Менување на масло на автомобил: Mажи vs. жени
Како тоа го прават жените:
- Го носат автомобилот кај автомеханичар
- Пијат кафе
- 30 минути подоцна ќе напишат чек и ќе си одат дома со променето масло во автомобилот
Трошоци:
- Замена на масло, 100 евра
- Кафе, 1 евро
Вкупно: 101 евро
Како тоа го прават мажите:
- Одиме до продавница за авто делови
- Се расправаме половина час со "неписмениот продавач"
- Купуваме масло, филтер, крем за миење на рацете и една миризлива елка (кога веќе сме тука..)
- Се враќаме дома, отвараме пиво и го пиеме
- Го подигнуваме автомобилот на дрвени подметнувачи
- Пред тоа долго ги бараме дрвените подметнувачи
- Отвараме уште едно пиво и го пиеме (од нервозата со подметувачите)
- Ставаме кофа под автомобилот за старото масло
- Бараме 17-ка клуч
- Се откажуваме од барањето на клучот и го земаме "францускиот"
- Го отвараме отворот за масло
- Се прскаме со врело масло. Пцуеме гласно
- Со уште едно пиво се опуштаме и гледаме како маслото полека течи од автомобилот
- Долго ја бараме клештата за филтер
- Се откажуваме од барањето, земаме голем штрафцигер и со него го пробиваме филтерот за масло и го отвараме
- Пиво
- Случајно доаѓа комшијата, со него го пиеме остатокот од гајбата пиво, замената на маслото ќе ја завршеме утре
- Другиот ден маслото го тргаме од под автомобилот
- Одиме во дворот и старото масло го истураме во веќе ископаната дупка
- Пиво ?!... По ѓаволите, вчера го испивме...
- Одиме во продавница и купуваме нова гајба
- Монтираме нов филтер
- Првиот литар ново масло го ставаме во моторот
- Се потсетуваме дека вентилот за испуштање масло падна во старото масло
- Ја бараме кофата со старо масло
- Се присетуваме дека старото масло е закопано
- Земаме пиво
- Ја откопуваме дупката и го бараме вентилот
- Ставаме 4 литри ново масло и го затвараме вентилот
- Ги тргаме дрвените подметнувачи
- Пиво
- Го вадиме автомобилот од гаража
- Пиво
- Пробно возење
- Нѐ застанува полиција, мораме да дуваме..
Трошоци:
- Масло, филтер..: 70 евра
- Казна за возење под дејство на алкохол: 400 евра
- Казна за навреда на полицаецот: 100 евра
- Шлеп служба: 100 евра
- Пиво: 20 евра
Вкупно: 690 евра