Автор Тема: Значењето на некои автомобилски знаци  (Прочитано 24204 пати)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6796
  • French diamond
Значењето на некои автомобилски знаци
« на: 27 Септември 2011, 01:54:25 am »
VOLVO

Volvo на латински значи "одам", додека кругот со стрелка е конвенционален знак за железо, најпознатите богатства на Шведска. Кругот симболизира штит, а пак стрелката е стрелката на Марс, кој е уште еден симбол за железо.

WOLKSVAGEN

Приказната за логото на Волксваген е едноставна. Тоа се состои од буквите V и W: "Wolks" значи народ и "vagen" значи автомобил.

TOYOTA

Логото на тојота се состои од три елипси кои ги претставуаат, срцето на клиентот, срцето на продуктот и срцето на технолошкиот напредок, како и неограничени можности за иднината. На јапонски "Toyo" значи изобилство, а "ta" значи ориз. Во некои Азиски култури оризот претставува богатство.

SKODA

Логото на шкода има повеќе значења, како на пример, зелената боја ја означува грижата на шкода за животната средина, употребата на еко материјали, кругот означува прецизност, визија и напредок, додека пак стрелката симболизира иновации и брзина.

RENAULT

Логото на рено во почетокот било со кружна форма, и во неа го пишело иницијалите на тројцата Рено браќа, основачи на компанијата. Во 1925г. кругот бил заменет со дијамант, па од тогаш рено почнале да го нарекуваат "дијамантски бренд" како што и ден денес некои луѓе го нарекуваат. Веднаш зад логото се наоѓала сирената, па поради тоа средината на логото била исечена, за да може звукот од сирената полесно да излегува.

PEUGEOT

Лавот од логото на пежо, доаѓа од амблемот на градот Belfort, местото каде што бил произведен првиот модел на пежо.

MITSUBISHI

Во 1870г. бродската компанија за превоз Tsukumo Shokai, која била претходник на mitsubishi користела, тријаголни водни растенија, како симбол на нивните бродови. Подоцна Исаки, основачот на компанијата решил да развие ново лого, при што го зел симболот на неговото семејство во вид на три еден под друг наредени дијаманти, и симболот на Тоса кланот, кој бил во вид на три дабови лисја, кои се соединувале во една заедничка точка. Резултатот бил денешното лого: три дијаманти кои се соединуваат во една заедничка точка. Во 1875г. решил да ја преименова компанијата по логото: три дијаманти или на јапонски Mitsubishi.


MERCEDES - BENZ

Ѕвездата со три ќошиња ја претставува доминацијата на Mercedes - Benz на копно, вода и воздух. Ѕвездата за прв пат се појавила во 1909 во Дајмлер.

MAZDA

Логото на мазда е дизајнирано од страна на Rei Yoshimara, творец на познатата слика за корпорациите, буквата V симболизира голем пар на крила. За мазда логото симболизира "креативност, смисла за мисија, деликатес и флексибилност како карактеристики на марката".

LAMBORGHINI

Логото на ламборџини е лесно да се опише: тоа е бесен бик. Ferruccio Lamborghini ги сакал борбите со бикови. Тоа е претставено не само на логото на неговите автомобили, туку исто така и во имињата на моделите на ламборџини на времето. Речиси сите модели носеа имиња на познати бикови, или од благородната раса на бикови.

CITROEN

Логото избрано од Andre Citroen за неговите автомобили доаѓа од автомобилската индустрија, односно од првата активност на францускиот производител. Цитроен прво започнале со производство на трансмисии за трактори, па според тоа двете V букви свртени надолу, ги претставуваат "забите" од тие трансмисии.

BMW

Во логото на БМВ, белиот дел претставува пропелер од авион во движење, додека пак сините делови го означуваат небото. Тоа е поради тоа што BMW(Bayerishe Motoren Werke - Factories engine of Bavaria) во почетокот изработувале мотори за Германските воени авиони, во втората светска војна.

AUDI

Четирите прстени на логото на ауди симболизира спојување на 4 компании во 1932 година: Audi, DWK, Horch и Wanderer. Името ауди што на латински значи "да се слушне!" исчеснало после војната, но во 1965 година, повторно се појавило со користење на четири прстени како негово лого.

