Ајде јас ќе се дрзнам да пишам.
Имам Лансер 1.5 2010. Од прв ден си го возам и го знам во сите позиции каков е.
Голф немам возено.
Пред летото имав шанса да се возам во Глоф 6 1.4 Тси, на релација Скопје - Битола.
Голф.
Голфот си го заслужува респектот. Внатре фини материјали, фина завршна обработка.
Тивок, културен.
Моторот иако не се споредува со на лансерот, дека е турбаш. Влечеше одлично. 4 ца + багаж, на плетвар со 6та од 80 - 90 убаво повлекува.
Се на се добар впечаток.
Лансер.
Моторот е фантастичен. До сега само имам изненадување од него. Кога да сум посакал сила, имам доволно.
Звукот кој го вади над 4000рпм, ми е омилено нешто.
Внатре е се на свое место, нема премногу работи, баш е како што треба. Секое копче, крукче итн. си е стокмено како што треба.
Многу интересна работа е првиот монмент кога го возев. Не очекував со толкава леснотија да ја примам колата. Гледав други коли во таа класа и со сите имав мака да се прилагодам. Терсене седење, терсене кумлуг, менувач, команди чудни итн....
Ова беше како најлесната работа што треба да ја правиш.
Исто така девојка ми прв пат кога го возеше ова го рече: “Ова е бебе најубаво, срце најслатко, го сакам за стално! “
Од тогаш стално ми го бара да го вози...
Многу место има секаде. Патниците се осеќат комфорно, има голем багаж.
Нешто шо не ми се свиѓа е што е малку гласен на отворено. Над 120 - 130 се слуша моторот. Зошто е тоа така, незнам.
Исто така клима кога ќе уклучам се осеќа дека нема сила, ама ова е за сите возила така да, тоа е.
Одлуката падна да се купи Лансер. Од повеќе причини.
Првата беше нормално што е Јапанец и што ни беше фаворит во изглед и дизајн според конкурентите.
За моја среќа и татко ми е истомисленик како мене и не ги сака Германските коли, а не ни сака да спомни Француски.
Голфот не го сакам, не дека не го бива. Не дека нечини. Дека ми дава погрешна карактеристика. Не го сакам имиџот што го носи Голфот. Премногу го има кај нас и премногу е исфорсиран.
Не сакав да бидам уште еден со Голф.
Тие беа работите што ме натераа да изберам Лансер. Нормално можи некој ќе ми кажи дека сум луд или дека сум згрешил, ама тоа не е точно. Јас сум го купил тоа баш тоа што го сакав. И добив повеќе од колку што барав.