Автор Тема: Алат кој би сакале да го имате  (Прочитано 194194 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #570 на: 01 Ноември 2021, 19:15:40 pm »
Ако се ослониш на желевце можеш да утнеш. Убодната пила не е циркуларна пила за да може да работи со граничник. Може, ама резултатот е 50/50. Имено само треба да нацрташ линија, и да ја следиш линијата со покажувачот за сечење. Мислам дека ќе се изненадиш колку право може да се исече. Сега се разбира нема да биде сечено како за финиш, ама ќе е сосем океј. Секако ќе треба да се среди на крај сеченото, со што и да е сечено. Јас имам сечено неколку пати со принципот линија и следено, и резултатот беше супер. Јас дури се изненадив самиот себе си. Се работеше за ЦНЦ сечена ивица, и јас досеков уште неколку дела по 80-100цм, и буквално не се познаваше дека е сечено со убодна пила освен ако не го допреш работ до друга линија.

Целта ми е дека ако е остар ножот и има некаква редукција на вибрации пилата, нема да имаш проблем ако е за индустриска работа. Ова беше сечено со Bosch зелена на кабел.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1780
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #571 на: 01 Ноември 2021, 19:48:52 pm »
Не ми треба да бидат лични таблите на краевите. Битно ми е да можам да држам правец, да не биде брановидно со 1цм разлика на некои места.

Најверојатно ќе правам како што пиша @vladic3110 . Изгледав неколку видеа и сите на тој начин прават права линија.

Претходниот пат најверојатно и пиличката не беше како што треба, но со неа ставена ми ја дадоа пилата и не пробав да ставам друга.

Ако стигнам викендов ќе купам плоча и убодна пила (до кај 2000 денари, ќе се најди и за друго понатаму) па ќе пишам резултати дали сум успеал да пресечам како што треба или ќе оди в шпоре плочата

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #572 на: 01 Ноември 2021, 20:02:33 pm »
Шо направи човече со 1цм разлика ;D
Да се трудиш нема да успееш :)

1/2 мм до 1 мм може да ти избега, и тоа онака шалабајзерски следење линија, без други помагала.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #573 на: 01 Ноември 2021, 20:07:58 pm »
Шо направи човече со 1цм разлика ;D
Да се трудиш нема да успееш :)

1/2 мм до 1 мм може да ти избега, и тоа онака шалабајзерски следење линија, без други помагала.
Мислам дека без линија сечел првиот пат.

”Од ѓутуре.„

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7794
  • Плинаш!!!
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #574 на: 01 Ноември 2021, 20:25:23 pm »
Не ми треба да бидат лични таблите на краевите. Битно ми е да можам да држам правец, да не биде брановидно со 1цм разлика на некои места.

Најверојатно ќе правам како што пиша @vladic3110 . Изгледав неколку видеа и сите на тој начин прават права линија.

Претходниот пат најверојатно и пиличката не беше како што треба, но со неа ставена ми ја дадоа пилата и не пробав да ставам друга.

Ако стигнам викендов ќе купам плоча и убодна пила (до кај 2000 денари, ќе се најди и за друго понатаму) па ќе пишам резултати дали сум успеал да пресечам како што треба или ќе оди в шпоре плочата
Ееее 1цм е голема разлика, друг пат не сечи со врзани очи .
Шала на страна купи убава пила, цврста да не се витка, препорачувам бош и сечи. Внимавај имаш пилички за дрво, шперка, иверица.....

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1780
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #575 на: 01 Ноември 2021, 20:47:02 pm »
@Mikius тогаш сечев иверка на која ми ја згрешија димензијата, а требаше да составам фиока. Можеби немаше отстапувања од 1цм ама сепак беа доволно големи да си порачувам повторно иверица по димензија

@Zile сигурно и пилата и пиличката не беа како што треба и можеби затоа добив погрешна претстава за убодниве пили. Сечеше вуспич и никако не можев правец да фатам. "Тргаше" на десно па кога ќе пробав да ја исправам ќе фатеше на лево и на ништо не личеше иверицата.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7055
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #576 на: 01 Ноември 2021, 21:25:58 pm »
Го бива ова за 100 еур за по дома, пумпање гуми, чистење компјутери?


Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #577 на: 01 Ноември 2021, 21:28:24 pm »
Перфект. Мајстори кај мене, го утепаа од работа.
Исто задоволни и со тотал компресор.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен fcwizard

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 206
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #578 на: 01 Ноември 2021, 23:32:43 pm »
Не ми треба да бидат лични таблите на краевите. Битно ми е да можам да држам правец, да не биде брановидно со 1цм разлика на некои места.

Најверојатно ќе правам како што пиша @vladic3110 . Изгледав неколку видеа и сите на тој начин прават права линија.

