Ако ти е за домашна употреба не се лоши, но надобро ти е пневматски пиштол.
Sent from my Huawei P Smart using Tapatalk
Тотално си грешка, овие машини се само за професионална употреба, пневматски пиштол не кова шајки во бетон.
Имал некој искуство со следниве модел на гасни пиштоли за шајки:
1. Spit Pulsa 800P
2. Hilti GX 120 т.е. Hilti GX 3
3. Toua GSN50
Сите работат на гасни капсули (и на батерии) и муницијата е доста скапа.
Бидејќи конечно најдов решение мислам дека е ок да го споделам:
Од Макита требаше да ни направат презентација на еден од моделите но не ја направија.
Makweld продаваат антички модел на пиштол за пукање на клинци во бетон - Spit Pulsa 700E, кој работи на батерии и боцичка гас која е доволна за 700 испукувања. Боцичката гас оди само со кутија клинци и истата не може да се купи посебно ако за тоа искочи потреба. Моделот 700Е е discontinued со години btw и постои понов модел - 800.
На крај завршив со
Hilti BX 3-L - воопшто не користи гас, само батерија (22V) која затега двa федери со тензија од 400 кг во пиштолот. Цената на машината е преку 1000 евра, во зависност од тоа со каква комбинација на батерии, полнач и клинци ќе се земе.
Шајките ги кова (пука) одлично во бетон (коштаат околу 10 ден/комад), а за да ги држи каналите користам и
вакви држачи. Пластичните држачи пред пукање се ставаат на главата, се прицврстува на местото за пукање и се пука. Шајки се купуваат со различна должина и намена (пукање во мек бетон, тврд бетон, железо и сл.).
Овој начин на инсталација на пластични канали за кабли е многу побрз од досегашниот - бушење на дупка во канал и таван со мала хилта па ставање на штраф со типла и штрафење на истиот со штрафилица - денес во рок од 75 мин беа инсталирани 42м пластични канали, нешто што со претходниот метод ќе траеше мин. 4 саати ако не и повеќе.