Автор Тема: CARclub Тест: Skoda Fabia 1.2 TSI Style  (Прочитано 9374 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
CARclub Тест: Skoda Fabia 1.2 TSI Style
« на: 05 Април 2015, 12:14:14 pm »


Тестот уште не е објавен, всушност уште не е ни довозена колата, ама да пренесам првични забелешки:

- Многу убав ентериер, особено за класата. Генерално фини материјали, на места тврди (али не и груби) пластики. Најс плејс ту сит ин.
- Одлични седишта. Комотно можат да одат во класа поголемо возило и пак да бидат одлични.
- Путер (одличен) мењач. Класично за Шкода.
- 1.2 TSI со 90 коња, уште неразработено (прв ја зимам колата, едвај 300 км имаше поминато). Фино врти, фино завлекува. Long-term просек на бордот е 7.8 на 100. Јас успеав да ја симнам и под тоа, али генерално си држи некаде околу 8 на 100 во град.
- MirrorLink не успеавме да проработиме со Note 4 на Дени.
- Одлична прегледност.
- Одличен тесен turning circle. Маневрирање е лесно.
- Бучничко на повисоки брзини (~140) али ништо ван она што е стандард во класата.
- Фино багажниче (не знам колку литри), фина форма, низок раб.
- Не се добива рамен багажник со спуштени задни седишта.
- Има keyless старт, ама мора да го извадам клучот од џеб за да отклучам. Глуп момент, кога веќе го вадам клучот од џеб, попрактично ми е да го брцнам во брава него да барам каде да го остаам.
- Фино изгледа двобојната комбинација со бели бандажи.
- Простор на задна клупа во рамките на класата. Доволно место за двајца, али да не претеруваме.
- Фино вози без нагласен understeer. Ако се претера, се добива understeer и се активира ESP при lift-off oversteer.
- Не е динамична за возење као Ford Fiesta, али Fabia никад не ни била ауто со спортски претензии. Ориентирана е кон комфор, па фино си апсорбира дупки и нерамнини по калдрмата наречена Скопски Улици.
- Фидбек од волан скоро никаков, али прилично директно и респонзивно управување.

Целиот тест:

http://www.carclub.mk/2015/04/09/test-skoda-fabia-1-2-tsi-style-razumen-no-zabaven-izbor/
« Последно менување: 09 Април 2015, 12:54:05 pm zeroSignal »

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: CARclub Тест: Skoda Fabia 1.2 TSI Style
« Одговори #1 на: 05 Април 2015, 13:43:40 pm »
интересна комбинацијава на бои,убав и сталожен изглед има,како што и се очекува.
што цена ќе биде,во какви избедби и со какви мотори ќе биде?
иначе,мислев дека рапид-от ќе ја замени фабиа-та,ама изгледа не е така,или па ја лошо сум мислел.

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: CARclub Тест: Skoda Fabia 1.2 TSI Style
« Одговори #2 на: 05 Април 2015, 14:37:41 pm »
Еве линк за ценовникот http://www.skoda.com.mk/modeli/fabia/brojki_podatoci/ceni/, не е многу скапа, а best buy е 1.2 TSI/TSI DSG, инaче што е интересно има многу мала ценовна разлика помеѓу нивоата на опременост... На пример за 1.2 TSI DSG, со најниско ниво на опрема 12.250 евра, а за највисоко 14.650 евра... :)
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен Mercury

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Т(д)ркач
Одг: CARclub Тест: Skoda Fabia 1.2 TSI Style
« Одговори #3 на: 05 Април 2015, 16:14:10 pm »
Дај уше некое сличе внатре/надвор :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: CARclub Тест: Skoda Fabia 1.2 TSI Style
« Одговори #4 на: 05 Април 2015, 16:21:18 pm »
Многу фино количе. Ептен ми се свиѓа. Исто така и на изглед од надвор и изработка внатре е 6 класи над Корса. Не знам што пробуваат тие да продадат за цена повисока од таа на Шкодава. Некој тука ќе рече Шкода е, ама да не заборавиме дека Шкода > Опел. Минатата недела возев ново Поло и Мито, двете се гомна у споредба со Шкодава. Уште Ибица останува да пробам па да одлучам кое од нив ќе го купам, ама најверојатно ќе е Фабијава.
« Последно менување: 05 Април 2015, 16:30:23 pm DarthJe5us »