ALFA ROMEO

Црвениот крст и змијата биле симболи на две владеачки фамилии од Милано, кои во исто време финансирале војски, за првата крстоносна војна. Потоа некаде во 15 век двете фамилии се споиле, при што го создале моќното Висконти војводство. За да го прослават тоа спојување, тогашните владители во Италија, војводите од Аустрија, дозволиле да се стави круна на главата на змија. Така тие два симболи, крстот и крунисаната змија останале симбол на градот, воедно и лого на Алфа ромео.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Значењето на некои автомобилски знаци
« Одговори #1 на: 27 Септември 2011, 01:57:43 am »
ALFA znaci Anonima Lombarda Fabrica di automobili,a Romeo e dodadeno otposle, a inaku na mazda ovoj i e relativno nov znak 10-tina godini
« Последно менување: 27 Септември 2011, 02:02:26 am cuoresportivo166 »
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Re: Значењето на некои автомобилски знаци
« Одговори #2 на: 27 Септември 2011, 02:00:12 am »
Ubav post :)

Volkswagen ti e utnato ;)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6796
  • French diamond
Одг: Значењето на некои автомобилски знаци
« Одговори #3 на: 27 Септември 2011, 02:06:40 am »
има многу различни варијанти на интернет  :o јас ги одбрав овие пошто ги најдов на две различни страници, со ист текст за нив, па мислев дека се најточни... како и да е мислам дека нема да штети темата  :)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6796
  • French diamond
Одг: Значењето на некои автомобилски знаци
« Одговори #4 на: 27 Септември 2011, 02:07:45 am »
ALFA znaci Anonima Lombarda Fabrica di automobili,a Romeo e dodadeno otposle, a inaku na mazda ovoj i e relativno nov znak 10-tina godini
не името, конкретно знакчето на колите. симболите што ги има на знакчината. :)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6796
  • French diamond
Одг: Значењето на некои автомобилски знаци
« Одговори #5 на: 27 Септември 2011, 02:08:19 am »
ALFA znaci Anonima Lombarda Fabrica di automobili,a Romeo e dodadeno otposle, a inaku na mazda ovoj i e relativno nov znak 10-tina godini
не името, конкретно знакчето на колите. симболите што ги има на знакчината. :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Значењето на некои автомобилски знаци
« Одговори #6 на: 27 Септември 2011, 02:09:05 am »

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8872
Одг: Значењето на некои автомобилски знаци
« Одговори #7 на: 27 Септември 2011, 08:22:51 am »
BMW tesko deka e Bayerishe

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Значењето на некои автомобилски знаци
« Одговори #8 на: 27 Септември 2011, 08:29:21 am »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: Значењето на некои автомобилски знаци
« Одговори #9 на: 27 Септември 2011, 08:34:02 am »
Дап.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Значењето на некои автомобилски знаци
« Одговори #10 на: 27 Септември 2011, 08:35:47 am »
Ubav post :)

Volkswagen ti e utnato ;)

Kako mozi da e utnato koga pola od sopstvenicite taka go znaat :)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Значењето на некои автомобилски знаци
« Одговори #11 на: 27 Септември 2011, 08:45:18 am »
Ubav post :)

Volkswagen ti e utnato ;)

Kako mozi da e utnato koga pola od sopstvenicite taka go znaat :)

Пошто е Volkswagen, не е Wolksvagen. "Volks" е народ, "wagen" е возило.

Тоа си е значењето, само првите букви му се утнати.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Значењето на некои автомобилски знаци
« Одговори #12 на: 27 Септември 2011, 08:51:07 am »
Јас лично, многу ги почитувам Hyundai поради нивната оригиналност :)



Еве интересно линкче, од аспект на логоа :)

http://www.cartype.com/pages/331/car_company_logo_rip-offs
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7244
Одг: Значењето на некои автомобилски знаци
« Одговори #13 на: 27 Септември 2011, 10:20:48 am »
Ubav post :)

Volkswagen ti e utnato ;)

Kako mozi da e utnato koga pola od sopstvenicite taka go znaat :)

Пошто е Volkswagen, не е Wolksvagen. "Volks" е народ, "wagen" е возило.

Тоа си е значењето, само првите букви му се утнати.

Не му се утнати, провокација е :) ...

A Genesis-ов ... ах бе, не е лесно да си оригинален ...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Значењето на некои автомобилски знаци
« Одговори #14 на: 27 Септември 2011, 10:39:02 am »
Јас лично, многу ги почитувам Hyundai поради нивната оригиналност :)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Еве интересно линкче, од аспект на логоа :)

http://www.cartype.com/pages/331/car_company_logo_rip-offs
Cela kompanija ja izgradija so kopiranje i kradenje. Pa za edno znakce. :)