Телевизорот е одличен во поглед на опции што ги нуди, full hd, интернет конекција, усб конекција, 200 Hz и многу други работи. Но гледам тебе конкретно те интересира 3D, за тоа ќе треба да си докупиш 3D transmitter, 3D очила и 3D плеер, освен ако амц не ги нудат во пакет со телевизорот, но ќе имаа наведено ако беше така. Друга работа за 3D е што во моментов имаш многу малку филмови што се достапни во таа технологија, така да јас во моментов не би земал вакво нешто, би почекал да излезат 3D телевизори за кои не ќе мораш да носиш цвикери по дома. Подобро земи некој добар телевизор без 3D опција, како што вели големиот автомобилски ентузијаст Jay Leno, секогаш последното од старата е подобро од првото од новата технологија