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: CARclub Тест: Skoda Fabia 1.2 TSI Style
« Одговори #5 на: 05 Април 2015, 17:49:41 pm »
Денес се возевме малце... И стварно импресивно изгледа...
За оваа цена дефинитивно е одлично количе што може да брка работа низ град а богами и на подолги релации.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: CARclub Тест: Skoda Fabia 1.2 TSI Style
« Одговори #6 на: 05 Април 2015, 20:11:40 pm »
Еве линк за ценовникот http://www.skoda.com.mk/modeli/fabia/brojki_podatoci/ceni/, не е многу скапа, а best buy е 1.2 TSI/TSI DSG, инaче што е интересно има многу мала ценовна разлика помеѓу нивоата на опременост... На пример за 1.2 TSI DSG, со најниско ниво на опрема 12.250 евра, а за највисоко 14.650 евра... :)

За истите пари се купува Елантра, со помалку опрема односно тренд пакетот и елантра со Стајл пакет.
Незнам каде со тој памет.
Ako некому е голема, тука е и30-ка која во дизајн е едно 50 години понапред пред шкодава, а внатрешноста и квалитетот на материјалите е каде каде според мене подобар, цела една класа.

Да не биде сега дека јас купив хјундаи па го фаворизирам.

Ене го Сидот. Фа-ца.

Ке ја спомнам Астрата...
Незнам ни дали можам да ја споредам. Едноставно ми делува нелогична споредбата.
Изгледот, изработката, материјалите...

Меривата исто така...
Иако е за цела класа пониска од Астрата, само погледнете како изгледа.
На што ли личи шкодава?

Не се сомневам во рецензијата, од кал да е Шкода да е :D
И згора на тоа една од најдобрите во класата

Интересно :)

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Skoda Fabia 1.2 TSI Style
« Одговори #7 на: 05 Април 2015, 20:30:44 pm »
Ајде нека им мине се тоа, моторот, материјалите, комоцијата.... Ама бојава и дизајнов се брука на векот за Шкода.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Skoda Fabia 1.2 TSI Style
« Одговори #8 на: 05 Април 2015, 20:33:04 pm »
Аутцето е џам според мене. Премало за да би помислил да го купам, но одлично во се кога би сакал толку мало возило. Но, секако во тоа голем удел има опремата, особено изборот на бои, детали и слично. Да е обична верзија сигурно ќе е многу побезлично.

За мене далеку повеќе логика ми има Рапид, кое е скоро истово возило само со 13цм повеќе простор внатре, и 160% гепек. Ама за луѓе на кои тоа не им е важно опцијава е подобра. ~пола метро пократко за паркирање и за потпикнување во однос на Рапид седан.

Во однос на Поло на пример, кое е во истата шасија е скратено од просторот на задните седишта, за да се добие поголем гепек. Така изгледа. Значи реално за 2ца напред има место, а од позади само за деца или кратки релации во град на возрасни. Полото фреш за мене е подобро од ова, и во изглед и во се, ама ете ако на некој повеќе му лежи вакво возило сега има избор.

  ;D ;D ;D
« Последно менување: 05 Април 2015, 20:52:13 pm Deni »

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: CARclub Тест: Skoda Fabia 1.2 TSI Style
« Одговори #9 на: 05 Април 2015, 21:08:16 pm »
многу мерак ми прави караванот, ова вака не би го купил никогаш.

Незнам зошто Шкода го вади како модел, кога го има Рапид. Многу се блиски со димензиите а сигурно и со цените ке бидат.

