:44 am »
Дефинитивно овербуст. Иако сосема различна кола возиме, и јас го имав истото додека возев со ремапот од Автотек, па направивме мали корекции и се среди. Фабричката мапа ја чуваат и мислам дека не би требало да плаќаш ништо

Овербуст нема врска со исправноста на турбото, на таа брзина и тие обртаи VNT исто така не игра улога. Овербуст е софтверска заштита, односно бидејќи контролата за бустот оди преку соленоид, кога ќе забележи отстапување надвор од границите на мапата, го отвора растеретниот вентил и наеднаш немаш буст, односно ја гаси турбината


Agree! Имаш „проблем“ со overboost!

Не е Vtec дете :D