Автор Тема: Вицови & Смешки  (Прочитано 1179200 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1950 на: 29 Мај 2012, 19:38:55 pm »
Го гледав цртаниов на времето.

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1951 на: 29 Мај 2012, 20:20:49 pm »
‎1. Ona nije RIBA ili TREBA nego PRSATI GRADJANIN.
2. Ona nije LAKA nego je HORIZONTALNO PRISTUPACNA.
3. Ona nije GLUPACA nego je SKRENUTA SA AUTOPUTA INFORMACIJA.
4. Ona nije PRAZNOGLAVA nego je U RASKORAKU SA REALNOSCU.
5. Ona nije PIJANA nego je HEMIJSKI INTOKSINIRANA.
6. Ne kaze se ONA BI SE KRESNULA nego ONA JE SEKSUALNO FOKUSIRANA.
7. Ona nema SILIKONE nego je MEDICINSKI OBOGADJENA.
8. Ona nije KURVA nego je SEKSUALNO EKSTROVERTNA.
9. Ona nema SJAJNO DUPE nego je REKTORALNO SUPERIORNA.
10. Ona nema BRKOVE nego je u KONTAKTU SA MUSKOM PRIRODOM SVOJE OSOBNOSTI.
11. Ona ne KUVA LOSE nego je MIKROVALNO KOMPATIBILNA.

Отсутен Dekio7

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2601
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1952 на: 29 Мај 2012, 20:47:54 pm »
Во Охрид, единствениот збор кој не завршува на Т е "Тос" ;D

Отсутен BokiCactusic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3852
  • Боинг 747
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1953 на: 30 Мај 2012, 10:42:55 am »
Умрел некој студент и заминал кај Св. Павле за да знае каде ќе го пратат, дали во рајот или во пеколот. Св. Павле го пратил во пеколот бидејќи многу препишувал за време на испитите. И така студентот тргнал на кај пеколот и пред да влезе во него го сретнува ѓаволот.

Бирај каде сакаш во обичен или во студентски пекол?
Студентот, онака скурчено од студентскиот пекол, вика стави ме во обичниот. Како за белја таму секој ден по еден ѓавол го малтретирал еднаш дневно.

После месец дена, на студентот му дошло преку глава, отишол кај ѓаволот и го замолил да го префрли во студентскиот пекол. Ѓаволот му одобрил, го префрлил во некое најлошо студентско домче.

И овој така си кулира секој ден, демек учи а уствари дреме, и така си проаѓа месец дена во лежење. По месец дена се буди и гледа 30 ѓаволи како стојат над него. Ги прашува со е работава а овие му одговараат: ЈУНСКА СЕСИЈА БЕ КОПИЛЕЕ!!!!!!!!

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1954 на: 30 Мај 2012, 21:13:58 pm »
Менување на масло на автомобил: Mажи vs. жени

Како тоа го прават жените:

- Го носат автомобилот кај автомеханичар
- Пијат кафе
- 30 минути подоцна ќе напишат чек и ќе си одат дома со променето масло во автомобилот

Трошоци:
- Замена на масло, 100 евра
- Кафе, 1 евро

Вкупно: 101 евро

Како тоа го прават мажите:

- Одиме до продавница за авто делови
- Се расправаме половина час со "неписмениот продавач"
- Купуваме масло, филтер, крем за миење на рацете и една миризлива елка (кога веќе сме тука..)
- Се враќаме дома, отвараме пиво и го пиеме
- Го подигнуваме автомобилот на дрвени подметнувачи
- Пред тоа долго ги бараме дрвените подметнувачи
- Отвараме уште едно пиво и го пиеме (од нервозата со подметувачите)
- Ставаме кофа под автомобилот за старото масло
- Бараме 17-ка клуч
- Се откажуваме од барањето на клучот и го земаме "францускиот"
- Го отвараме отворот за масло
- Се прскаме со врело масло. Пцуеме гласно
- Со уште едно пиво се опуштаме и гледаме како маслото полека течи од автомобилот
- Долго ја бараме клештата за филтер
- Се откажуваме од барањето, земаме голем штрафцигер и со него го пробиваме филтерот за масло и го отвараме
- Пиво
- Случајно доаѓа комшијата, со него го пиеме остатокот од гајбата пиво, замената на маслото ќе ја завршеме утре
- Другиот ден маслото го тргаме од под автомобилот
- Одиме во дворот и старото масло го истураме во веќе ископаната дупка
- Пиво ?!... По ѓаволите, вчера го испивме...
- Одиме во продавница и купуваме нова гајба
- Монтираме нов филтер
- Првиот литар ново масло го ставаме во моторот
- Се потсетуваме дека вентилот за испуштање масло падна во старото масло
- Ја бараме кофата со старо масло
- Се присетуваме дека старото масло е закопано
- Земаме пиво
- Ја откопуваме дупката и го бараме вентилот
- Ставаме 4 литри ново масло и го затвараме вентилот
- Ги тргаме дрвените подметнувачи
- Пиво
- Го вадиме автомобилот од гаража
- Пиво
- Пробно возење
- Нѐ застанува полиција, мораме да дуваме..

