Автор Тема: Peugeot 307 1.6 HDI 110 - 2004  (Прочитано 7207 пати)

Отсутен gvlatko

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Peugeot 307 1.6 HDI 110 - 2004
« на: 22 Март 2015, 19:07:49 pm »
Здраво дечки,

Се извинувам што се зачленив од мака повеќе него од ентузијам но не се разбирам многу од коли па ми треба вашата помош и совет.
Имено дали ќе е проблем ако поставам прашање на форумов иако сум скроз нов и можеби нема да сум баш активен? :-\
Како што кажав околу коли не ме бива но би можел за возврат да понудам помош и совет околу ИТ работи (софтвер, програмирање, делови и.т.н).

Патем ево слика од колата што ја купив пред нова година, цената беше 1800 евра, со се регистрација и сите тие процедури стигна до 3000-3100.
1.6 хди со 110 коња, произведена 29 декември 2004 и околу 200 000 км.

Фала на разбирањето.



П.С. сликата беше едитирана по “наредба“ од понежната страна. ;D

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #1 на: 22 Март 2015, 19:18:43 pm »
Добредојде и убаво пежо вака од слика, што е маката?

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29668
    • CARclub.mk
Одг: Peugeot 307 1.6 HDI 110 - 2004
« Одговори #2 на: 22 Март 2015, 19:20:56 pm »
Добредојде! Одлично количе!

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Peugeot 307 1.6 HDI 110 - 2004
« Одговори #3 на: 22 Март 2015, 19:56:27 pm »
Prvo dobre dojde
Vtoro fino autce mene odamna mi pravele merak
Treto sto ti e makata kaza deka imas nekakva si maka pa spodeli moze i kje ti pomogne nekoj da si go resis problemot
Cetvrto imaj ubav prestoj i bidi poredoven sigurno nesto i kje naucis na forumov okolu kolite.

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Peugeot 307 1.6 HDI 110 - 2004
« Одговори #4 на: 22 Март 2015, 20:02:52 pm »
Добредојде и со здравје да си го возиш количето. Изгледа убаво :)
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен gvlatko

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: Peugeot 307 1.6 HDI 110 - 2004
« Одговори #5 на: 22 Март 2015, 20:07:46 pm »
Фала на гостопримството  :-*

Па вака,

Проблемот е што колата ја немаше силата што би требало да ја има за 110 коњи (ова го приметив јас замислете ;D), татко ми ја донесе купена од словенија од некој авто-пазар.
Сменавме сите филтри и улје и направивме можеби повеќе од 2000 километри. Потоа колата низ град одеднаш застана и не работеше - во смисла палеше колата но не примаше гас и гаснеше сама после неколку секунди. Ја однесов кај пријател во Охрид кој работеше како сервисер за Јолекс (тие беа застапници за Пежо во тој регион се дур не затворија). На прва помисли дека откажало турбото но откако ја провери подобро заклучи дека колата била “затната“. МАФ или ФАП филтерот беше скроз затнат и имаше улје извлечено низ многу црева за кои незнам ни која им е улогата нити името и истотака во интеркулерот рече дека имало улје ако паметам добро. Ги исчисти тој сите работи кои беа со улје и ми кажа дека турбото немало некој проблем и најверојатно ќе терало но ми кажа дека треба да побарам некој вентил за турбото (го имам во багажот а тој ставил некој од Спринтер комбе привремено) и истотака и некој вентил позади кај “вакумите“ - дали е и тој од турбото или не незнам и не го разбрав  :-\
Моментално колата е во возна состојба, разликата во силата е голема но човекот ми рече дека сепак тоа не е тоа и дека треба да најдеме да го замениме тој вентил и тој другиот дел па после повторно да се провери дали има некој друг проблем затоа што му беше страв да не повлекува пак улје посебно кај интеркулерот.
Откако ќе се среди тоа ќе треба да се смени повторно улје за мотор и филтер за улје.

Колата пали без проблем и во најладното што го видовме оваа зима, и ко за иронија моторот работи многу тивко (ова е коментар на друг пријател кој вози Пежоа повеќе од деценија) за таа километража.

Едниот дел што треба да го најдам е овај



На палење моментално ми дава Antipolution fault на борд компјутерот и стои уклучено светлото за check engine.

Па ако знаете кај би можел да го најдам тој дел и другиот што го опишав (ако има некоја смисла што опишав) и да ми препорачате некој сервисер за Пежо во Скопје да не морам на секое да одам до Охрид и назад.

Бев спремен да одам во овластениот сервис на Пежо но ме убедија да пробам вака.

Фала ви.

