Фала на гостопримството
Па вака,
Проблемот е што колата ја немаше силата што би требало да ја има за 110 коњи (ова го приметив јас замислете
), татко ми ја донесе купена од словенија од некој авто-пазар.
Сменавме сите филтри и улје и направивме можеби повеќе од 2000 километри. Потоа колата низ град одеднаш застана и не работеше - во смисла палеше колата но не примаше гас и гаснеше сама после неколку секунди. Ја однесов кај пријател во Охрид кој работеше како сервисер за Јолекс (тие беа застапници за Пежо во тој регион се дур не затворија). На прва помисли дека откажало турбото но откако ја провери подобро заклучи дека колата била “затната“. МАФ или ФАП филтерот беше скроз затнат и имаше улје извлечено низ многу црева за кои незнам ни која им е улогата нити името и истотака во интеркулерот рече дека имало улје ако паметам добро. Ги исчисти тој сите работи кои беа со улје и ми кажа дека турбото немало некој проблем и најверојатно ќе терало но ми кажа дека треба да побарам некој вентил за турбото (го имам во багажот а тој ставил некој од Спринтер комбе привремено) и истотака и некој вентил позади кај “вакумите“ - дали е и тој од турбото или не незнам и не го разбрав
Моментално колата е во возна состојба, разликата во силата е голема но човекот ми рече дека сепак тоа не е тоа и дека треба да најдеме да го замениме тој вентил и тој другиот дел па после повторно да се провери дали има некој друг проблем затоа што му беше страв да не повлекува пак улје посебно кај интеркулерот.
Откако ќе се среди тоа ќе треба да се смени повторно улје за мотор и филтер за улје.
Колата пали без проблем и во најладното што го видовме оваа зима, и ко за иронија моторот работи многу тивко (ова е коментар на друг пријател кој вози Пежоа повеќе од деценија) за таа километража.
Едниот дел што треба да го најдам е овај
На палење моментално ми дава Antipolution fault на борд компјутерот и стои уклучено светлото за check engine.
Па ако знаете кај би можел да го најдам тој дел и другиот што го опишав (ако има некоја смисла што опишав) и да ми препорачате некој сервисер за Пежо во Скопје да не морам на секое да одам до Охрид и назад.
Бев спремен да одам во овластениот сервис на Пежо но ме убедија да пробам вака.
Фала ви.