VOLVOVolvo на латински значи "одам", додека кругот со стрелка е конвенционален знак за железо, најпознатите богатства на Шведска. Кругот симболизира штит, а пак стрелката е стрелката на Марс, кој е уште еден симбол за железо.
WOLKSVAGENПриказната за логото на Волксваген е едноставна. Тоа се состои од буквите V и W: "Wolks" значи народ и "vagen" значи автомобил.
TOYOTAЛогото на тојота се состои од три елипси кои ги претставуаат, срцето на клиентот, срцето на продуктот и срцето на технолошкиот напредок, како и неограничени можности за иднината. На јапонски "Toyo" значи изобилство, а "ta" значи ориз. Во некои Азиски култури оризот претставува богатство.
SKODAЛогото на шкода има повеќе значења, како на пример, зелената боја ја означува грижата на шкода за животната средина, употребата на еко материјали, кругот означува прецизност, визија и напредок, додека пак стрелката симболизира иновации и брзина.
RENAULTЛогото на рено во почетокот било со кружна форма, и во неа го пишело иницијалите на тројцата Рено браќа, основачи на компанијата. Во 1925г. кругот бил заменет со дијамант, па од тогаш рено почнале да го нарекуваат "дијамантски бренд" како што и ден денес некои луѓе го нарекуваат. Веднаш зад логото се наоѓала сирената, па поради тоа средината на логото била исечена, за да може звукот од сирената полесно да излегува.
PEUGEOTЛавот од логото на пежо, доаѓа од амблемот на градот Belfort, местото каде што бил произведен првиот модел на пежо.
MITSUBISHIВо 1870г. бродската компанија за превоз Tsukumo Shokai, која била претходник на mitsubishi користела, тријаголни водни растенија, како симбол на нивните бродови. Подоцна Исаки, основачот на компанијата решил да развие ново лого, при што го зел симболот на неговото семејство во вид на три еден под друг наредени дијаманти, и симболот на Тоса кланот, кој бил во вид на три дабови лисја, кои се соединувале во една заедничка точка. Резултатот бил денешното лого: три дијаманти кои се соединуваат во една заедничка точка. Во 1875г. решил да ја преименова компанијата по логото: три дијаманти или на јапонски Mitsubishi.
MERCEDES - BENZЅвездата со три ќошиња ја претставува доминацијата на Mercedes - Benz на копно, вода и воздух. Ѕвездата за прв пат се појавила во 1909 во Дајмлер.
MAZDAЛогото на мазда е дизајнирано од страна на Rei Yoshimara, творец на познатата слика за корпорациите, буквата V симболизира голем пар на крила. За мазда логото симболизира "креативност, смисла за мисија, деликатес и флексибилност како карактеристики на марката".
LAMBORGHINIЛогото на ламборџини е лесно да се опише: тоа е бесен бик. Ferruccio Lamborghini ги сакал борбите со бикови. Тоа е претставено не само на логото на неговите автомобили, туку исто така и во имињата на моделите на ламборџини на времето. Речиси сите модели носеа имиња на познати бикови, или од благородната раса на бикови.
CITROENЛогото избрано од Andre Citroen за неговите автомобили доаѓа од автомобилската индустрија, односно од првата активност на францускиот производител. Цитроен прво започнале со производство на трансмисии за трактори, па според тоа двете V букви свртени надолу, ги претставуваат "забите" од тие трансмисии.
BMWВо логото на БМВ, белиот дел претставува пропелер од авион во движење, додека пак сините делови го означуваат небото. Тоа е поради тоа што BMW(Bayerishe Motoren Werke - Factories engine of Bavaria) во почетокот изработувале мотори за Германските воени авиони, во втората светска војна.
AUDIЧетирите прстени на логото на ауди симболизира спојување на 4 компании во 1932 година: Audi, DWK, Horch и Wanderer. Името ауди што на латински значи "да се слушне!" исчеснало после војната, но во 1965 година, повторно се појавило со користење на четири прстени како негово лого.
ALFA ROMEOЦрвениот крст и змијата биле симболи на две владеачки фамилии од Милано, кои во исто време финансирале војски, за првата крстоносна војна. Потоа некаде во 15 век двете фамилии се споиле, при што го создале моќното Висконти војводство. За да го прослават тоа спојување, тогашните владители во Италија, војводите од Аустрија, дозволиле да се стави круна на главата на змија. Така тие два симболи, крстот и крунисаната змија останале симбол на градот, воедно и лого на Алфа ромео.