Трошоци:

- Масло, филтер..: 70 евра
- Казна за возење под дејство на алкохол: 400 евра
- Казна за навреда на полицаецот: 100 евра
- Шлеп служба: 100 евра
- Пиво: 20 евра

Вкупно: 690 евра

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1955 на: 30 Мај 2012, 22:05:45 pm »
Затоа повеќе ги сакам жените (како муштерики).. ;D

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1956 на: 30 Мај 2012, 23:17:15 pm »
Брачен пар на суд се борат за старателство над својот син:

Жената: Ваше Височество, поминав 9 тешки месеци за да го донесам моето дете на овој свет. Имав тешки моменти кои ниту еден маж не може да ги почуствува. Сметам дека детето треба да остане со мене.

Судијата: Интересна изјава, што имате вие Господине да одговорите на тоа?

Мажот: Ваше Височество, ако ставите 1 долар во машина за Пепси, и од таа машина излезе Пепси, чие Пепси е тоа? Ваше или од машината?

Отсутен Dekio7

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2601
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1957 на: 31 Мај 2012, 15:01:02 pm »
Седи дедо во автобус, а до него атрактивна плавуша.
- Госпоѓо, ќе ти дадам 100 евра само да те плеснам по задникот.
Плавушата:
- Старче, што не ќе ти падне на памет! Ама кога подобро ќе размислам… Ајде!
Дедото и ја става раката под фустанчето и започнува да ја гали, гали, гали…
Плавушата:
- Ајде бре, плесни ме веќе еднаш!
- Еее, би те плеснал да имав 100 евра.



Пет века си имавме мака со турците, сега им го пуштиме Вучиќ, малце тие да видaт што е мака.


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1958 на: 31 Мај 2012, 15:08:41 pm »
Пет века си имавме мака со турците, сега им го пуштиме Вучиќ, малце тие да видaт што е мака.
Хаха, ова оди во легендарни

Отсутен Delux

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1959 на: 31 Мај 2012, 16:06:32 pm »
Кога ќе изумрат црногорците?
- кога ќе сфатат дека сексот е физички напор!

Фатил Драган Вучиќ златна рипка и оваа му рекла:
- пушти ме бе сељак еден!

Излегува Фата од салон за убавина, надвор ја пречекува Мујо и ѝ вика:
- Ако де, барем проба…

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1960 на: 31 Мај 2012, 16:12:09 pm »
Фатил Драган Вучиќ златна рипка и оваа му рекла:
- пушти ме бе сељак еден!

Аааа-хахаха, мноогу добар виц, тоест вистина.

Отсутен Dekio7

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2601
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1961 на: 31 Мај 2012, 16:14:26 pm »
ахахахаахахах го отепавме денес, ама па најјаки вицојте за него ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1962 на: 31 Мај 2012, 16:21:33 pm »
A zasto im gi secat na kucinjata vo ohrid opaskite?
za da ne im se raduvaat na turistite!


Се шетаат две џуџиња низ Охрид. Ги прашува некој:
- А, бе кои сте вие?
- Ние сме седумте џуџиња.
- Па двајца сте.
- Ам, то е. Немат љуѓе

Отсутен Delux

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1963 на: 31 Мај 2012, 16:28:05 pm »
хахахахаха лелелее за охриѓаниве исто не да имаааа :D

Отсутен Dekio7

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2601
Одг: Вицови & Смешки
« Одговори #1964 на: 31 Мај 2012, 16:33:37 pm »
Се шетаат две џуџиња низ Охрид. Ги прашува некој:
- А, бе кои сте вие?
- Ние сме седумте џуџиња.
- Па двајца сте.
- Ам, то е. Немат љуѓе

Ахахахаххаха закон!

..Охрид е еден од најбавите градови на Балканот, овде и природата и воздухот се толку чисти што дури со години никој не умрел - им раскажува туристичкиот водич на групата холандски туристи. Но само што го кажал тоа, пред нив се појавила погребна поворка....
- А што е ова? - прашал еден турист.
- Умре нашиот гробар - рекол водичот.
- Зошто?
- Како зошто...паааа... умре од глад зашто немаше работа.