Автор Тема: Nova kola do 15k  (Прочитано 9495 пати)

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5542
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Nova kola do 15k
« на: 14 Април 2015, 16:00:30 pm »
Zet mi e vo plan da se podnovi so nekoe novo vozilo so ogled na toa sto Laccetito pokraj toa sto super izdrza 200k km poleka no sigurno mu stanuva premalo, osobeno vo bagazniot prostor.

On e poveke za benzinas koj bi se konvertiral na plin vednas, bidejki pominuva od 20k-30k km godisno.

Nego mu se dopaga Elantra, i SX4 Cross sega e na akcija, dvata so 1.6 motor, od koj toj na Suzukito e prilicno postedliv.
Elantrata e podolga a SX4 e taka po nakiteno so oprema iako na Elantrata opremata ne e za potsetuvanje.

Design Elantrata poveke mu se dopaga, nadvoresno a i bogami vnatresno.
Decata mu porasnaa pa sega ne mozat da se spakuvaat za na odmor vo Laccetitio, a za skijannje da ne pravime muabet.

On bi kupil i karavan verzija ali Elantrata ne ide vo karavan verzija kako sto znam jas ,barem na ponuda ja nema kaj nas.

Jas mu vikam da ja zeme obicnata i da ja kombinira so Thulle, ili moze i nekoj karavan, so Thulle, i toa bi bilo top kombinacija.

Ako znaete dobri ponudi, ve molam pisete tuka, i voedno navedete kako bi igrale vie.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Nova kola do 15k
« Одговори #1 на: 14 Април 2015, 16:18:23 pm »
Мој избор е Рапид 1.6 ТДи Елеганс со Спортски седишта и уште некои ситници. (550 литри гепек) 14.000еур http://www.skoda.com.mk/files/mk/download/datei/cenovnik_rapid_lim_2015.pdf


Плин изведба со 1.2 MPi Мотор за 12к исто така, но гепекот е намален од масивните 550литри на 500. 13.000еур

Октавија 1.6 ТДи без опрема http://www.skoda.com.mk/files/mk/download/datei/octavia_cenovnik_2015.pdf Ако може да се живее без ич опрема. 15.000еур (570 литри гепек)

Форд Фокус 1.6 ТДци Титаниум 15.000еур
http://ford.com.mk/%D0%9C%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8_%D0%90%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%B8/%D0%A2%D0%B8%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%83%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%9F%D0%BE%D0%BD%D1%83%D0%B4%D0%B0

Плинска верзија Форд Фокус 1.6 Тренд Спорт ~15.000 еур

Од помалите возила Фиеста 1.4 Титаниум X - 14.000 еур на плин или 1.5 ТДЦи 14.500.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Nova kola do 15k
« Одговори #2 на: 14 Април 2015, 16:19:57 pm »
Очигледно човекот веќе си решил за Елантра. :)

Јас би размислил и за Фокус, во моментов го даваат фејслифтот со 1.6 TDCi со 95 коња и Титаниум за 14.990. Споричок е, али ќе биде неизмерно поекономичен од било кој бензинец, особено ако човекот вози внимателно.

Секако, тука влегува и Октавија во математиката.

--

Ете, ме стигнал Дени. Фокусот ептен вреди да се размисли.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Nova kola do 15k
« Одговори #3 на: 14 Април 2015, 16:50:45 pm »
Киа Сид, Рено Меган караван да разгледаш.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Nova kola do 15k
« Одговори #4 на: 14 Април 2015, 17:05:21 pm »
Меганче за 12к евра, таман со кусурот ќе си стави плинче, туле, сет зимски гуми и остали потребштини и пак нема да си го надмине буџетот.

http://renault.mk/prica/

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Nova kola do 15k
« Одговори #5 на: 14 Април 2015, 18:03:10 pm »

Со тие горенаведени 1.6 бензинци во 2015 година мислам дека е грешка голема. За 15.000 може да се земе добар дизел или турбо бензинец.

Јас лично би одел на Octavia 1.2 tsi 105hp  со ambition ниво на опрема. Точно 15.000

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Nova kola do 15k
« Одговори #6 на: 14 Април 2015, 18:05:47 pm »
Човекот нема намера да вози на бензин (нормално), а за тие потреби и се сугестиите на тие бензинци. :)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Nova kola do 15k
« Одговори #7 на: 14 Април 2015, 18:28:35 pm »
Така де. Темава беше отворена и за други добри понуди. Само ќе повторам, 2015 година е.

Октавија 1.2 тси 105 коња потрошувачка

Fuel consumption (economy) - urban   5.9 l/100 km
Fuel consumption (economy) - extra urban   4.4 l/100 km.
Fuel consumption (economy) - combined   4.9 l/100 km.

Еве нека биде и 8 во град. Пак е ок.

