Умрел еден студент и заминал во пеколот. Ѓаволот го прашал:
- Студентче, во кој пекол сакаш да одиш – во студентскиот или во обичниот?
- Подобро во обичниот.
- Отишол студентот во обичниот и генерално бил задоволен – јадење, алкохол, цигари, жени... Само секоја вечер во 21 часот доаѓал ѓаволот и им забивал по еден клинец во задникот. Трпел студентот 2-3 недели и побарал да го преселат во студентскиот пекол. И таму било исто – јадење, алкохол, цигари, млади девојки... Само ѓаволот не доаѓал навечер да им забива клинци. Поминале така неколку месеци. Една вечер кај студентот дошол ѓаволот со полна кофа клинци и рекол:
- Епа студентче, дојде сесија!