ЅХ4 купи на колегава шура му, и е задоволен во поглед на потрошња. Вика доста малку трошела колата, значи под 8.
Искрено мене не ми се свиѓа како изгледа, но тоа е ствар на вкус.
Што се однесува до елантрата. Ке ти кажам мои искуства за овие 1000 поминати километри.
Во град колата троши околу 9. Тоа беа првите 350 км поминати низ град. Очекувам потрошувачката да падне околу 1л за некое време. До сега сите коли нови кои сум ги возел, после поминати 5-10к километри намалувале потрошувачка за околу 1л за тоа време.
На отворен пат, колата товарена до крај, до врв у гепек,
и 4 возрасни и 1 дете, сеа за празников до Србија и назад, на борд просечна потрошувачка од 5,6л. Резервоарот наполнет до горе на Лук, поминати некој си 600км на автопат и некој си 80 во град, гориво има уште, не ми е светната резервата. Планирам да поминам уште минимум 70 додека да ми се запали резервата, одприлике. 90% од патот колата беше возена според пропишаната брзина на патот.
Возењето е одлично, удобно и комфорно. Моторот е тивок. При брзина од 120км/ч и 3000 вртежи одприлике , 6-та брзина, потрошувачката е економична.
Треба да се обрне внимание доколку ти е потребно забрзување за претицање и слично, колата да се вози на вртежи повисоки од 3500.
Круз контролата функционира одлично.
Стабилност, амортизација нема никаква врска со претходните модели каде што е наведена премеката суспензија.
Моторот е погоден за да се монтира плински уред, и тоа го монтираат во Новус, со тоа што ти останува гаранцијата од 5г. На ниеден сајт не најдов дека моторот со кодна ознака G4FG која го носи не е погоден за мотажана на плински уред.
Позади има доволно простор за тројца возрасни без никаков проблем.
Во салон имаат и тест возило, слободно можете да одите и да ја пробате.
Ако ве интересираат дополнителни информации, слободно прашајте.
Инаку во салон има и i30 караван. Баш синојка ја видов.
Во моментот ги имаат ми се чини основните верзии на елантра, по цена од 12 600, што е одлична цена за возило од таа класа, и според мене во тој сегмент нема полична и поубава кола, а и квалитет кој можеш да го добиеш за парите.
Тоа е мое лично мислење, па затоа и парите ги потрошив баш на неа.
р.ѕ.
Некој спомна Рапид...По мене рапидот е најлош во неговата класа, односно Ц Елизе и Пежо 301, така да би го заобиколил одалеку.
Инаку јас тргнав од нив, конкретно Ц елизе, пошто за 11500 имаше дизел 1.6 со 90кс, докажан и проверен мотор. Но генералниот впечаток не е ни приближен со оној кој го стекнав кај и30-ката, а не па да правам споредба со елантрата.
И уште еден впечаток од корисник на Лансер, баш како твојот Данде. Човекот е воодушевен од елантрата, со тоа што рече дека сака да го смени во моментот само за неа. Највеќе ради комфорот и буката, нормално и ради изгледот.
Поздрав.