Заеби плин, и плус овој 1.2 турбо ќе ти остава насмевка цело време во споредба со 1.6 бензинец од Хјундаи, Рено, Сузуки итн. 1.6 атмосферски ќе троши како шала 10 во град еве да речеме 11-12 плин а од друга имаш шанса да возиш 1.2 турбо кој што е неприкосновен а троши помалку.  Разликата мислам тогаш во поглед на плин само финансиски гледано нема да биде значителна.

Малце да му ги обновиме гледиштата на човекот што сака да купи нова кола :)

Нормално, ако може да се земе тој Фокус 1.6 тди 95 коња тогаш би идел првин со него па после Октавијата. За жал 1.6 тди октавија за тие пари неможе да се земе или и да може без опрема ќе биде, жалосно.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Nova kola do 15k
« Одговори #8 на: 14 Април 2015, 19:05:13 pm »
Така де. Темава беше отворена и за други добри понуди. Само ќе повторам, 2015 година е.

Октавија 1.2 тси 105 коња потрошувачка

Fuel consumption (economy) - urban   5.9 l/100 km
Fuel consumption (economy) - extra urban   4.4 l/100 km.
Fuel consumption (economy) - combined   4.9 l/100 km.

Еве нека биде и 8 во град. Пак е ок.

Заеби плин, и плус овој 1.2 турбо ќе ти остава насмевка цело време во споредба со 1.6 бензинец од Хјундаи, Рено, Сузуки итн. 1.6 атмосферски ќе троши како шала 10 во град еве да речеме 11-12 плин а од друга имаш шанса да возиш 1.2 турбо кој што е неприкосновен а троши помалку.  Разликата мислам тогаш во поглед на плин само финансиски гледано нема да биде значителна.

Малце да му ги обновиме гледиштата на човекот што сака да купи нова кола :)

Нормално, ако може да се земе тој Фокус 1.6 тди 95 коња тогаш би идел првин со него па после Октавијата. За жал 1.6 тди октавија за тие пари неможе да се земе или и да може без опрема ќе биде, жалосно.
1.2тси декларирана 6.0 во град, реална 7.8 во град. Еве го тестот подоле. Бензинчиња си се, си лапаат ко нездрави. 1.6 ќе е 10-11 плин. :D 500-1000 евра плус годишно трошок. 1.2 ТСи вреди да се земе со DSG ако се зима веќе тој мотор. Барем јас би одел така.
http://www.carclub.mk/2015/04/09/test-skoda-fabia-1-2-tsi-style-razumen-no-zabaven-izbor/

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг:
« Одговори #9 на: 14 Април 2015, 19:06:56 pm »
Ако е 500 евра плус годишно мислам 1.2 тси е разумен избор.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Nova kola do 15k
« Одговори #10 на: 15 Април 2015, 00:26:52 am »
Пошто возилото ќе биде фамилијарно и буџетот е поставен ептен на ќош, по мене меганчето или фокусот му  се најрационален избор. Ако може да бира седан изведба на фокусот уште подобро. Греота при меган, фокус, па и елантра да зима рапид, 301 и на нив слични, само поради турбо мотор кој што по мене е далеку понепоуздан од атмосферецот што го има у меган кој што веќе е стар мотор и познати му се сите маани и се надевам отклонети.
 Со овој буџет се зима саглам опремена и моторизирана кола од пониска класа, штура изведба со точак под хауба од повисока класа или да се начека некоја акција како фокусот и меганот.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Nova kola do 15k
« Одговори #11 на: 15 Април 2015, 00:37:51 am »
Ако бира од класа на Меган и Фокус, јас би му понудил на тој со црвениот Леон 2.0тди 15500 и ај чао.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5542
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Nova kola do 15k
« Одговори #12 на: 15 Април 2015, 01:46:53 am »
TB od start vi kazuvam deka tesko ke odbere zasto nikoj skoro ne garantira instalacija na plinski ured na TB motori, a kaj atmosfercite ke si brcis i nemas gajle.
TD, gledam mnogu mnogu ne mi spomna zasto na plin e poevtino vozenjeto a i odrzuvanjeto.

Meganeto e dobra ponuda nema sto.

Performansite ne mu se tolku bitni kolku sto e bitna ekonomicnosta zasto 20-30k godisno sepak ne e zanemarliva brojka na km, pa zatoa e biten faktor.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Nova kola do 15k
« Одговори #13 на: 15 Април 2015, 01:53:43 am »
Ако бара караван изведби, обавезно да ги погледне Kia Cee'd SW и Hyundai i30 SW. И Cruze SW би бил интересен играч, ама малку е поспецифична ситуацијата, со оглед на тоа што Chevrolet се повлекува од европски пазар.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5542
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Nova kola do 15k
« Одговори #14 на: 15 Април 2015, 01:55:50 am »
Cruzeto go gledal mislam, i jas mu velev obavezno 1.8 motorot.

A I30 karavan vidov edno taxi i ne izgledase loso.
Ceedot go gledavme online i po katalog bese malce poskap od elantrata.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!