Автор Тема: Одложување на фарбањето со полирање  (Прочитано 19270 пати)

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одложување на фарбањето со полирање
« на: 01 Октомври 2011, 14:36:29 pm »
Пред некое врем пишував дека ќе морам да ја фарбам колата затоа што некој пред да ја продаде си играл со make up на вратите.
Ја однесов колата кај фарбари и ми рекоа дека очигледно пред да се донеси колата тука во некоја бугарска гаража во Дупница во горниот дел на вратите под стаклата
е шприцната само со лак. Каков лак е во прашање незнам но како што ја носев колата во перална состојбата стануваше се полоша. Очигледно средството што го прскаат на колата пред да ја измијат стапи во некоја реакција со тој лак и набрзо вратите почнаада личат како да е колата 100 год стара и цело време да била на сонце.
Мајсторите побараа 500Е за фарбање на цела кола. Рака на срце ми изгледаше, а и сеуште ми изгледа премногу. Па во колата нема ништо за правење од лимарија ниту крпење ниту пеглање. Чиста припрема за фарбање и фарбање. Решив да ризикувам. На одредени места на вратите се гледаше дека ова е слој на лак ставен врз бојата. Зедов нитро разредувач и триев на едно место. Набрзо излезе основната боја. Сјајна баш како и останатиот дел од возилото. Решив да пробам што можам да направам. И ако зафркнам нешто, фарбањето секако не ми гини. Купив шмиргла за водено шмирглање со гранулација 2000 и почнав со мачната работа на вадење на лакот. Морам да признам дека не одеше лесно.
Еве како изгледаа вратите пред да започнам. Погледнете ја левата на првата слика. Десната веќе ја имав обработено пред да почнам да фотографирам.

Ова е слика од фазата на водено шмирглање

Кога почнав да го тријам лакот заклучив дека требаше да купам и шмиргла со поголема гранулација како прва фаза на стружење па после да продолжев со оваа 2000-ката затоа што раце ми паднаа додека го отстранив лакот.
Откако тоа се среди добро ја измив со шампон  ја исушув и нанесов абразивна паста за покривање гребнатинки.
Морам овде да упатам критика до Samco бидејќи и на пп му се обратив и во други теми го прашував каде во БТ можат да се најдат нивни полир средства но не добив одговор.
Поради тоа купив тоа што можев да најдам овде. Абразивната паста е AREXON Abrasive Paste Mirage и од срце ја препорачувам. Феноменално ги покрива гребнатинките. Се што беше истружено со шмирглата го измазни со полирање и му даде сјај. Тука не застанав иако добро изгледаа вратите. Нанесов SONAX Xtreme Polish+Wax 3 - полир со восок кој потоа го исполирав со крзнена навлака со адаптер за поставување на бормашина. Резултатот е феноменален.
Впрочем сликите кажуваат се. Третирав три врати и трите се како нови. Нема ни трага од оние врати кои даваа слика на старо забаталено возило туку како сега да е извадена од салон.

Јасно се гледа каков сјај имаат вратите по рефлексијата со околината
А еве што се употребив. Црвениот SONAX не го користев денес само плавиот. Не е сликан и додатокот за машинско полирање.

Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4968
Одг: Одложување на фарбањето со полирање
« Одговори #1 на: 01 Октомври 2011, 14:41:38 pm »
Рачно полираше?

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Одложување на фарбањето со полирање
« Одговори #2 на: 01 Октомври 2011, 14:44:51 pm »
Па најповеќе рачно. Делот шо го имам за ставање на бормашина е непрактичен. Си бара специјална машина за полирање така да уште раце ме болат :)
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Одложување на фарбањето со полирање
« Одговори #3 на: 01 Октомври 2011, 14:48:56 pm »
Одлично професоре! Уште да имаше машина за полирање ... Како и да е, ако ја исклучиме маката - ТОП !!!

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Одложување на фарбањето со полирање
« Одговори #4 на: 01 Октомври 2011, 15:03:48 pm »
Еве ја сликата што недостига. Во меѓувреме ја избришав по грешка од imageshack, а неможам да ја едитирам темата

Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Одложување на фарбањето со полирање
« Одговори #5 на: 01 Октомври 2011, 15:06:46 pm »
Одлично професоре! Уште да имаше машина за полирање ... Како и да е, ако ја исклучиме маката - ТОП !!!
Абе важно големото го куртулив. Првата прилика ќе земам и машина за полирање.
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14231
  • Пудингот на шоферството
Одг: Одложување на фарбањето со полирање
« Одговори #6 на: 01 Октомври 2011, 15:13:22 pm »
јас имам машина за полирање,ако изразиш желба ке ти ја дадам/позајмам,а за возврат очекувам да ми ја отстраниш корозијата од БМВ-то....нема да ти треба многу,само 3-4 квадрати лим  :D :D :D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14231
  • Пудингот на шоферството
Одг: Одложување на фарбањето со полирање
« Одговори #7 на: 01 Октомври 2011, 15:14:14 pm »
и заборавив да споменам,одлична работа си завршил,и не се жали за маката шо си ја поминал,си заштедил 500 евриќи ;) :D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Одложување на фарбањето со полирање
« Одговори #8 на: 01 Октомври 2011, 16:17:42 pm »
јас имам машина за полирање,ако изразиш желба ке ти ја дадам/позајмам,а за возврат очекувам да ми ја отстраниш корозијата од БМВ-то....нема да ти треба многу,само 3-4 квадрати лим  :D :D :D
Хахахаха.... аман бе само толку бараш за возврат? Па ти си бил ептен скронен бе :)
A шо се однесува до евриќите тие само привремено се куртулени, а можi и трајно... кој знаe можи некој друг ќе ја фарба :)
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14231
  • Пудингот на шоферството
Одг: Одложување на фарбањето со полирање
« Одговори #9 на: 01 Октомври 2011, 16:24:25 pm »
јас имам машина за полирање,ако изразиш желба ке ти ја дадам/позајмам,а за возврат очекувам да ми ја отстраниш корозијата од БМВ-то....нема да ти треба многу,само 3-4 квадрати лим  :D :D :D
Хахахаха.... аман бе само толку бараш за возврат? Па ти си бил ептен скронен бе :)
A шо се однесува до евриќите тие само привремено се куртулени, а можi и трајно... кој знаe можи некој друг ќе ја фарба :)
за целосно фарбање како што е кај тебе без крпење мрпење и слично,под 400евра мислам дека нема да најдиш асален мајстор,а мислам дека и таа сума е ниска....али како и да е,ако ти треба машинчето кажи,ке го пробаме,ионака мене не мие пробано
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Одложување на фарбањето со полирање
« Одговори #10 на: 01 Октомври 2011, 17:18:46 pm »
Одлично сработено, резултатите се „ѓоа фарбано“. Едно прашање: за вакви груби работи, се користи ли онаа машина за брусење дрво, само со шмиргла со поситна гранулација?

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Одложување на фарбањето со полирање
« Одговори #11 на: 01 Октомври 2011, 17:32:29 pm »
Јас стружењето го правев рачно. Сепак рачно имаш подобар осет колку треба да истружиш. Можеби можи машински но јас имав само две раце, шмиргла и вода на располагање :)
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Одложување на фарбањето со полирање
« Одговори #12 на: 01 Октомври 2011, 17:36:00 pm »
јас имам машина за полирање,ако изразиш желба ке ти ја дадам/позајмам,а за возврат очекувам да ми ја отстраниш корозијата од БМВ-то....нема да ти треба многу,само 3-4 квадрати лим  :D :D :D
Хахахаха.... аман бе само толку бараш за возврат? Па ти си бил ептен скронен бе :)
A шо се однесува до евриќите тие само привремено се куртулени, а можi и трајно... кој знаe можи некој друг ќе ја фарба :)
за целосно фарбање како што е кај тебе без крпење мрпење и слично,под 400евра мислам дека нема да најдиш асален мајстор,а мислам дека и таа сума е ниска....али како и да е,ако ти треба машинчето кажи,ке го пробаме,ионака мене не мие пробано
Mече...Ајнштајн заеба се... после него СЕ Е РЕЛАТИВНО. И скапо и евтино. Сепак како сакаш врти сучи 500Е се 500Е. Дефинитивно не ја фарбам цела. Можеби само хаубата и багажникот. Тие неможи да се корегираат како вратите
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14231
  • Пудингот на шоферството
Одг: Одложување на фарбањето со полирање
« Одговори #13 на: 01 Октомври 2011, 17:38:15 pm »
јас имам машина за полирање,ако изразиш желба ке ти ја дадам/позајмам,а за возврат очекувам да ми ја отстраниш корозијата од БМВ-то....нема да ти треба многу,само 3-4 квадрати лим  :D :D :D
Хахахаха.... аман бе само толку бараш за возврат? Па ти си бил ептен скронен бе :)
A шо се однесува до евриќите тие само привремено се куртулени, а можi и трајно... кој знаe можи некој друг ќе ја фарба :)
за целосно фарбање како што е кај тебе без крпење мрпење и слично,под 400евра мислам дека нема да најдиш асален мајстор,а мислам дека и таа сума е ниска....али како и да е,ако ти треба машинчето кажи,ке го пробаме,ионака мене не мие пробано
Mече...Ајнштајн заеба се... после него СЕ Е РЕЛАТИВНО. И скапо и евтино. Сепак како сакаш врти сучи 500Е се 500Е. Дефинитивно не ја фарбам цела. Можеби само хаубата и багажникот. Тие неможи да се корегираат како вратите
абе тој Ајнштајн шо ни напрај,маме му .... негово.....според мене за багажот и хаубата не ти се ни исплаќа да ја фарбаш цела,глеј некако да ги корегираш ама да не дели премногу.....
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Одг: Одложување на фарбањето со полирање
« Одговори #14 на: 01 Октомври 2011, 17:53:05 pm »
Ако знајш како, кажи. Јас незнам