Отсутен gvlatko

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: Peugeot 307 1.6 HDI 110 - 2004
« Одговори #6 на: 22 Март 2015, 20:13:08 pm »
Поточно вака изгледа делот што го имам со мене

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Peugeot 307 1.6 HDI 110 - 2004
« Одговори #7 на: 22 Март 2015, 21:17:03 pm »
Здраво и добредојде на форумов, имаш спомнато дека сите филтри сте ги смениле дали и филтерот за гориво е променет затоа поради тој филтер може исто да дава Antipolution fault... Јас имам слушнато дека кај овој мотор, односно кај турбината на овој мотор имало ситце(како филтер) каде што е влезот за улјето во турбината за да ја задржува нечистотијата и тоа се запушува... Делов кој ти е обележан кој треба да го купиш има некое цевче, па претпоставувам дека е тоа влезот за улјето во турбината, ама не сум сигурен затоа што малце ми е чудна турбинава, односно оваа не е турбина од 1.6 HDI 110, туку е некоја помала, ако не сум во право ве молам кој знае повеќе да ме поправи, за да му помогнеме на човекот, да не му одмогнеме... :)

П.С. Заборавив да ти кажам дека според мене си одбрал одлична кола со одличен мотор, кое би било и мој избор, поради добрата потрошувачка пред се во град и повеќе од задоволувачки перформанси... ;D

А за сервис го фалат Еуроимпекс кој е воедно и овластен увозник, Скендеровски и Дац... :)
« Последно менување: 22 Март 2015, 21:22:34 pm Mario_306 »
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Peugeot 307 1.6 HDI 110 - 2004
« Одговори #8 на: 22 Март 2015, 21:22:59 pm »
Не претпоставувај и не лупај, не си во право. Делот има цевче кое што цевче е за вакум, а инаку делот е wastegate actuator. Незнам точен македонски збор да речеме растеретувач на турбото. Турбото може да се провери на аксијална и радијална луфта(зазор) кој по спецификација мора да постои за тоа турбо. Масло може да пушта и поради изгорена карика во турбото. Незнам како вака актуаторот сте го смениле со друг кога и за секое турбо и тој се подесува и има одреден од.

Отсутен gvlatko

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: Peugeot 307 1.6 HDI 110 - 2004
« Одговори #9 на: 22 Март 2015, 21:31:31 pm »
@mario_306 не е таква турбината но таа ми беше најслична ради делот :)
@nikola_bb другар незнам, знам да покажам само кај е моторот и прва втора трета итн :D

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Peugeot 307 1.6 HDI 110 - 2004
« Одговори #10 на: 22 Март 2015, 21:34:32 pm »
Не претпоставувај и не лупај, не си во право. Делот има цевче кое што цевче е за вакум, а инаку делот е wastegate actuator. Незнам точен македонски збор да речеме растеретувач на турбото. Турбото може да се провери на аксијална и радијална луфта(зазор) кој по спецификација мора да постои за тоа турбо. Масло може да пушта и поради изгорена карика во турбото. Незнам како вака актуаторот сте го смениле со друг кога и за секое турбо и тој се подесува и има одреден од.

Извини гениј, немора одма да рипаш како петел ако знаеш нешто...

@mario_306 не е таква турбината но таа ми беше најслична ради делот :)
@nikola_bb другар незнам, знам да покажам само кај е моторот и прва втора трета итн :D

Да, во право си, тука најубаво се гледа делот... :)
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: Peugeot 307 1.6 HDI 110 - 2004
« Одговори #11 на: 22 Март 2015, 21:35:45 pm »
Влатко, а ги имаш проверено сите вакуумски црева? Да не е некое оштетено, дупнато и слично? Јас си ебаав неколку месеци греојте со турбината и снагата, исклучување на турбината и слични тракатајнци (на Пасат, не на Пежо), сето тоа заради дупнато вакуумско цевче...
Само траскам, не сум експерт :)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Peugeot 307 1.6 HDI 110 - 2004
« Одговори #12 на: 22 Март 2015, 21:36:10 pm »
Немора ако незнаете да коментирате и да доведувате луѓе у заблуда. уосталом ме заболе... и онака сите се знаат

Отсутен gvlatko

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: Peugeot 307 1.6 HDI 110 - 2004
« Одговори #13 на: 22 Март 2015, 21:39:28 pm »
Ако би одел во Еуроимпекс имате некоја претстава колку би чинело нешто вакво?

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Peugeot 307 1.6 HDI 110 - 2004
« Одговори #14 на: 22 Март 2015, 21:50:35 pm »
Немора ако незнаете да коментирате и да доведувате луѓе у заблуда. уосталом ме заболе... и онака сите се знаат
Ок бе човек, јас мислам најубаво напишав и ипкисија си пиша исто дека не сме сигурни и да не поправат, а не да плукаат по нас, како да сме утепале човек ебате... Проблемот со ситцето кое го има кај влезот за улјето во турбината е чест проблем кај овој мотор, значи кај голем процент се затнува, па кажав да си види човекот најдобронамерно... А покрај тоа ако сите се прават дека се знаат немора и ти да бидеш таков, јас таму кај што мислам дека можам да помогнам, таму коментирам, ако утнам, некој што се разбира повеќе ќе ме поправи и тоа е тоа и ај да не му ја трупаме темава на човеков со глупости...

Ако би одел во Еуроимпекс имате некоја претстава колку би чинело нешто вакво?

Најтопли би ти препорачал да си ја однесеш колата во еуроимпекс, на една проверка, па они ќе ти кажат што точно е проблемот, затоа што според тоа што го пиша, твојот пријател кажува според свои предпоставки...

П.С Башка моментално еуроимпекс имаат доста тековни акции на делови и сервисни услуги, а може и на лице место да добиеш некој попуст затоа што им е годишнина, односно 25 години еуроимпекс... ;)
« Последно менување: 22 Март 2015, 22:07:43 pm Mario_306 »
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D