Одат Обама, Путин и Грујо кај Господ и Тој им вели: „Имам 2 вести за вас. Првата е дека постојам, а втората е дека светот ќе престане да постои на 1-ви јануари 2012.”
Се враќа Обама во Америка и се обраќа на нацијата: „Мои сограѓани, имам една добра и една лоша вест. Добрата е, она што велевме дека постои навистина постои. Лошата е дека ќе го уништи светот на 1-ви јануари 2012.”
Се враќа Путин во Русија и се обраќа на нацијата: „Мои сограѓани, имам 2 лоши вести. Првата е дека она што велевме дека не постои всушност постоело. Втората е, ќе го уништи светот на 1-ви јануари 2012.”
Се враќа Грујо во Македонија и право во Сител кај Латас, да се обрати на нацијата: „Драги граѓани, имам 2 ОДЛИЧНИ вести. Првата е, ме викна Господ кај него да се запознаеме, имавме кратка средба, разменивме мислења за актуелните состојби, по што одржавме прес конференција и фото сесија. Втората вест е, Господ лично ме увери дека ќе владеам до крајот на светот”.