Автор Тема: Препорака за сервис на кочници  (Прочитано 5244 пати)

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Препорака за сервис на кочници
« Одговори #15 на: 27 Јануари 2015, 01:36:02 am »
Ќе отидам до сервисот Митревски го испофалија, нека ги изфуват цревцата со компресор, и воздух нека испуштат, еве слика од летоска кога сликав како лежи плочките и дискот, плочките се скоро нови исто и дискови, 19мм од 20мм.



>>>>><<<<<

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Препорака за сервис на кочници
« Одговори #16 на: 27 Јануари 2015, 01:38:03 am »
а зашт побогу, на нови дискови си рамнел?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
Одг: Препорака за сервис на кочници
« Одговори #17 на: 27 Јануари 2015, 01:41:54 am »
кога ја купив тресеше на кочење, дефинитивно беа криви дисковите.
>>>>><<<<<

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Препорака за сервис на кочници
« Одговори #18 на: 19 Мај 2015, 01:29:28 am »
денес дешавка со кочниците мои... со комбето... тргам на пат. кај разделувањето према велес што се двоиш, после сингелич, осеќам како благ удар онака, како ветер кога ке те дувне, и не ни обратив пажња. по автопат, ме претицува еден, ми свири и ми покажува нешто назад... застанав, гледам, нема ништо.. продолжив... на правецот пред патарината, пак осеќам таков удар, а веќе газам релативно јако и гледам лево десно некако не ми се гледа дека дува надвор, ама ај си продолжив... на патарина си застанав, нај нормално.. продолжувам накај велес, и пак еден ме престигнува, свири, покажува наназад на комбево, па застанав, пак гледам нем аништо... возам и даље, и почна некој мирис како на гума запалена некако, ама не баш гума ама така некако... и колегава исто вика, абе смрди нешто, изгледа од камионов пред нас, му се запалила некоја гума...

возам и даље и на велешка патарина да стиснам кочница, кога се растресе нешто одзади и педлава ми потона... браво мајсотре викам, ја урнав рампата сега.. кревам рачна до горе ја кренав, ја осеќам дека нема отпор, ни малку не почна да кочи.. едвај некако застанав... констатиравме со колегава дека гуртна се има одлепено. ги пипаме тркалава, левото тркало абе , скара да правиш на него.. ете зашто свиреле луѓето, тоа чурело од тркалата и горела гуртната, по моја претпоставка, се одлепила и се пикнала кај другата гуртна...

бев до радовиш, се вратив со таква кочница, поише на моторно кочење, помалку на педала, морав и поспоро да возам (и замисли помалку потроши комбево :) )

стигам кај боро, вадиме тркалата, на левото тркало на гуртните КОМПЛЕТНО ги нема материјалите за кочење... само еден куп прашина испадна од добошот... на десното тркало тука беа гуртните, ама и едната и другата до пола одлепени..

е сега, си го враќам филмот, на времето со реното, кога ми се деси поплавата во грција, точно после 6-7 месеци ми се деси истово, т.е. ми одлепи плочката од гуртната, само што тогаш извозев уште 4-5 километри до гаража, па тука беа плочките, а сега извозев уште 250 километри, па се сториле пепел, а со комбево некаде номври лани, влегов во огромна вода, (до фарови во вода, и товарниот дел ми се напи, и во нозе ми дојде вода) и ке излезев тогаш за 5 секунди ама на копукот пред мене му изгаси пунтото и останав во водата барем 5 минути додека да продолжам...

и тогаш со реното и сега со комбево истото беше.. на едниот добош одлепиле скроз, на другиот до пола, ама кај и да било, ке се одлепеле и тие.. и терминот што го користам ОДЛЕПИЛЕ уствари не е прав термин, затоа што и во едниот и во другиот случај, гуртните беа комплетно кородирани, а одлепените плочки  од гуртните, беа со корозија на себе.. значи, лепакот (кој и да е) останал на плочките, затоа што корозијата навлегла под него...

братов на боро, вели исто му се случило.. после поплава на возилото, после 6-7 месеци му одлепуваат предни плочки. кај него уште и бетер се десило.. во моментот кога му потонува педалата, он почиња на педалата да пумпа, па го затвора клипот до крај, железото се зарива во дискот и дабетер беља прави во моментот, кога му заблокирало предно тркало... вика едноставно изгубив контрола на колата. среќа возле околу 70 па успеал да застане... на крајот, веројатно нај голема улога игра, загреани кочници (железо) и ладна вода... преоверен рецепт за корозија на метални делови... и искривување...

поенатата ми е, СОВЕТ:

ако случајно ви се деси да ви биде поплавено возилото, без размислување, мењајте и гуртни и предни плочки... корозијата ке ги изеде, а вие ке се турите во голем ризик во тој момент... опасен момент...

едит...

слики утре... ако не заборавам да сликам...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
Одг: Препорака за сервис на кочници
« Одговори #19 на: 19 Мај 2015, 02:25:45 am »
А ако се нитувани наместо лепени позади гуртните ?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Препорака за сервис на кочници
« Одговори #20 на: 19 Мај 2015, 02:44:44 am »
нитувана гуртна? сериозен си? си купил репарирана гуртна па ти ја нитувале? нитувана може и е само ламела, гуртна не...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
Одг: Препорака за сервис на кочници
« Одговори #21 на: 19 Мај 2015, 03:13:37 am »
Само еднаш ги лепевме гуртните и слично ко кај тебе ги снема магично :D
Од тогаш нитовани ги возиме, пред 3 години пак ги нитувавме иако истите имаа уште за возење. Сега пред неколку месеци кога ги менувавме двете клипчиња, нитованите гуртни сеуште си се на местото и имаат ехеех уште доста ''месо'' за кочење. :)

Едит: Малку ги побркав работите, сега ми текна убаво како е. Значи задниве гуртни што ни се нитувани, 1 година и 4 месеци ги возиме, а претходните гуртни исто нитовани ги возевме некаде 3-5 години. Ги сменивме минатата 2014 година во јануари кога менувавме само гумици на клипчињата. На нив имаше сеуште материјал за кочење, ама кога е нитувана, неможеш докрај да ја потрошиш заради нитните, па во глобала од 0.5 мм, имаш фора 0.3 мм негде да трошиш па и затоа ги заменивме.
И ова зимо ги менувавме задните клипчиња, овие гуртни што си се 1 година и 4 месеци, си имаат уште за возење и кочење.

Еве и овие на сликава се нитувани, и кај мене исто се:
« Последно менување: 19 Мај 2015, 03:34:57 am FiLo »