Претходниот пат најверојатно и пиличката не беше како што треба, но со неа ставена ми ја дадоа пилата и не пробав да ставам друга.

Ако стигнам викендов ќе купам плоча и убодна пила (до кај 2000 денари, ќе се најди и за друго понатаму) па ќе пишам резултати дали сум успеал да пресечам како што треба или ќе оди в шпоре плочата

а да си земеш наместо убодна пила рачен циркулар, резултатот ке биде многу подобар, со убодна не само шо нема да биде права линијата туку нема да добиеш агол од 90 степени при сечењето.
јас го имам овој и сум задоволен, без проблем сече до еден саат со батерија од 2амп ама би ти препорачал 4.
https://bois.com.mk/product/bateriski-rachen-tsirkular-20v-ingco/

види го и овој
https://bois.com.mk/product/racen-cirkular-1400w-ingco-2/

поевтина варијанта ти е Парксајд со сличен квалитет,
само немој еуро тоолс или макспулс тешко срање за еднократна употреба е скоро се од нив.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1780
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #579 на: 02 Ноември 2021, 11:24:39 am »
Циркуларот верувам дека е подобар но е скоро дупло поскап. Пилава ми треба за сега и наредно којзнае за кога, па не би давал 4000 денари.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5281
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #580 на: 02 Ноември 2021, 12:34:10 pm »
Сечивото веројатно било тенко и се кривело, плус и тие евтините убодни пили често не го стабилизираат сечивото добро... Пази се ако зајмиш таков евтин алат за повеќе од 5мин работа, знае да испадне да треба да му купуваш нов на газдата. :)

Плус зависи што си сечел, треба соодветно сечиво за различни материлаи (дебелина, број на забци, ориентација нагоре надоле, забците дали се разместени лево десно или прави, итн).

Отсутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2998
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #581 на: 08 Ноември 2021, 11:04:55 am »
Ќе оди некој Грција после четврток успат да купи алат во Лидл?

https://www.lidl-hellas.gr/p/idi-autokinitou/parkside-epanafortizomeno-palmiko-katsavidi-autokinitou-20-v-passk-20-li-a1/p128475

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5281
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #582 на: 08 Ноември 2021, 14:19:01 pm »
Зошто се ударните заштрафувачи на 220 волти толку поскапи од батеријските?
Некако ми нема логика, обичните штрафилици се поефтини или споредливи по цена (со батеријските).

На пример 220 V impact driver од Ingco мислам беше 5-6 илјади.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #583 на: 08 Ноември 2021, 14:23:00 pm »
Јас од лидл  србија земав 220v ударна, живо џабе е. Дупло поефтина од батерискава

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nikomil1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Одг: Алат кој би сакале да го имате
« Одговори #584 на: 08 Ноември 2021, 14:25:30 pm »
Зошто се ударните заштрафувачи на 220 волти толку поскапи од батеријските?
Некако ми нема логика, обичните штрафилици се поефтини или споредливи по цена (со батеријските).

На пример 220 V impact driver од Ingco мислам беше 5-6 илјади.

Da ne si greshka? ne znam kaj gledash i shto marki gledash, ama poveli sporedi si za ingco pa ke pravime muabet dali se poskapi ili ne :)
https://bois.com.mk/en/product/udaren-zavrtuvac-so-priklucok-za-avtomobil-12v-ingco/ - struja od kola (12V)

https://bois.com.mk/en/product/elektricen-zastrafuvac-za-avtomobil-ingco/    struja 220V

https://bois.com.mk/en/product/akumulatorski-udaren-odvrtuvac-20v-li-on-ingco/  bateriski

edinstveno ako gledash nekoj od 1000Nm pa da e poskap od ovie bateriskite inache nema teorija

I da se dopolnam so muabetov...ti treba? rabotis so mehanika neshto ili chisto od keif? Ako e od keif e definitivno frlanje pari koi i samiot se trudam da gi racionaliziram i opravdam (zatoa i odlagam kupuvanje 1 godina) Ako e za rabota togash e drug muabet, ama od kako pochnav sam da si menjam trkala so zimski/letni gumi i gi stegam po propis (malku poveke od propisot oti 80ft-lbs 110Nm e za E-klasa jas gi teram na 90ft-lbs (122Nm) za sekoj slucaj ili nepotrebno se praam popameten od struchnjacite) nemam nikakov probelm da si gi odvrtam trkalata so raka.

Da si se popravam ushte ednash .. 95ft-lbs (130Nm) bilo tochnoto...zatoa ne treba se shto ke vidi chovek na internet da veruva, ah ke treba da gi pritegnam ushte malku utre od sabajle. Vo sekoj sluchaj epten lesno e so raka ako se stegnati po propis.
« Последно менување: 08 Ноември 2021, 14:50:38 pm nikomil1 »