Пред некое врем пишував дека ќе морам да ја фарбам колата затоа што некој пред да ја продаде си играл со make up на вратите.
Ја однесов колата кај фарбари и ми рекоа дека очигледно пред да се донеси колата тука во некоја бугарска гаража во Дупница во горниот дел на вратите под стаклата
е шприцната само со лак. Каков лак е во прашање незнам но како што ја носев колата во перална состојбата стануваше се полоша. Очигледно средството што го прскаат на колата пред да ја измијат стапи во некоја реакција со тој лак и набрзо вратите почнаада личат како да е колата 100 год стара и цело време да била на сонце.
Мајсторите побараа 500Е за фарбање на цела кола. Рака на срце ми изгледаше, а и сеуште ми изгледа премногу. Па во колата нема ништо за правење од лимарија ниту крпење ниту пеглање. Чиста припрема за фарбање и фарбање. Решив да ризикувам. На одредени места на вратите се гледаше дека ова е слој на лак ставен врз бојата. Зедов нитро разредувач и триев на едно место. Набрзо излезе основната боја. Сјајна баш како и останатиот дел од возилото. Решив да пробам што можам да направам. И ако зафркнам нешто, фарбањето секако не ми гини. Купив шмиргла за водено шмирглање со гранулација 2000 и почнав со мачната работа на вадење на лакот. Морам да признам дека не одеше лесно.
Еве како изгледаа вратите пред да започнам. Погледнете ја левата на првата слика. Десната веќе ја имав обработено пред да почнам да фотографирам.
Ова е слика од фазата на водено шмирглање
Кога почнав да го тријам лакот заклучив дека требаше да купам и шмиргла со поголема гранулација како прва фаза на стружење па после да продолжев со оваа 2000-ката затоа што раце ми паднаа додека го отстранив лакот.
Откако тоа се среди добро ја измив со шампон ја исушув и нанесов абразивна паста за покривање гребнатинки.
Морам овде да упатам критика до Samco бидејќи и на пп му се обратив и во други теми го прашував каде во БТ можат да се најдат нивни полир средства но не добив одговор.
Поради тоа купив тоа што можев да најдам овде. Абразивната паста е AREXON Abrasive Paste Mirage и од срце ја препорачувам. Феноменално ги покрива гребнатинките. Се што беше истружено со шмирглата го измазни со полирање и му даде сјај. Тука не застанав иако добро изгледаа вратите. Нанесов SONAX Xtreme Polish+Wax 3 - полир со восок кој потоа го исполирав со крзнена навлака со адаптер за поставување на бормашина. Резултатот е феноменален.
Впрочем сликите кажуваат се. Третирав три врати и трите се како нови. Нема ни трага од оние врати кои даваа слика на старо забаталено возило туку како сега да е извадена од салон.
Јасно се гледа каков сјај имаат вратите по рефлексијата со околината
А еве што се употребив. Црвениот SONAX не го користев денес само плавиот. Не е сликан и додатокот за машинско полирање.