Ова има караван варијанта а рапид мислам нема :D


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Skoda Fabia 1.2 TSI Style
« Одговори #10 на: 05 Април 2015, 21:18:07 pm »
Се провозев со Фабиава (courtesy of zeroSignal) и вака од внатре одлично изгледа. Забелешка малку за седиштата оти се многу тврди, ама нова е па веројатно ќе омекнат. Убаво моторче со повеќе од доволно сила за низ град.
Единствено нешто што не ми се допаѓа е дизајнот. Од напред кога ќе ја погледнам предницата очекувам поголемо возило, но реално Фабиава е малечка. Во профил гледано и од позади ептен не ми се допаѓа дури и ми е антипатична. Ме подсеќа на кинескине обиди за копирање на нешто европско. Можеле многу посаглам да ја скоцкаат.

Сума сумарум, Фабиава е возило кое би го поседувал. Не би бил нешто особено задоволен но секако би го поседувал.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: CARclub Тест: Skoda Fabia 1.2 TSI Style
« Одговори #11 на: 05 Април 2015, 21:28:49 pm »
Sedista za edna klasa pogore, materijali isto...abe kade ovie od Skoda rabotat od narod za narod a? Dosega nikogas ne sum zameril na nejzinoto velicenje ama so e preterano preterano e.
J koga ke pomislam deka ni predhodnite generacii ne bea nitu cekor ponapred od konkurentite taka I ovaa...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: CARclub Тест: Skoda Fabia 1.2 TSI Style
« Одговори #12 на: 05 Април 2015, 21:34:59 pm »
Ми се свиѓаат вакви храбри потези во боите. Пример белата им е со ганметал бандажи, оваа со бели, преку к*р со тоа светло сивите. Само веќе кога фаќаш таков пристап, одбери и соодветна големина на бандаж и висина на возилото. ;D Али добро е, има напредок.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Skoda Fabia 1.2 TSI Style
« Одговори #13 на: 05 Април 2015, 21:56:47 pm »
Еве линк за ценовникот http://www.skoda.com.mk/modeli/fabia/brojki_podatoci/ceni/, не е многу скапа, а best buy е 1.2 TSI/TSI DSG, инaче што е интересно има многу мала ценовна разлика помеѓу нивоата на опременост... На пример за 1.2 TSI DSG, со најниско ниво на опрема 12.250 евра, а за највисоко 14.650 евра... :)

За истите пари се купува Елантра, со помалку опрема односно тренд пакетот и елантра со Стајл пакет.
Незнам каде со тој памет.
Ako некому е голема, тука е и30-ка која во дизајн е едно 50 години понапред пред шкодава, а внатрешноста и квалитетот на материјалите е каде каде според мене подобар, цела една класа.

Да не биде сега дека јас купив хјундаи па го фаворизирам.

Ене го Сидот. Фа-ца.

Ке ја спомнам Астрата...
Незнам ни дали можам да ја споредам. Едноставно ми делува нелогична споредбата.
Изгледот, изработката, материјалите...

Меривата исто така...
Иако е за цела класа пониска од Астрата, само погледнете како изгледа.
На што ли личи шкодава?

Не се сомневам во рецензијата, од кал да е Шкода да е :D
И згора на тоа една од најдобрите во класата

Интересно :)



http://www.autoexpress.co.uk/skoda/fabia/89672/skoda-fabia-vs-vw-polo-vauxhall-corsa

http://www.whatcar.com/car-news/skoda/fabia/skoda-fabia-vs-vauxhall-corsa-vs-volkswagen-polo/1336040

http://www.autoexpress.co.uk/skoda/fabia/90411/skoda-fabia-vs-hyundai-i20

http://www.whatcar.com/car-news/skoda-fabia-2015-car-car-year/1327945

Срање е Фабијата. Срање. Да не ја погледне човек. ;)

--

Напомена: Линковиве горе се дадени поради тоа што мислењето на некој од Македонија мора да е biased, платено и поткупено.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: CARclub Тест: Skoda Fabia 1.2 TSI Style
« Одговори #14 на: 05 Април 2015, 22:09:10 pm »
Ако добро го прочита текстот, и ако ги разгледаш цените, ќе сватиш во кој контекст беше напишано.
Возило од шибица класа има цена како возило од повисока класа. И?
Значи оваа кола не смее да чини повеќе од 10К евра. Све над тоа е само оверпрајсд.

Фала на разбирањето.

Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.